18.05.2012, 18:01 Мислења
Заеднички прифатливо решение
Ѓорѓи Спасов
Зошто ЕУ не најде „заеднички прифатливо решение“ со Грција за да си го наплати долгот?
Европската унија не' обвинува дека не сме способни да изнајдеме заеднички прифатливо решение за името со Грција. Ни појаснува дека, со оглед на принципот за одлучување со консензус во Унијата , треба да заборавиме на прием се' додека не го решиме тој проблем, дури и независно од тоа што Меѓународниот суд во Хаг пресуди дека Грција нема право го го блокира нашето интегрирање во НАТО и во ЕУ под привремената референца.
Грција со гласот на своите избирачи стави до знаење дека има свои егоистички интереси и кога е во позиција да си ги одбрани, таа не троши време за проблемите на нивните соседи, ниту ќе се потресува за судбината на своите сојузници и кредитори.
И веројатно сега веќе станува јасен парадоксот. Во време кога Германија, Франција и другите големи членки на еврозоната, кои инвестираа милијарди евра за спас на грчката економија од банкрот, не можат со неа да најдат „заеднички прифатливо решение“ тие и натаму ни' порачуваат дека „вие нема да почнете разговори за прием во Унијата се додека не пронајдете заеднички прифатливо решение околу името со Грција“.
А што значи, заеднички прифатливо решение за некој спор, кога едната страна не трпи било какви последици од неговото нерешавање а другата е изложена на штети и поголеми од санкции на меѓународната заедница наметнати заради некој голем грев.
Кога САД и ЕУ сакаа да решат некој меѓудржавен проблем на Блаканот, до сега, ретко инсистираа на „заеднички прифатливо решение“. Да чекаа Милошевиќ и Туѓман да најдат заеднички прифатливо решение за Босна и Херцеговина таа држава веројатно н��маше да постои. А да го условеа признавањето на независноста на Косово со изнаоѓање на заеднички прифатливо решение за Србија и Косово, тоа никогаш немаше да биде независно. И секогаш беа на страната на послабите во таков спор.
Но од Македонија се очекува да најде заеднички прифатливо решение со Грција дури и ако по следните избори таму, политички фактор за одлучување стане, не само големиот Грк, Караџаферис туку и неонацистичката „Златна зора“.
До тогаш, во услови на блокираност, од Македонија се очекува да има високо мислење за политиката на Унијата, да обезбедува економски просперитет за земјата и демократски амбиент за своите граѓани. Но, на секој што малку се разбира во политика, ќе му биде јасно дека блокираноста на Македонија во нејзините евро-атлански интеграции, само заради неможноста да се најде „заеднички прифатливо решение околу името со Грција“, доведува до сериозни последици.
Прво. Доведува до пораст на национализмот. Во такви услови, се создава голем простор за таканаречен „одбрамбен нацинализам“ кој се појавува во форма на политички сили кои застануваат во одбр��на на националната гордост и одбраната на името и идентитетот и им станува главен дел од нивната програма и професионално занимање. Кај население соочено со стравот од исчезнување, етничко или национално обезличување, се големи шансите таквите сили да го обноват националниот романтизам и да тргнат во потрага по славното минато на нацијата длабоко во историјата со што дополнително се компликуваат работите. А откако ќе се појават националистичките сили во земјата заради тоа што црвената линија на Грција станала црвена линија на одвојување, дискриминација и изолирање на Македонија од ЕУ, тогаш експертите на ЕУ тие сили и нивниот политички фолклор, ги наведува како уште еден аргумент против приемот на Македонија во таа асоцијација.
Второ. Во земја како Македонија во која живее голема етничка заедница на Албанците, секој можел да претпостави дека во еден момент етничките Албанци нема да сакаат да бидат заложници на македонскиот „национализам“ и му го спротиставуваат сопствениот со идеи кои гледаат и друга алтернатива за Албанците во Македонија ако таа не го реши овој спор со Грција. Блокираноста на Македонија во процесот на нејзините евроатлански интеграции, всушност го разводнува или прави да исчезне лепакот во меѓуетничките односи. Но токму нарушените меѓуетнички односи во Македонија, кои се резултат и на нервозата од блокираноста на Македонија, европските експерти ќе ги користат како уште еден аргумент за неисполнетите услови на земјата, за членство во Унијата.
И трето. Македонија без членство во НАТО и во ЕУ, не е најпривлечна земја за странските инвестиции во регионот. Големите инвеститори и без роуд шоуа, одат во Бугарија, во Албанија па и во Србија. Македонија е принудена да моли за странски директни инвестиции секаде по светот. Неможноста да ја смали својата висока стапка на невработеност, Македонија ја прави земја која не може да ја контролира својата „илегална емиграција“ и е под закана од ЕУ дека повторно може да и бидат воведени визите. Македонија во такви услови станува земја од која лесно се испумпуваат најобразованите млади кадри за потребите на развиените земји а станува и добар регрутен центар за потребите на боиштата во Ирак и Авганистан.
Во земја како Македонија, во која главен проблем станува сиромаштијата, политичките елити го губат кредибилитетот. Во околности во кои не можат да ветат решавање на клучните проблеми, или не им се верува дека можат да ги решат, тие прибегнуваат кон моделот на перманентно меѓусебно обвинување околу тоа: Кој е повеќе виновен за ова што ни се случува? Кој е патриот а кој предавник?
Европските експерти наоружани уште најмалку со овие три аргумената против нашето членство во ЕУ, всушност и ќе заборават кој прв почна. Во барањето излез, премиерот Груевски, отиде во Кина, веројатно во потрага по клучот за 21.век кој Васил Тупурковски го изгуби во Тајван. Опозицијата пак најави протести во Струмица со кои ќе се обидела да го подобри својот резултат на локалните избори. Изгледа дека ништо друго и не им останува. Странците им порачуваат: „Не очекувајте ние да ви ги решаваме проблемите. Најдете прво со заеднички сили ’заеднички прифатливо решение за Македонија’ па потоа барајте и заеднички прифатливо решение за спорот со Грција“. А поетот Раде Силјан ќе рече: „Сити сме од ветувања и страсти... По меани се пребројуваме. Измислуваме непријатели на Татковината. Често се поткраднуваме. Ноќе се пијаниме од бројки и сказни. Наутро бајато е јавето во нашите глави...“
(Авторот е универзитетски професор)
Наш став
Објавувањето колумни и мислења од надворешни автори е одраз на намерата на „Утрински весник“ да биде влијателен глас на заедницата. Но, напоменуваме дека не се согласуваме секогаш со ставовите што ги изнесуваат нашите колумнисти, особено кога станува збор за лични дисквалификации, етикетирања без основа и извртување на контексти со цел да се наштети на други личности од која било сфера. „Утрински весник“ се оградува од таквиот речник и конотации и ги смета за непримерни во јавната комуникација. |
|
Статијата е прочитана 2180 пати.
|
Испрати коментар
|
|
Itar Pejo, 19.05.2012 00:45:00 | A nikoj da se seti deka problemot e vo solunskoto pole: teritorijalnite pretenzii. Od idnata godina kongres vo Solun, preku glorifikacijata na Cento, voinot na konj i avtopatot Aleksandar Makedonski do naseto solunsko pole. Resenieto ce pocne da se nazira koga nekoj visok funkcioner na VMRO ce izusti: grckiot grad Solun; Ama toa nemoze! Nie nemame teritorijalni pretenzii ama nemozeme da se odkazeme od obedinuvanjeto na Makedonija! Ne eli malku cudno sto nikoj eksplicitno ne go spomenuva Obedinuvanjeto a se gradat spomenici i muzej na tie sto se zalagale ze Obedinuvanje? |
| jovan, 19.05.2012 00:46:13 | Ednostavno kazano *Sila Boga ne moli*. Grcija utre da izlezi od EU i NATO, Makedonija pak nema da ja primat. Ke iznajdat nekoja deseta prikaska. Makedonija e vo mnogu teska polozba, no sta je tu je, mora da se borime. Premnogu se raspravame i obvinuvame tuka doma, no retko ja analizirame nadvoresnata situacija, koja isto taka ni nosi problemi(ne po nasa vina), koj potoa doma generiraat uste pogolemi problemi. Makedonija kako drzava ne e omilena kaj del od zapadniot svet(rojalisti, desnicari, monarho-fasisti, a tie se povampireni tamu) Sosedite se hijeni koj cekaat samo moment koga bi ne rascerupale. Vo takva situacija duri vistinsko cudo e kako i do sega vaka slabi i nikakvi opstojuvame. Ocigledno imame MOKEN zastitnik, sto e golema sreka vo seta ovaa nesreka. Koj e toj, i ne e tesko da se predpostavi. Zatoa golema blagodarnost do nego i site ostanati prijateli, i ne smeeme da gi izneverime i razocarame. Ke opstaneme nekako. |
| pameten, 19.05.2012 06:41:02 | заеднички прифатливо решение околу името со Грција e efeizam. Ovo shto sakakt da kazhat e, deka ne gledat na sovremena Makedonija kako na reinkarnacija na antichkoto Makedonski carstvo, toku kako na drzhava so meshano naselenie, koja shto im pripagja na site gragjani. Granicite na Makedonija se sluchajno nacrtani po razlichni vojni i nitu edna ne odgovara(la) na etnichka linija. Ni kazhuvat - najdete smisla takva drzhava da postoi, bez mitoligii, a zaboravuvat deka tie istite napravija mnogu napori vo pomosh na SFRJ za izgradbata na Makedonska svest, so cel da go soprat Bugarskiot nacionalizam. Jasno e deka odbramniot Makedonski nacionalizam i kontranacionalizmot na Albancite mozhe da ja skrshi drzhavava. Ima potreba na narodot da mu se objasni vistinskata istorija, nezavisno kolku negativni kje bidat negovite prvi reakcii. Ovo e dolg pred se na vas profesorite! |
| Istocna Makedonija, 19.05.2012 09:22:36 | Profesore,da ja batalime Grcija so nejzinata eko-
nomska propast.Pa,taa i istoriski bila reper za nes
to krizno,labilno na ekonomski plan-,,zadolzen
kako Grcijae,koga toa bese!Juznive se mezimce
na civiliziranite Evropjani,sp morinjata,ostrovska
ta egzotika.I najtocno,virtuelno i simulirano!Grci
ja ne priznava pod nase,istorisko ime-Republika
Makedonija,mozna solucija za promotivno embar
go,veto,od istok(na primer),a vo krajna instanca
i od ,,pogolemi igracivo megunarodnite asocija-
cii.,,Sudbo,moja sudbino! |
| ѓорге, 19.05.2012 10:30:13 | Честитки професоре! Редовно Ви ги следам колумните, но прв пат целосно да се согласам со Вас. Навистина напишано во манир на голем познавач и прв пат без идеолошката оптовареност. Ако сите политички фактори и народот во целина застанат зад овој Ваш став, воопшто не е важно повеќе дали и кога ке се смилуваат над нас.
п.с. нема да биде така. веке се подигаат кредити за идење на одмор у грчка! и странците не знаат какви сме и затоа и така се однесуваат. Во секој случај, честитки уште еднаш, ми го разведривте денот. |
| Не сте разбрале, 19.05.2012 11:27:40 | ЕУ не е во конфликт со Грција. Грција како членка на Еврозоната не ги исполнува поставените економски критериуми. Постојат две решенија: или Грција да ја напушти монетарната унија (во моментов и ЕУ не знае од правна точка како да постапи) или да ги прифати условите поставени од ЕУ. Пападимос ги прифати условите, но после изборите нема стабилна влада што ќе го спроведе договореното. Од друга страна Македонија има билатерален конфликт со Грција. Сé додека тој заеднички не се реши, Македонија нема да може да влезе ниту во ЕУ, ниту во НАТО. Никој не сака да си стврара нови проблеми со влезот на нова членка. Тоа важеше и за Хрватска која постигна договор со Словенија. |
| Leonid, 19.05.2012 16:23:59 | мене не ме плаши ниту Грција ниту невлегувањето во НАТО, ако опозицијата ги има ставовите што ги изнесе господинот Спасов. |
| Ljubotan Tradee Name, 20.05.2012 02:04:31 | Profesore! Ubavo pisuvane,i razmisluvane,samo za sporot na imeto! Izgleda sekoj uzurpira ona sto moze so dadeni oportunisticki i politicki moznosti! Mozebi ,totalno ste vo pravo na istoriska analiza, i sudska Haska presuda. A, dali ste razmisluvale za;Haska presuda ako predmetite dojdat kaj-pred Haskiot Sud. za: Goce Delkcev,Jane Sandanski,Gjorce Petrov,Dame Gruev, Kiro Gligorov,Metodije Gogov, Apostolski so nivnite biografii, il so manstirite vo Skopsko,Skopska Crna Gora, Kumanovsko,Tetovsko,Gostivarsko,Mavrovsko,Recansko i Debarsko .Profesore, tamu uste ,vidno se i citlivo vidat Ktitorite na ovie zaduzbini-zadolzbini! ! Mozete li, malku poracionalno da go iznalizirate ovoj reciprociatitet PS. Ve molam bez Cenzura. a,za razjasnuvane tuka Sum! |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 18°C
Претежно облачно
|
Петок
Грмотевици
Макс: 23°C, Мин: 12°C
|
Сабота
Грмотевици
Макс: 22°C, Мин: 10°C
|
|
|
|
|
|