Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Коментари
17.05.2012, 18:33

Мислења

„П“ како Пишман аџија

Ана Павловска-Данева

Аџиев има едно големо „П“, кое секако не доаѓа од зборот правник, ниту професионалец, ниту праведен

Го слушам, претседателот на таканаречената Комисија за лустрација кој изјавува дека по донесувањето на новиот Закон, „кодошите“ сега ослободени од Управниот суд нема да останеле амнестирани!? А, во позадина на неговата телефонска изјава на најпровладиниот медиум во државава, сосема случајно се појавува сликата на еден универзитетски профсор и извршен директор на невладина организација, кого власта, во случајов олицетворена во Аџиев, неуспешно, но упорно се труди да го претвори во кодош.

Да имаше барем „П“ од познавање на правото, професионализам и правичност кај Аџиев, немаше да му се случи да коментира поединечни пресуди на Управниот суд, уште помалку да прејудицира одлуки на Комисија која самиот ја предводи (со истечен мандат), кои уште и не започнале, а треба да се водат по се' уште недонесен закон. Ама тој ја знаел содржината на новиот Закон (во народот познат како „Боневиот закон за лустрација“) и затоа јавно изјавува каков ќе биде исходот од непочнати постапки по недонесен закон!

Прво, како Аџиев знае дека за овие лица повторно ќе се покренуваат постапки за лустрација?

Второ, како Аџиев знаел дека Боневиот закон за лустрација ќе биде изгласан во Собранието, особено по најавата на цела опозиција дека нема да учествува во носењето на овој закон, а посебно имајќи предвид дека досега во Македонија и во сите останати држави законите од овој вид се носеле исклучиво со консензус на сите политички субјекти?

Трето, како Аџиев знаел дека е завршен пазарот меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ околу ова прашање, со оглед на фактот што ДУИ пред извесно време го услови носењето на Боневиот закон за лустрација со носење на Закон за рехабилитација?

Четврто, како Аџи��в знае дека Боневиот закон за лустрација и да биде донесен само со гласовите на ВМРО-ДПМНЕ и дел од ДУИ, нема да биде „укинат“ од страна на Уставниот суд иако целиот е спротивен на две Одлуки на Уставниот суд, а тие се составен дел од уставниот поредок на земјава и претставуваат извор на правото? Или можеби Аџиев е убеден дека Уставниот суд во новиот состав, засилен со квалитетот и содржината на тројцата новоизбрани судии, никогаш повеќе нема да се дрзне да укине одредба од било кој закон донесен од ова владејачко мнозинство, а не пак од Боневиот закон за лустрација?

Петто, во продолжение на изјавата за вести, Аџиев за двајцата свои колеги од Комисијата кои го критикувале Боневиот закон за лустрација, ќе рече: јавноста знае за кого тие одработуваат! Тргнувајќи од оваа премиса, дали секој што критикува неуставни законски решенија одработува нешто за опозицијата? И обратно? Секој што поддржува неуставни закони одработува за власта? Ако е така, тогаш Аџиев ја фатил погрешната страна!

За крај, сакам јавноста да се запознае со една одлука на Комисијата за лустрација од пред некој ден.

Секој носител на јавна функција има должност да поднесе изјава дека не соработувал со службите, во рок од 30 дена од стапувањето на функцијата. Доколку оваа обврка не се испочитува Комисијата за лустрација е должна да донесе решение дека лицето кое не поднело изјава не го исполнува условот за вршење на функцијата и да го испрати тоа решение до органот/организацијата каде што лицето ја врши функцијата за тоа да биде разрешено.

Две јавни обвинителки не поднеле такви изјави цели две години (иако тоа требале да го сторат во рок од 30 дена). Комисијата на чело со Аџиев донела решение дека не го исполнуваат дополнителниот услов и го испратила до Советот за јавни обвинители, кој врз основа на Решението на Аџиев требало да ги разреши. Во тој момент, кога веќе прилично згустила работата, обвинителките г�� поднеле изјавите, со образложенија дека цели две години не можеле да поднесат изјави бидејќи едната била на породилно отсуство, а другата вадела лична карта.

Врз основа на ваквото образложение и дополнително поднесените изјави (после две години), Комисијата на Аџиев си го поништила сопственото решение за неисполнет услов на обвинителките да бидат носителки на јавни функции!?

Сега е се' во ред, обвинителките се се' уште обвинителки, законот е испочитуван со мало задоцнување од две години, а Аџиев има едно големо „П“, кое секако не доаѓа од зборот правник, ниту професионалец, ниту праведен!

(Авторката е пратеничка и потпретседателка на СДСМ)

Наш став



Објавувањето колумни и мислења од надворешни автори е одраз на намерата на „Утрински весник“ да биде влијателен глас на заедницата. Но, напоменуваме дека не се согласуваме секогаш со ставовите што ги изнесуваат нашите колумнисти, особено кога станува збор за лични дисквалификации, етикетирања без основа и извртување на контексти со цел да се наштети на други личности од која било сфера. „Утрински весник“ се оградува од таквиот речник и конотации и ги смета за непримерни во јавната комуникација.


Статијата е прочитана 1927 пати.

Испрати коментар



Угоре високо, удолу длабоко
Митинзите на Црвенковски
Ривали во ТВ-ринг



USA, 18.05.2012 05:06:22
Prvo da se lustriraat Ustaven, Vrhoven i sekoj eden sud. Ili tie se nad zakon i drzava i ne davaat da pomine nikakov zakon sto moze da gi zakaci niv i nivnite drugari i drugarki. Sekako tuka ne treba da ima tolerancija za pozicija ili opozicija. Za site isti normi.
ФЕЛИКС, 18.05.2012 07:23:56
Се ова напишано би било во ред кога токму Г-ѓа Данева и нејзината пратеничка екипа инструирано не ја спречија смената на председателот на комисијата за лустрација со своето негласење.Па така да се подсетиме да предложениот кандидат од ДПА (значи кандидат-председател од опозицијата)беше ,,глатко,,одбиен од нив.И така несудениот нов председател не го доби двотретинското мнозинство.Е сега за објаснување останува зошто сето ова се направи.Дали не им се допадна кандидат,дали со смената ќе се изгубеше дежурната тема за шлајфување во место или нешто трето.И на крај зошто по вратениот првобитен закон од УС а направен токму од нивниот коалиционен партнер не се одстранија спорните делови,туку законот вратен,нов не направен а се критикува секогаш кога друг ќе направи закон за лустрирање.Е во овие однесувања напред-назад лежи одговорот зошто вие сте воопшто против лустрирањето кое треба да се направи за корист на државата.
Istocna Makedonija, 18.05.2012 07:33:07
Iako drzat mnogu argumenti vo statijata na g-ga Daneva,sepak nekolku personalni primedbi.Zosto nekakva personofikacija,,,Boneviot zakon,kom- parativno vo minaoto t.n.Brankov zakon?!Neba- re,za vreme na zivotot i nekoja si politicka karie- ra stanavme ,,istoriski licnosti?!Ili,drzi li kompara cija,so primerno,Marsalov Plan,Nju dil,Titovo pis- mo...I vtoro.Ima i pravnici po vokacija,koi koinci dentno nikogas ne se bavele so nego.Mislat deka e kruto,sablonsko,neinventivno,,najkrivo!I sega poelba na golemi,mali.eksperti-pravnici?!
Мила, 18.05.2012 08:15:37
Браво Ана го залепи баш како што треба. Одлична си чест ми е да те читам.
bitola troa skolovan, 18.05.2012 08:59:42
Jas sum bitolcanec i bi ve zamolil ponatamu pisuvajte za rabotata na ovaa komisija no ne go spomenuvajte nejziniot predse4datel so ime samo titula oti e sram za gradot.Vakov ligav karakter nemame sretnato dosega,ne znaeme od koja sredina proizleze.
Karikaturalnata figura Adziev!, 18.05.2012 10:26:19
Adziev e karikaturalna figura koja vo Komisijata za lustracija ja obrabotuva agendata na DPMNE, i toa bez moral sram i perde. Da imase moral odamna, so izminatiot mandat za Pretsedatel, ce se povlecese barem od sram i obraz pred narodot i pred negovoto semejstvo i rodnini. No postojat ludje koi namesto obraz ima djon.
baltazar, 18.05.2012 13:04:02
Оnja so karikaturata trebe da da prasue kaj svojte kolege zosto ne go smenija na sednica na sobranie ovja karikaturen predsednik,a imaja sansa.Inace okolu obrazot i djonot go ima i okolu neglasaweto za negoa smena.
magala, 18.05.2012 14:41:54
bravo za deckite koisto mu ja iskrtaak kukata so parolata Adjiev--P....)

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

Што прават денеска
 


Site Meter


Време
Скопје, 25°C

Делумно облачно

Недела
Делумно облачно
Макс: 26°C, Мин: 10°C

Понеделник
Локални грмотевици
Макс: 26°C, Мин: 11°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |