22.05.2012, 02:58 Силен земјотрес во Бугарија
Земјотресот кој се случи во 2 часот по полноќ по македонско време беше почувствуван и во Македонија и Србија
Земјотрес со јачина од 5.9 степени се случи синоќа, три часа по полноќ по локално време, со епицентар во Перник во близина на главниот град на Бугарија, Софија. Тресењето кое траеше повеќе секунди се почувствува и во Скопје, како и во целиот источен дел на нашата држава.
Српските медиуми исто така јавија за силно тресење.
Засега нема информации за евентуални повредени, освен што се констатирани помали материјални штети, како прекинат водовод, паднати бандери и искршени прозорци, пред се` во Перник. |