25.07.2012, 19:22 Поглед
Правила, што беше тоа?
Јасмина Јовановска
Во државните болници и клиники е во тек постапката за вработување на 200 лекари. Тие треба да го пополнат недостигот на стручен кадар, проблем што посебно се потенцира во државното здравство, откако од него си замина армија лекари во приватни болници или во пензија. За да се задржи нивото на стручноста на македонските болници, Владата реши испразнетите работни места да ги пополни со најдобрите млади лекари во државата. Министерството за здравство, дури, воведе и тестови за да провери колку кандидатите ја познаваат медицината и англискиот јазик. Со нив, како што беше речено, селекцијата ќе биде поправедна и ќе означи крај на вработувања по роднинска линија или по партиски клуч.
Но, очигледно дека тестовите за знаење, паднаа на првиот испит. Еден куп реакции од оштетените кандидати говорат дека ни тестовите не помогнаа да се отстранат сомневањата за партиски и со врски вработувања што со години ја носи здравството. Работа не добиваат најдобрите лекари, туку оние што имаат врски.
И ако до вчера само се зборуваше за тоа дека се „наместени“ вработувањата во здравството, сега и покрај тоа што има транспарентност, повторно се вработуваат деца на функционери, локални моќници. Некој ќе рече дека тоа го има отсекогаш и не само во здравството. Но тогаш, зошто мораа лекарите да полагаат испити. Или тие беа се само параван за јавноста.
Министерството за здравство, како и досега, ги игнорира реакциите за последниот конкурс за вработување. За него сите вработувања се регуларни и според критериумите. Ако е така, како може лекар со најдобар успех, да не се вработи, и местото да му го земе лекар што е со помало знаење. Или, секој може да постави критериуми кога е друг во прашање, а самиот не се придржува кон правилата. |
|
Статијата е прочитана 1203 пати.
|
Испрати коментар
|
|
Itar Pejo, 26.07.2012 00:04:37 | Pa neli site primeni se clenovi na VMRO? Neli clenovite na VMRO se najkompetentni! Kade ima tuka problem? Jasno e: sdsmovcite i zaviduvaat na ovaa vlada koja sto gradi pa se kritikuvaat! Felix toa podobro ce vi go objasni vo negoviot komentar. |
| Др. Добрила Андоновска, 26.07.2012 01:02:52 | Не само што не се почитуваат правилата, туку не се почитуваат и законите - Закон за работни односи, Закон за здравствена заштита и Закон за антидискриминација.
Поради тоа, сите кои при овие вработувања се оштетени поради кршење на некои членови од овие закони, треба да дадат приговор до Државната комисија за одлучување во управна постапка од работен однос во втор степен. Ако не се задоволни од одлуката се оди на Основен суд 2 и понатаму. |
| Marija, 26.07.2012 06:27:45 | Ovie se zlostornici koi unistuvaat covecki zivoti. Da se primi kandidat koj bil na rang lista pod broj 33 a ne od prvite 10 - navistina e ZLOSTVORSTVO. |
| ФЕЛИКС, 26.07.2012 07:03:26 | Позната е формулацијата на опозиционерите да невработените кој имаат партиска книшка од партијата на власт всушност и не се невработени:невработени се само оние кој имаат партиско-Шатевска книшка.Па така овие последниве секаде се незадоволни сем нормално таму каде што практикуваа локална власт.Е таму другата страна според искажувањето не може да помириса вработување било каде оти според струмичкиот градоначалник,,нормално и потребно е да се вработуваат наши кадри,,.Плус им влева огромна доза на оптимизам да ,,кога некогаш ќе ја освоиме власта ќе бркаме нивни ќе вработуваме наши,,.Па така испадна да лекарите со опозициски предзнак да ти биле најспособни ама ете беља,нивните не се на власт,па неможат да се вработат.Како и да е и двете политички опции имаат изместен критериум за вработување на штета на неопределените стручни кадри.Е вака Пејко ако има кураж и доблест треба да ги гледа работите и своите и другите да ги критикува околу вработувањето по партиска линија. |
| Hari, 26.07.2012 08:40:26 | Koja komisija, koj sud? Sudot na dpmne Dobrila???
Vasata kerka bese odlicen student na Medicinski fakultet no edinstvena pricina zosto ne e vrabotena e deka vie ste kako miluvaat da kazat komunjarka sto treba da vi bide CEST. |
| od ostrijot, 26.07.2012 08:54:34 | da zakonite se menuvat samo na hartija a pravilata ostanuvat isti. |
| Komunjar, 26.07.2012 12:04:31 | I Marshalot se zaleshe na vrskite, ama ova so DPMNE gi nadmina site i ja zbrisha seta pristojnost. Feliks se pravi ne udren, pa ne kazuva deka onie nevraboteni so knishki na DPMNE i DUI sedat doma, klatat vrata i primat administrativna (golema) plata. Koga i kade go toa imalo? Inache, shto se odnesuva do komisijata, i ne samo ovaa, pokojniot predsedatel na SKJ, izvonredniot profesor Stipe Shuvar, pri eden predlog za formiranje komisija za reshavanje na nekoj problem reche: Ako sakash nekoj problem da ne se reshi - formiraj komisija! Se e kazano. Pozdrav do *komunjarkata*! |
| baltazar, 26.07.2012 12:39:23 | Ocekuvana politicka reakcija na dr.Dobrila Andonovska,vrven plasticen hirurg no i clen na najvisokoto rakovodstvo na SDSM.Ova e za Hari ako ne znae,sega dozna. |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 23°C
Делумно облачно
|
Сабота
Сончево
Макс: 36°C, Мин: 18°C
|
Недела
Сончево
Макс: 38°C, Мин: 24°C
|
|
|
|
|
|