Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Коментари
24.07.2012, 18:46

Мислења

Црквата и власта

Нано Ружин

Четири петтини од светската популација низ историјата во еден или друг момент покажала идолопоклонство кон некој автократ

Стамат Калпазански од Жедилово (Кривопаланечко) бил голем верник уште од времето на комунизмот.Го нарекуваа "крстоносец" бидејки при секој закоп во селото го носел крстот на починатиот. По завршувањето на воениот рок во Свилајнац се вратил како одраснат човек. Ја презирал ЈНА каде му биле повредени верските чувства. Кога одраснал во неделите го облекувал темниот костум и редовно одел на црква и на селските гробишта да запали свеќа за предците. Беше член на црковниот совет и ги почитуваше сите верски закони и обичаи. Го славеше Св.Никола, даваше курбани, пари, зејтин, везови и килими, постеше, учествуваше на сите закопи и верски процесии, се крстеше секаде каде ќе видеше крст, манастир или црква. Кога умре татко му Сомун, не се бричеше четириесет дена, не гледаше ниту телевизија ниту слушаше радио. Носеше црн флор, црна машна и црна кошула и по сонце и по дожд. Истото се случи кога почина и неговата сопруга Елефтерија. Беше вреден земјоделец и шумар. Живееше од тоа што чесно ќе го изработеше со многу труд и пот. Мудро ќе кажеше некоја мисла од Евангелието и ќе се прекрстеше. "Господ е голем и прости ми боже" - повторуваше по секое пријатно изненадување, тежок настан, дневен оброк или неочекуван епилог. "Христос е мојот Господар" - му се исповедаше на селскиот поп Стојан. Во селото го сметаа за повлечен чудак и мистик и не се дружеше со партиските моќници.

Кога Македонија се осамостои, душата му се разблажи. Ги виде оние кои до вчера се крстеле во партијата и комунизмот како масовно почнаа да се крстат во Господ и да одат во црква. "Господ е посилен и од Маркс и од Ленин и од Сталин", се потсети на зборовите на деда му Апостол. Партиските челници се' почесто го повикуваа на чашка ракија, кафе или дружба.Го почитуваше православието, словенското потекло, Светите браќа Кирил и Методиј , Св.Климент и Наум. Беше горд на Охридската архиепископија и на македонскиот православен идентитет.

Беше лут на Српската православна црква што не ја признава МПЦ иако баба му Сутка потекнуваше од Пирот. Во 1998 година се израдува кога Љубчо и Снешка целосно ја поддржаа и зајакнаа МПЦ. Единствено не му се допаѓаше раскошот и скапите џипови на црковните веледостојници. Беше фасциниран што сите политичари по ред од лево кон десно на чело со Претседателот на државата му доаѓаа на колена на Неговото правосвештенство и се крстеа во духовниот храм. Дури и телевизијата директно ги пренесуваше молитвите на свештениците и блажените фаци на политичарите. "Христијанството ги обедини - Боже ти си најголем" - си велеше во себе Стамат, иако и натаму не ги почитуваше политичарите. Тој ги презираше мрзеливите и гурманите. На фреските не може да се забележи ниту еден дебел светец. А нашиве политичари и директори и нивните големи стомаци сведочат за нивната себичност и лакомост. Тие се таму од интерес и заради гласачите, а не дека искрено веруваат. За политика не зборуваше се' додека брат му Џон Калпазан печалбарот не дојде на одмор од Перт (Австралија). На средбата на иселениците со Неговото Правосвештенство Господин Господин и со Премиерот се заколнале во светото име македонско кое никогаш нема да го дадат.

Стамат беше сомничав кон дружбите на политичарите и црковните великодостојници. Можеби се некои нови времиња што не ги разбирам ама никако не можам да го сфатам раскошот на оние кои ја прочитале Библијата и знаат каков е испосничкиот дух на Исус Христос. Го збунуваше и дружењето со хунзите-пагани и со некои нови корења кои ги потиснаа историските вредности и наследства на македонскиот народ. Беше трауматизиран од претераната хеленизација на Македонија. Прадедо му го убиле егзарсите, а овие се китат со нивното перје. Почна критички да размислува и за поставеноста на МПЦ. Дури помислуваше на некои промени слични на идеите на Мартин Лутер и Жан Калвин.Неопходни се внатрешни реформи на црквата и расчистување со корупираниот црковен сталеж.

Брат му Џон повеќе бил фасциниран од мешањето на МПЦ во политиката, бидејќи во Австралија религијата никогаш не се мешала во политиката ниту им давала поддршка на партиите. Му се допаднало кога Светиот архиерејски синод на МПЦ и дал поддршка на владата да истрае во борбата со јужниот сосед и застанал во одбраната на јазичниот и националниот идентитет. Сепак Стамат не издржал а да не го праша брата си зошто тој го сменил името од Јован Калпазански во Џон Калпазан? Е тоа е за да те примат во Австралија. Го сменив името, ама си останав истиот. Е па тогаш и нас за да не' примат во Европа бараат да го мениме името, а ни велат дека пак ќе си останеме истите. Ама тука брате Јоване поинаку размислуваш. Ти отиде во Перт, го смени името, не го изгуби идентитетот и се збогати. Сега велиш да не го менуваме името ама тебе ти е убаво таму и лесно е од Перт да се бориш за македонштината. Нам ни е тука тешко.Сите соседи, Бугари, Црногорци, Хрвати, Албанци не' надминаа иако бевме далеку пред нив. Нам ни наметнуваат промена на името, а потоа влез во Европа. Но засега нема јунак да пресече и се чувствуваме како ти пред да го добиеш твојот пасош со новото име.

Затоа политичариве ги сметам за лажговци и манипулатори, нека ми прости Господ. Само ветуваат. Глумат големи бранители на името, големи верници и православци но не заради убедување туку заради гласачите.Тие ќе направат се' само да ги обожаваме и да гласаме за нив.

Нема сомнение дека разочараноста на Стамат се должи на манипулацијата на демагозите која е повторно во мода. Меѓутоа денешниве демагози се продукт на информатичкото општество каде основен принцип е да ви се допаднат.При тоа секој човек е метата на нивниот шарм.Четири петини од светската популација низ историјата во еден или друг момент покажала идеопоклонство кон некој автократ. Националисти, популисти, социјалисти, фашисти, диктатори се претставувале за водачи на народите и ја ширеле нивната утопија. Дали се тоа монструми?Не, никако тоа се шармери и освојувачи на народот и на неговите чувства било да се религиозни, патриотски, емотивни, романтичарски, политички..

Постојат три вида класични демагози, три стила кои припаѓаат на уметноста на политичкото шармирање. Тоа се три начини на осмислување на реториката потпомогната од страна на колективната имагинација, пренасочувајки ги религиозните супстрати. Сталин играше со православната култура на Советската империја, Мусолини со Римокатолицизмот на Италија, а Хитлер со Реформаторскиот лутеранизам на Германија. Дваесеттиот век кој за многумина заврши во 1989 година беше век на интегрални идеологии и религиозни симулации од страна на политиката. И денес препознаваме некој од нивните ученици. Во Македонија е јасно дека власта ја користи позицијата на МПЦ за сопствени политички цели а љубовта е целосно возвратена од страна на Синодот на МПЦ. Меѓутоа некои уставни и канонски принципи кои не сакаше да ги видат ниту МПЦ, ниту ДПМНЕ, ниту интелектуалците на чело со МАНУ, се грубо нарушени.Од лаицизмот кој е уставна категорија , преку паганизмот и православието кои се религиозни категории до претераниот хеленизам и верската манипулација, ДПМНЕ и МПЦ, свесно или несвесно му зададоа сериозни удари на македонското православие и на нашето историско словенско минато од св.Кирил и Методиј, св.Климент и св.Наум, наваму. Затоа и Стамат Калпазански е со право лут.

(Авторот е универзитетски професор и член на ЛДП)

Наш став



Објавувањето колумни и мислења од надворешни автори е одраз на намерата на „Утрински весник“ да биде влијателен глас на заедницата. Но, напоменуваме дека не се согласуваме секогаш со ставовите што ги изнесуваат нашите колумнисти, особено кога станува збор за лични дисквалификации, етикетирања без основа и извртување на контексти со цел да се наштети на други личности од која било сфера. „Утрински весник“ се оградува од таквиот речник и конотации и ги смета за непримерни во јавната комуникација.


Статијата е прочитана 1454 пати.

