Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
24.07.2012, 19:37

Синдикатот и Владата - два лика во едно огледало

Живко Митревски е повеќе од две години во главната фотелја на Синдикатот, период во кој немало ниту еден штрајк или протест

Маја Томиќ

Македонскиот Сојуз на синдикати е специфичен по многу нешта ако не и единствен ако се спореди со европското и светското јато на синдикати и синдикални здруженија. Другите ги решаваат проблемите и ги штитат правата и интересите на работниците со масовни протести, штрајкови и разни видови притисоци врз извршната власт, која носи разни мерки и закони и е единствениот виновник за лошата економско-социјална состојба во секоја земја. А, нашиот Синдикат спроведува една друга тактика, ги штити работничките права преку интензивен дијалог со власта и смета дека е тоа најоригиналниот начин да се заштитат работничките права.

„Никогаш подобро не функционирал социјално-економскиот совет“. Оваа реченица често гордо ја изјавуваат и претставници на Владата и првиот човек на Сојузот на синдикатите, Живко Митревски, додека другите синдикалци од пониски нивоа мудро молчат и никој не знае што мислат за социјално- економска политика во државата. Така, што посакала Владата до сега, тоа и го остварила во законската сфера. Синдикатите или ја поддржуваат или се воздржуваат од коментари. Реакции и несогласувања - нема. Митревски јавно вели дека социјалниот дијалог е вистинскиот начин за решавање на проблемите затоа што така „превентивно“ се спречувале социјалните конфликти.

Тоа неодамна го посочи во интервју за „Радио слободна Европа“, додавајќи дека Синдикатот прв пат покажал дека преку дијалог со Владата и конкретни активности, кампањи, предлог мерки и слично може да се реализираат конкретни резултати. Тој, всушност, сака да каже дека е дојдено едно ново време во македонскиот синдикализам на што треба сите да се привикнуваме. Значи во фокусот на постапките на Синдикатот е со Владата да се води разумен дијалог и да се избегнуваат социјални немири. Таквиот однос секако и' оди во прилог на власта, која успеа со Митревски да купи социјален мир во државата. Но, не е разбирливо како може истото тоа да му оди во прилог на Синдикатот, кој како да заборави дека неговата суштинска улога не е да биде партнер, туку ривал со власта. Секако не по секоја цена и не секогаш, туку тогаш кога е потребно. А, во Македонија е потребно сега, повеќе од кога и да е.

Владата постојано менува закони од социјалната сфера на штета на работниците со што се кратат нивните права, поради кризата има отпуштања, загубарите чекаат со месеци на плата, реалните примања се околу 200 евра и тешко кој може да преживее со нив, цените постојано одат угоре, стандардот е под секое пристојно ниво на живот, на работа се чека по осум и повеќе години, нема странски инвестиции, платите доцнат кај добар дел од вработените, стапката на сиромаштијата е 30 отсто, невработеноста приближно толку и е највисока во Европа... Во ваква ситуација Синдикатот цени дека не е се' така лошо како што изгледа. Митревски вели: „Мора да се менува сликата дека Синдикатот секогаш мора, и да е добро, да изјавува дека не е добро. Не е толку лошо како што се прикажува. Ако била таква состојбата каква што се прикажува или некој се обидува да ја прикаже, сигурно немаше да има ваков социјален мир или еден таков баланс меѓу интересите на трудот и на капиталот“, посочува Митревски во истото интервју.

Одличниот социјален дијалог и високиот респект меѓу Синдикатот и Владата било основната причина што кај нас, за разлика од другите европски земји, нема масовни протести и е спречен силниот бран на кризата. „Не дозволивме многу значајни сегменти да бидат под удар на кризата што е резултат на еден добро искреиран социјален дијалог“, вели Митревски, човекот кој повеќе од две години е во главната фотелја на Синдикатот, а за кое време немало ниту еден штрајк или протест, па дури ни за 1 Мај, ни една прес-конференција на економско-социјална тема или отворена реакција кон власта. Го снема гласот на Синдикатот, кој треба, всушност, да е гласот на работниците.

Овој македонски „рецепт“ можеби може да им се продаде на европските земји, кои во моментов мака мачат како да се спасат од економската криза и чии граѓани секој ден протестираат и штрајкуваат пред институциите и владите. Нивните синдикатите не успеале да обезбедат социјален мир преку дијалог со власта.


Статијата е прочитана 805 пати.

Испрати коментар



Време е за „Охридско лето“
Филе
Официјални разговори со Нимиц во неофицијален амбиент
Пожарот во Струмица усмрти двајца браќа
Лекарски вработувања
Скопје под посебен безбедносен режим
Големо апсење на поранешни соработници на Љубе Бошкоски
„Злетовица“ ќе наводнува и ќе произведува струја
СДСМ не го менува тимот што победува



Branko, 25.07.2012 06:52:09
NE E TOLKU LOSO KAKO STO SE PRIKAZUVA. Kaj zivees ti bre coveku. Izgleda Blagorodna Dulic ti e mentor. Istata, ednas na novinarsko prasanje, sto ke kaze za siromastijata i pokacuvanjeto na cenite, odgovori deka ne gi osekja. Pa normalno nema da gi osekja koga cica od site strani, sinot si ima biznis i pravi dalaveri....
ѓорѓи кастриот, 25.07.2012 08:29:19
Навистина состојбата е таква како што се опишува во написот. Апла се гледа дека има поврзаност и комплот меѓу влата и синдикатот. Владата цело време се вади и оправдува дека била светска криза и не сака да признае дека вината е во нејзината неспособност и јаловост да ги решава прашањата, да ја подобрува структурата на економијата, како и да ја поттикнува стопанската активност, наместо да гради споменици.
od ostrijot, 25.07.2012 09:53:43
znaci gruevizacijata i sindikatot go progolta.
Gjergj Kastrioti-Skenderbeu, 25.07.2012 10:45:35
Se prashuvam pa koga sme imale nie sindikat? -Sindikalno organiziranje ima vo evropa kade shto ima zoshto oti imaat losh standard prosecna plata nad 12o.ooo iljadi denari nashi,nie sme PREZHIVARI nishto nishto nishto nishto ne ni trebaaaaaaa.
ФЕЛИКС, 25.07.2012 11:44:05
Некаде во 90-тите кога се правеше перверзно законската приватизација имавме три лика во едно огледало.Едниот лик оцерен од уши до уши како задоволно трие раце оти со ништо вложено се станува газда на фабрика,фирма и сл.вториот лик синдикален заинѕересирано гледа на лево и си говори,,така треба а за другите па не се твој роднини да им го береш гајлето,,,.Третиот лик успаничен,плачлив и крајно вознемирен зборува,,абе што не снајде,останавме без работа и без она со децении градено.абе го зедоа оние кој не убедуваа да имотот е на работниците,,.Е сега креаторите на сето ова велат ,,види богати,власта и синдикатот заедно,,.Нам ништо не ни останува кога ќе дојде деноt D пенкалото во рака и повторно казна за лицемерите душегрижнички.
Feliks 3, 25.07.2012 12:03:51
Prv pat slushnav za chovekot onajden koga SDSM go prozva. Toa zbori se za nego i negovata aktivnost. Popat, dodeka rabotnicite padjaat vo nesvest za 100 evra plata, toj veli deka ne e losho. Aman bre! Navistina i Feliks da mu zavidi na objektivnosta i patriotizmot.
Od nas, 25.07.2012 12:45:35
Covekot si e navistina Katastrofa. Koja vlast da dojde, takva kapa menuva!!! A sto mislite, kako inaku ke se zadrzi tolku godini pretsedatel na sindikatot?
mile, 25.07.2012 12:57:48
Синдикатот и Владата кај нас ти доађа како Ћира и Мара.................
ivan, 25.07.2012 13:54:49
kakov strajk dali se gleda neraspolozenieto kaj rajata koga sultanot propadnal vo mekata udobna fotelja

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  


Site Meter


Време
Скопје, 31°C

Делумно облачно

Петок
Ведро
Макс: 33°C, Мин: 17°C

Сабота
Сончево
Макс: 36°C, Мин: 18°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
ОДБРОЈУВАЊЕ ДО ОЛИМПИЈАДА
Вечерва почнуваат Олимписките игри во Лондон...
Денот на отворањето почна со ѕвонење на илјадници ѕвона
Први се огласија големите ѕвона на кулата часовник Биг Бен, покрај зградата на британскиот Парламент и брегот на Темза, ...
Усеин Болт посакува четири олимписки злата
Олимпискиот шампион и светски рекордер во спринтерските дисциплини на 100 и 200 метри, покрај „своите“ дисциплини, ќе тр...
Свеченото отворање ќе ги засени големите пропусти!
Камерон: Олимпијадата е најголемата безбедносна операција во мирно време
Торп во Лондон како коментатор
Грчка олимпијка расно навредувала на „Твитер“

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Пол��тика | Македонија | Економија | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |