18.05.2012, 17:45 Хју Хефнер падна на македонски шарм
Сопственикот на Плејбој и еден од најпознатите луѓе на светот Хју Хефнер деновиве падна на македонскиот шарм.
Двете дами, Нидија Чилиманова и Невенка Ивановска, случајно го видоа во еден ресторан на Флорида придружуван од една зајачица. „Му напишавме едно културно писменце со молба да се сликаме со него. Преку келнер му го пуштивме писменцето и Хефнер за една минута стана и дојде на нашата маса“, вели едната од дамите. „Ни направи муабет, се сликавме, рече дека е во некоја куќа во близина која припаѓа на негова пријател кој му ја отстапил да си поседи таму“, додава таа.
Зајачицата со него била на возраст од околу 20-тина години. „Хефнер навистина изгледа далеку помлад од неговата возраст (роден е 1926 г., н.з.)“, вели нашата соговорничка. „Кога го напушти ресторанот, повторно ни' пријде, овојпат со зајачицата и не' задеваше ’вие се' уште ли сте тука?’, раскажува таа.
Двете девојки велат дека Хефнер, без оглед што е ѕвезда, бил многу љубезен, срдечен и нормален човек, и дека фактот што се од Македонија бил пресуден тој да се слика со нив. |