Испрати коментар



Ние, компаниите и странците
Шпекулантски меури без пазари



toni, 25.07.2012 00:33:25
Dodeka vo Makedonija (i po 20 god. od padot komunistickata zavesaza) seuste ima verski zatvorenici, a toa e Jovan Vraniskovski, ne bi trebalo da se zboruva, deka kaj nas ima demokratija ili crkva. Toa vsusnost go nema! I za ednoto i za drugoto ako se kaze deka postoi ke se izlaze. Za zal ni prethodnite garnituri na vlast, a ni ovaa, koja e i najbrutalna vo odnesuvanjeto, ne se sposobni vo vistinska smisla da se soocat so ovie fenomeni, nitu da gi praktikuvaat kako sto e redot nasekade vo sovremeniot svet.
jovan, 25.07.2012 00:55:02
Tekstov e napisan kako prikaska, a vo sekoja prikaska ima i nekakva poraka koja sekoj ja svaka na svoj nacin. Jas ke kazam nesto sto mozebi mnogumina i nema da razberat sto kazuvam. Site Makedonci ne se Kalpazani. Onie kako Kalpazanot od Avstralija ke si ostanat Kalpezani za sekogas, a onie so obraz ke si ostanat Makedonci za sekogas. I vo Tursko imalo Makedonci koj ne mozele da gi izdrzat pritisocite pa si promenile i iminja i vera, a nekoj toa go napravile i za pari(kako Kalpezanot vo Avstralija), no onie so obraz ostanale na svoeto. Ne im bilo lesno da ajdukuvaat po planinite i da ginat, no izdrzale i opstanale. Blagodarenie na takvite, denes nie postoime.
USA, 25.07.2012 03:54:14
Nikoj drug, tuku Ban Ki Mun vi ja BANIRASE filozofijata za promena na imeto. Pazi molim te!!! Imeto da ti bilo univerzalno i neprikosnoveno pravo na samoidentifikacija!!!! Ke dojde li den koga poedinci ke go razberat toa???
Ангеле Л. Вретоски, 25.07.2012 05:28:04
До професорот по словено\славјанистика Нано Ружин. Знаете убаво да пишувате и да го ставате на педистол Словенството и Православието, затоа би ве замолил во еден од идните броеви да посветите статија за сите добри работи кои ги имаат направено народите кои се нарекуваат потомци на Словените (оставете гo настрана народот од Република Словенија). Исто така напишете и за сите добри работи направени од православните народи и нивните Црковни водачи за доброто на Македонскиот народ, Македонската Црква или за Македонската држава.
maritin, 25.07.2012 10:28:49
Ovoj Nano e momak za sve...on vo sve se razbira od NATO ekspert do Crkoven ekspert, a vo meguvreme e t.n. profesor, ambasador, politichar, ogovoarach, biznismen i sto ushte ne....teshko nashata drzava so vakvi luge...gospod da ni e napomosh!!
ФЕЛИКС, 25.07.2012 12:00:31
Како и во секоја прикаска пишува Јован имало наравоучение ама кога прикаската ќе се раскаже целосно.Па така врти-сучи преку примерот Јован-Џон да ти било ништо неменливо сем бројот на буквите во името.Наравоучение да го смениме името и ништо нема да се случи,ќе бидеме богати како Џон.Но нараторот заборави приказната да ја дополни со примерот на еден благонадежник кој сака да преселува народи и да разменува територии,и исто така го сака Џон т.е оној Јован.И тој заговара да сето ова е полезно и со богат хепиенд.Заборави исто така да ,,лошиот дух од соседството,, ни порачува,,ај со мене ама без Македонизми, инаку портите од ,,рајот,, ви се затворени за вјеки вјеков,,Има уште нараторски дополненија,но оставам на другите коментатори тоа да го направат.
Keraunos, 25.07.2012 16:04:45
Dopisot e i dobar i poucen, za kogo kako i kolku go razbral.Se razb ira sekoj ke ja dovrsi prikaskata na svoj ncin iaki taa e zavrsena i so jasnaporaka. Im se obracam na religioznite bez namera da gi navre dam da mi ob jasnat kade ima uste edna drzava vo koja crkvata me sa prsti vo politikata i koja zedno so vlasta e vlezena vo inkriminirani dejanija???Da se razbereme, ja pocituvam opredelbata i izborpt na bogoobozuvanjeto no, ne se slagam so nivnite komentari i osuda na onie koi po svojizbor veruvaat vo nesto drugo, a toa ne e e Bog.Na primer,sega,vo RM ima 4-5 stotini iljadi veruvaci na eden covek koj ima vidni znaci na izvesno psiholosko rastrojstvo , pa i pokraj toa go obozuvaat iako po se toj nee bog.Toa, se razbira,e nivno pravo i niven izbor.A propo na ova Felix e obozavatel na VMRO i premierot do stepen na enteomanija ta toa e tolkav navivac i mnogu retko ne pristrasen.Za negovite mentalni ili celebralni sposobnosti ne sakam da zboruvam no , ka naglasam pismen
prljo, 25.07.2012 20:35:50
eden golem pozdrav do uste pogolemiot anticki makedonec angele l.vretoski koj ni se javuva od avstalija,i vo makedonija potocno vo ohrid se vidovme posledno deveeset i vtorata,a ni dojde kako delegat na onoj istoriski semakeonski svetski kongres na golemiot i dozivoten predsedatel petrov.golem air vidovme od m.s.k. sto e pravo, ama angele gla pojke(po ohridski) ne pokaza vo ohrid.vo meguvreme vid videlija fativme site nie negovite pocituvaci po beliov svet i makedonija mu ja prepustivme na rodoodpadnici i nekadarnici.zatoa angele bratu sedi si tamu kaj sto si se nasol aku mozis na klimeta pomozimu a makedonija slavjanska ili anticka ja zel vetrot da ja nosit(pak po ohridski).klimeta ne sum go videl deset godini ko ke se cuete da mi go pozdravis.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  


Site Meter


Време
Скопје, 35°C

Делумно облачно

Сабота
Ведро
Макс: 35°C, Мин: 18°C

Недела
Сончево
Макс: 38°C, Мин: 20°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајко��ентирани
(ФОТО) Отворање на Олимписките игри во Лондон
Британците сo интересна и пред се' музички илустративна церемонија...
Денот на отворањето почна со ѕвонење на илјадници ѕвона
Први се огласија големите ѕвона на кулата часовник Биг Бен, покрај зградата на британскиот Парламент и брегот на Темза, ...
Усеин Болт посакува четири олимписки злата
Свеченото отворање ќе ги засени големите пропусти!
Камерон: Олимпијадата е најголемата безбедносна операција во мирно време
Торп во Лондон како коментатор
Грчка олимпијка расно навредувала на „Твитер“

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |