Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп Саботен магазин
Коментари
18.05.2012, 18:07

Едиторијал

Рејтингот, успех или тапкање во место

Соња Маџовска

Голем успех или тапкање во место. Како да се гледа на потврдувањето на стабилниот кредитен рејтинг ББ/Б на Македонија од страна на реномираната кредитната рејтинг-агенција „Стандард и Пурс“.

Успехот не може да се нарече голем, но добро е тоа што во услови на постојана неизвесност на европските пазари, поради случувањата во Грција, кога секој ден рејтинг-агенциите објавуваат намалени оценки на земјите и на банките, нашиот останал непроменет. Односно не се намалил.

Во изминатава година суперрејтинзите, односно оценките со три ААА, ги намалија и Франција, Словенија, Италија, Португалија, Австрија, Кипар, Словачка, Шпанија.

Потврдата за нашиот рејтинг значи дека економските политики не се подобриле, но не се ни влошиле. Ова е сигнал и за меѓународните пазари. Кредитниот рејтинг значи детерминирање на ставката на задолжување. Односно по која каматна стапка може да се задолжува земјата. Колку е повисок рејтингот толку е пониска каматата. Каматните стапки по кои се задолжува една земја најчесто се повисоки од тоа што го носи кредитниот рејтинг, затоа што тука влегува плус и ризикот на земјата. Со оглед на тоа што основните камати се ниски, а на последното задолжување каматата по која се задолжи Владата кај Дојче банк со 250 милиони евра изнесува 6,8 отсто, тоа значи дека ризикот на земјава е проценет на околу 6 проценти. Главното прашање сега е како ќе ги троши Владата овие пари, дали има простор да влегува во нови долгови. И како ќе ги враќа парите кога ќе стасаат за наплата.

Државата во последнава година на меѓународните пазари позајми повеќе од 700 милиони евра, а во меѓувреме не престануваат и позајмиците на домашниот пазар. За пет месеци годинава Владата со записи зајмила 650 милиони евра, во исто време вратила 500, што значи нето задолжувањето на домашниот пазар е околу 150 милиони евра.

Со сите овие задолжувања, владиниот долг моментно зафаќа околу 27 од БДП, но Европската комисија пред извесно време излезе со процена дека тој годинава ќе се искачи за пет процентни поени, што е далеку повеќе од економскиот раст што може да го оствари земјава.

Радоста всушност од потврдувањето на македонскиот стабилен кредитен рејтинг ја помати прогнозата што „Стандард и пурс“ ја даде за економскиот раст. Тие очекуваат македонската економија годинава да забави и ни предвидуваат раст од само 1,5 отсто. Владата очекува за годинава раст од 2,5 отсто, а Народна банка на Македонија и ММФ до 2 проценти. Тоа пак значи дека растот е далеку помал од брзината на задолжување на земјава и од каматите по кој се задолжуваме.

Позајмените пари од домашните инвеститори брзо стигнуваат за наплата, со оглед на тоа што записите што се издаваат повеќето се на три или шест месеци. За нив каматата е околу 4 отсто. Проблем може да настане кога ќе се поклопат враќањата на долговите и кон домашните и кон меѓународните кредитори. Дали тогаш државата ќе има моќ да ги враќа натрупаните долгови или ќе мора со нови позајмици да ги сервисира старите, како што веќе се случува.

Проблемот со задолжувањата нема крај. Позната е изреката дека нема бесплатен ручек, тој кога-тогаш стигнува за наплата. Но, според аналитичарите, ако веќе државата се задолжува, тие пари најдобро е да ги искористи за капитални инвестиции, за проекти што предвидуваат поголем поврат од каматната стапка што се плаќа на заемот, и ќе донесат нови вработувања. Само таквите задолжувања за аналитичарите се оправдани, се' друго значи одложување на проблемите за некои идни генерации.


Статијата е прочитана 899 пати.

Испрати коментар



Дипломатската опција
Без јато во НАТО
Заеднички прифатливо решение
Судот го обра грозјето



jovan, 19.05.2012 00:29:13
Naskoro ke treba da formiraat i Ministerstvo za dolgovi.
Трпе, 19.05.2012 01:27:34
Каков народ таква влада.Овој народ заслужува да биде лажен и задолжуван.Ја слушам предавничката мирка со овој криминалецот(не сакам и името да му го спомнам) во редовите на СДСМ имало политичари како кондури за мртовци.Ама овие од власта се сандук за мртовци,ќе ни ја погребат цела државичка со крв створена.
Istocna Makedonija, 19.05.2012 09:13:07
I povtorno se nametnuva klucnoto,najverojatno retorsko prasanje!KOI ke gi vrakaat ovie krediti koga ke dospeat?Koj si zemal takvo ekskluzivno- nehumano,iracionalno,dusmansko pravo da zadol zuva i nerodeni gragani na ovaa zemja?!Katakliz- ma,ili,,posle mene potop!E,ova e floskula karak teristicna za aristokratskata tradicija vo ,daleku, porazvieni zemji i bila validna vo ona vreme.Sega, nekoi treba da polozat smetki!
ФЕЛИКС, 19.05.2012 12:33:27
Тоа ирационално и душманско задолжување светски реномираната рејтинг агенција го смета за ниско.Но па од друга страна што знаат тие кога знае повеќе опозицијата топтан со се нејзините подржувачи. Читаме, гледаме и слушаме да кога овие кој опозицски не се бендисуваат рангираат некое слово подолу во рејтинг бекграундот на некоја земја,таму има мешавина на Ел Нињо,цунами,торнадо,тајфун и др. ветришта кој им ги дрмаат берзите од темел и бележат загуби ви милијарди евра,барем така јавуваат светските агенции. Но и тие не им е за верување оти експертите по ништо на Бихаќевска далеку подобро знаат и неумеат да ги согледаат работите.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

Што прават денеска
 


Site Meter


Време
Скопје, 15°C

Ведро

Вторник
Обилни врнежи
Макс: 21°C, Мин: 7°C

Среда
Ведро
Макс: 22°C, Мин: 13°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |