Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
24.07.2012, 19:38

Лекарски вработувања: не е важно дали те бидува, туку дали имаш врски

На конкурсот на Градската клиника во Скопје ќе бидат примени лекари со слаб успех, а ќе отпаднат најуспешните

Јасмина Јовановска

Дали лекарите во македонските болници и клиники се вработуваат според успех, по партиски клуч или роднински врски. Оваа дилема се наметнува во јавноста особено по најновите реакции за конкурсот за девет нови вработувања во Градската хируршка клиника „Св. Наум Охридски“ во Скопје, или бивша градска болница. Кандидати кои конкурирале за работа во оваа болница, се жалат дека на конкурсот ќе бидат примени лекари кои биле со слаб успех, а ќе отпаднат најуспешните лекари кои освен со висок просек на оценки од факултет, најдобро ги минале тестовите за странски јазик и за стручност, а кои Министерството за здравство ги постави за да ги изберат најдобрите лекари.

Меѓу нововработените лекари, како што неофицијално дознаваме, ќе биде внука на скопскиот градоначалник, која била на трето место на ранг листата според успех, како и син на лекарката која се грижи за здравјето на сопругата на еден висок функционер од Владата, кој според резулатите од тестовите го освоил 13-тото место.

„Иако, сум втора на ранг листата со 81 поени не сум примена на работа. Но, затоа се вработени лекари кои се на 11,13, 15, 19 и 21 место на ранг листата и тоа со далеку послаб успех. Примени се лекари со 70 поени, со 69, со 64 поени, што е за 10 поени помалку пд мојот успех“, разочарано вели Билјана Андоновска, која нема објаснување зошто отпаднала од списокот на девет лекари кои ќе се вработат во оваа клиника.

Оваа лекарка ќе остане без работа, и покрај тоа што со сопствени средства учела да стане специјалист хирург. Оштетената лекарка е ќерка на Добрила Андоновска, познат пластичен хирург која работи во оваа клиника.

На работа во оваа клиника не е примен ниту прворангираниот лекар. Но, тој како најдобро рангираниот доктор на конкурсот за вработувања во јавните здравствени установи, ќе работи во кабинетот на министерот за здравство Никола Тодоров. „Во мојот кабинет имаше доктори од делот на јавното здравје, но немаше лекари кои што можат да ми помогнат од аспект на медицината – и тоа беше мојата намера. Намерата беше да се прати една таква порака дека најдобрите треба да бидат максимално искористени“, изјави неодамна министерот Тодоров, на прашањето зошто во кабинетот вработил лекар асистент.

„Списокот за вработување на нови лекари не е конечен, иако е готова ранг-листата според успехот на кандидатите. За вторангираниот лекар, иако има добар успех се' уште е дилема бидејќи, ако и таа се вработи, на клиника ќе бидат четворица вработени од исто семејство“, кратко ни изјави директорот на Градската хируршка клиника „Св. Наум Охридски“, д-р Јасмина Чабуковска, која не сакаше повеќе да коментира зошто беше ангажирана околу повредените лица од пожарот во Струмичко.Слични реакции за нерегуларности во вработувања во болниците имаше и за битолската болница. Родители се жалат дека нивните деца, иако освоиле високи поени и биле на трето место на ранг листата, работа добиле кандидати кои биле на 28 и 33 место на листата. И за овој конкурс се зборуваше дека се примени деца кои се блиски на локални моќници.

Од Министерството за здравство не ни одговорија како може да се вработуваат лекари со послаб успех, а на работа да не се примаат солидни лекари, кога тоа е и беше и намерата на конкурсот. Министерството се прогласи за ненадлежно за изборот на кандидати. „Министерството е надлежно за организацијата на системот и законско воспоставување на процедурите за вработување. Додека конкурсите и постапката за вработување ги спроведуваат самите здравствени установи и како единствен услов за вработување биле квалитетот и знаењето на кандидатот“, велат од Министерството за здравство.


Статијата е прочитана 1022 пати.

Испрати коментар



Време е за „Охридско лето“
Филе
Официјални разговори со Нимиц во неофицијален амбиент
Пожарот во Струмица усмрти двајца браќа
Синдикатот и Владата - два лика во едно огледало
Скопје под посебен безбедносен режим
Големо апсење на поранешни соработници на Љубе Бошкоски
„Злетовица“ ќе наводнува и ќе произведува струја
СДСМ не го менува тимот што победува



Lekar od Perth, 25.07.2012 05:00:21
Citam i nemozam da poveruvam ljudskata beda kolkava moze da bide.Kakvo zdravstvo Vie protagirate i kavov strucen kadar spremate.Da se zasramat site koi se upletkani vo priemot na mladi lekari.Ovdeka lekarot so samoto diplomiranje i staziranje dobiva ponudi od klinikite da odi i da raboti kaj niv.Mladiot lekar ne bara prijateli i vrski, toj nudi rabotna sila za dezurstva, saboti i nedeli i ko kali zanaetot.Da pomaga na ljugjeto.Koj Vi dozvolil i kakvo e toa samovolie da najdobrite studenti bidat degradirani za smetka na prijateli vrski i partiska opredelba.Zdravjeto e doblest na sekoj covek, a doktorot, lekarot e sveta rabota.Sramota za site nepravdi koi im gi pravite na mladite zavrseni doktori. Deca zboruvate jazici, aplicirajte po svetot sekoj ke Ve zeme bidejki netreba da vlozuva vo Vas dobiva gotov proizvod i ostavete gi tie partiski zatrueni i zacmaeni glavi da ziveat, sami a ke dojdat kaj Vas na lecenje vo nekoja druga drzava. Premiere si ja gubide mladinata, si zaminuva od doma
Ајван Доктор®, 25.07.2012 07:51:31
Дека се работи за кавернозни главички,преполни со глупости,докажува и небулозата дека најдобро рангираниот лекар ќе работи во Министерството за здравство,затоа што Тодоров „досега немал лекар кој ќе му помогне од аспект на медицината“,за да лекарот биде најмаксимално искористен!(?!)Од кога тоа лекарите најдобро се искористуваат со политика и седење во канцеларија,наместо да му се пружи шанса да ја докаже својата стручна оспособеност преку работа во болница?Патем за прашања од областа на медицината,министерот,има неколку десетици врвни професори и доктори на медицината,но изгледа тој не трпи поинакво мислење и контрирање!Здравството и понатаму неповратно тоне,а тие тоа го претставуваат како„реформско цутење“!Кога ќе одам на лекар ќе треба да се прекрстам пред да влезам на преглед и да го помолам господ да не ми се падне некое партиско портокалово војниче „преполно со знаење“!За да преживеам на операционен стол,ќе треба да му се молам со месеци пред тоа!Можеби ќе ги услиша моите молитви!
Лекар, 25.07.2012 10:17:43
И не само во Скопје, туку и во Прилеп ниту еден од првите тројца не е примен. Во Битола кандидатот што беше реден број 2 исто така не е вработен. Изгледа си мислат дека ни е досадно како на нив, па ни воведоја тестови, за летото да ни биде интересно. Пропадаја во вода изјавите на министерот дека сега на овие конкурси ќе се вработат најквалитетните. И на крај не бил важен просекот, не биле важни тестирањата, важен бил зборот на локалните моќници во општинските комитети. Сега се прашувам каде во сето ова е ЛКМ, зошто молчи и до кога ќе дозволува да бидат понижувани и малтретирани лекарите? Дали таа ги штити правата и интересите на лекарите или на политичарите? Здравството е еден од четирите столобови на една држава и вистинскиот Македонец нема никогаш да дозволи некој си свесно пред очите на јавноста да го уништува здравството.
ce-de, 25.07.2012 11:19:03
Seto ova sto se slucuva vo vrska so priemot na lekarite,ne e nisto novo i nevoobicaeno za ovie prostori.Taka bese vo SFRJ a denes e uste poloso,vprocem prikaskata za vrski i poznanstvo zapocnuva uste od prvoto oddelenie vo osmoletkata i trae se do zavrsuvanjeto na fakultetot.Posocete mi nekoja druga zemja vo svetot kade sto skoro site ucenici se odlicni,a na fakultetite vrie od super studenti so prosecni ocenki 9,5 ili poveke.Vo takva konstelacija na odnosi ne pomagaat nikakvi rang listi ili testovi bidejki skoro site sto imaat vrski imaat i golemi prosecni ocenki,plus zad site tie kandidati stojat silni mentori i se razbira tuka nema teorija da uspee nekoj von toj krug.Najzalno e sto najgolema steta od seto ova trpat vistinskite talenti koi navistina gi zasluzile svoite visoki ocenki a ne im se dava prilika da se dokazat.Ako na seto ova se dodade katastrofalniot los kvalitet na nasite fakulteti, tuka bi gi spomenal medicinskite fakulteti,posebno onie vo Stip i Tetovo,se e jasno.!!
сузе, 25.07.2012 11:53:47
ТОДОРОВ И СЕ Е МОЖНО!
mitre, 25.07.2012 15:03:12
Не е до ѕнаењето.......до ЛАВЧЕТО е !! како што ѕнаете, ВМРОвците реѕултатите ги толкуваат АВТЕНТИЧНО......... по ВМРОвски..........
Dr. Dobrila Andonovska, 25.07.2012 16:41:46
Ne e tocna izjavata na direktorkata Dr. Cabukovska deka vo Klinikata rabotat tri clena od moeto potesno semejstvo, tuku raboti mojot brat kako administrativen rabotnik i negovata kerka, znaci nivnoto semejstvo. Ova e tradicija vo bolnicata kade vo minatoto i sega rabotat deca na vraboteni lekari ili drug personal. Vo poslednata godina se vraboteni so dogovor za delo okolu 50 luge koi se vo rodninski vrski so veke vraboten personal, a minatiot konkurs se vraboti rentgen tehnolog cii dva roditeli rabotat na Klinikata. Bidejki mojot soprug raboti kako oftalmolog vo 8-mi septemvri, dali toa znaci deka takov mlad, kvaliteten i fakticki prvorangiran kandidat (bidejki prviot e vraboten vo Kabinetot na Ministerot), kako mojata kerka Dr. Biljana Andonovska ne treba da bide vrabotena vo dvete ustanovi? Menadzerite treba da imaat elementarni poznavanja od Zakonot za rabotni odnosi Ii Zakonot za Antidiskriminacija, kade se zabranuva sekakva diskriminacija.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  


Site Meter


Време
Скопје, 31°C

Делумно облачно

Петок
Ведро
Макс: 33°C, Мин: 17°C

Сабота
Сончево
Макс: 36°C, Мин: 18°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
ОДБРОЈУВАЊЕ ДО ОЛИМПИЈАДА
Вечерва почнуваат Олимписките игри во Лондон...
Денот на отворањето почна со ѕвонење на илјадници ѕвона
Први се огласија големите ѕвона на кулата часовник Биг Бен, покрај зградата на британскиот Парламент и брегот на Темза, ...
Усеин Болт посакува четири олимписки злата
Олимпискиот шампион и светски рекордер во спринтерските дисциплини на 100 и 200 метри, покрај „своите“ дисциплини, ќе тр...
Свеченото отворање ќе ги засени големите пропусти!
Камерон: Олимпијадата е најголемата безбедносна операција во мирно време
Торп во Лондон како коментатор
Грчка олимпијка расно навредувала на „Твитер“

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |