Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Македонија
16.05.2012, 17:41

Мое ќоше

Подобро ли ни беше во Југославија

Ерол Ризаов

Над 80 проценти од граѓаните на Македонија мислат дека живееме полошо отколку во бивша Југославија


Анкетата на весникот „Дневник“ потврди едно драматично и трагично сознание кое често го носиме како товар во изминатите 21 година на слобода и независност. Дали некогаш во Југославија, или денес во независна Македонија, живеевме подобро или полошо. Додека некој институт подготви релевантни непристрасни показатели, перцепцијата на граѓаните е крајно загрижувачка. Над 80 проценти од сите граѓани на Македонија сметаат дека денес живееме полошо отколку во Југославија. Само на ова прашање сите граѓани на Македонија и по етничка, и по верска и по национална припадност мислат исто. Денес ни е полошо отколку во Југославија, тврдат 80,5 отсто од граѓаните. Оваа тема веќе не е само за политичарите, социолозите, психолозите и аналитичарите. Колку од ова е плод на носталгија, разочараност од новиот систем, колку е дел од изгубените надежи за поубав и подобар живот, за поголема слобода и сигурност, демократија, правна држава, почиста човекова околина... тешко е да се прeсуди само од една анкета. Но, едно е сигурно, таквото чувство е присутно и како револт и своевиден протест за големите изневерени очекувања.

Македонските политички, интелектуални и деловни елити се' уште не ја оправдаа независноста. Не ги забрзаа европските интеграции, не го подобрија стандардот на населението и квалитетот на живеење. Не отворија поголеми перспективи за младите луѓе. Безработицата и сиромаштијата се најголеми во Европа. Во изминатите две децении сите соседи што беа далеку зад нас сега се пред нас по сите мерила и критериуми. Ете затоа оваа перцепција дека денес живееме полошо отколку во Југославија пред 21 година, можеби емпириски е дискутабилна, но како чувство и убедување е непоколеблива и цврста како гранит.

Истражувањата на јавното мислење на весникот „Дневник“ прераснуваат во релевантен барометар на вкупните состојби во земјата. Професионално спроведени даваат реална слика за размислите и ставовите на граѓаните по најзначајните прашања. Велат дека постојат уште поиздржани и попрецизни анкети изработени од уште поафирмирани агенции, но нивните истражувања по барање на нарачателите не се за објавување пред јавноста, туку за анализи на најтесните раководства на партиските штабови. Има уште едни анкети според потребите на нарачателот кои специјално се изработени да создадат привиденија, што би рекле фатаморгана, обично, по долго патување низ пустина. Некогаш тоа е убава оптимистичка идила, а некогаш црни се облаци задале над Македонија. Некогаш за високиот рејтинг на власта и владетелите, а некогаш за маргинализација на опозицијата.

Последната анкета на „Дневник“ изработена од агенцијата „Рејтинг“ во еден драматичен период за Македонија од 2 до 8 мај, во блиско време по апсењата на осомничени за петкратното убиство кај Смилковци, дава мошне интересни сознанија за расположението на јавноста. Уредниците со оглед на настаните посебен акцент при пласманот дале на безбедносната состојба. Над половината од граѓаните, 53 проценти, се чувствуваат небезбедно. Албанците се поисплашени (62 %) од Македонците (49 %) .

Рејтингот на политичките партии се стеснува. На прашањето кога парламентарните избори би се одржале утре, за која од политичките партии би гласале. Најголем број од гласачите се неопределени што е веќе константа во Македонија. На цели 39,8 отсто се' уште им е рано да се изјаснуваат или, пак, не сакаат јавно или стравуваат да кажат за кого се. Кај ВМРО-ДПМНЕ се забележува надолен тренд и сега за преродбениците би гласале 22,1 отсто, а кај СДСМ има благ пораст, односно 18,6 отсто од граѓаните би се определиле за социјалдемократите. Разликата меѓу двете најголеми партии е 3,5 проценти во корист на ВМРО-ДПМНЕ. Агенцијата за истражување на јавното мислење бара толеранција во плус-минус 2 отсто. Следува ДУИ со стабилни 7,4 отсто мислење искажано во почетокот на мај, но и со забележителен пораст на ДПА на 4,4 отсто, па следува третата албанска партија на Руфи Османи со 2,1 отсто, па ЛДП со 1,2 и ВМРО-НП на Љупчо Георгиевски со 1,1 отсто.

Македонија се движи во погрешна насока мислат 67,6 отсто од граѓаните, а кај Албанците 86 отсто мислат дека сме тргнале по погрешен пат, кај Македонците 60 проценти мислат дека сме во ќорсокак. За економските состојби и резултати граѓаните покажале најмногу разочарување и песимизам. Како лоша економската состојба ја оцениле 71,6 отсто. Кај Албанците овој процент изнесува цели 90 отсто, а кај Македонците 65 отсто. Мнозинството граѓани не и' даваат преодна оценка на Владата за нејзината економска политика. Дури 61,9 отсто не ја одобруваат оваа политика, кај Македонците 56 отсто мислат дека Владата води лоша економска политика, а 78 отсто од Албанците не можат да видат резултати од економските реформи.

Анкетите се омилена лектира на политичарите. Но, и страв и трепет се за нив. За загрижените за рејтингот се ноќна мора, а хорор за зависниците од власта кога работите ќе тргнат на лошо. Никој не може подобро од политичарите да ги употреби и злоупотреби анкетите. Тие се главната платформа на нивното дејствување, бидејќи сега има многу повеќе политичари кои му кажуваат на народот само тоа што тој сака да го слушне. Со сопствено мислење на соочување со народот одат само државници. Такви веќе немаме.


Статијата е прочитана 4600 пати.

Испрати коментар



Македонско „лајк“ на Фејсбук
СПЦ ја нарече МПЦ расколничка организација
Дијаспората прави гала-прием за Иванов
Локален клуб на УНЕСКО во Охрид
Ќе летаме директно до Бенелукс и Скандинавија
Ќе се скрати времето за пат до Австралија
„Бесплатната“ здравствена картичка ќе чини 250 денари



MK-privatizacija e zlochin vo odnos na YU-eksproprijacija, 17.05.2012 00:16:46
Ako se izzeme tehnoloshkiot razvoj vo svetot, pred se kompjuterizacijata, chii blagodeti ni krivi ni dolzni gi uzivame i nie, uporedbata so YU e nezamisliva. Da, ima nekoi koi treba da go mavnat toj sistem (biznismenite/bogatashite), nekoi da im e se isto (administrativcite), no rabotnicite od realniot sektor i nevrabotenite/nezgrizenite go baraat socijalizmot, ama go nema. Tokmu onaka kako go predviduvashe i svoevremeno im go reche na rabotnichkata klasa, pokojniot Stipe Shuvar. Nepobiten fakt e deka toj sistem vo prv plan go imashe rabotniot chovek, deklarativno i praktichno. Sega nitu ednoto, a ushte pomalku drugoto. Od vlasnik na opshtestveniot imot, spushten e na ramnishte na rob, bez nikakvi prava i bez nimalku chovechko dostoinstvo. Krajno vreme e da se podobri zivotot na site ludje, a ne na poedinci, i na toj nachin raschisti so minatoto/nostalgijata, a ne so navredi i siluvanje na rabotite. So nadez za konechno podobro utro - pozdrav!
jovan, 17.05.2012 00:40:58
Vo Yugoslavia i pokraj site nedostatoci, bese daleku podobro za narodot, od pricina sto ovaa denesna kalakurnica ne lici na nisto, pa zatoa minatoto ke zivee vo segasnosta se dodeka segasnosta ne se pokaze kako podobra od minatoto. Da pravime sega sporedbi e nevozmozno, od pricina sto nema ni sto da se sporeduva. Yugoslavia imase armija od koja se tresea site vo okolinava, a denes imame lovecko drustvo. Onie drugi dostignuvanja sto se izgradija od tipot Gerdap 1-2, Dunav-Tisa-Dunav, prugi, avtopatista, industrija, brodogradilista, toa denes e naucna fantastika. Seto ova veke izleguva na videlina, pa duri i onie na koj Yu im bese temnica, ja svakaat realnosta. Yugoslavia bese silna drzava, a slikata na Tito sekoj zitel na planetava ja raspoznavase. Denes ni imeto na drzavava ne ni go znaat. Stanavme banana drzava koja moze bilo koj majmun da ja izede koga saka. Ne samo nie. Toa vazi za site bivsi YU-drzavi. No toa zavrsi. Ona sto bese sega mozeme da go gledame samo na sliki.
demokrat, 17.05.2012 00:44:46
Anketata e anketa i zatoa ke ja ostavan na strana, a prasanjeto dali ni bese podobro vo Jugoslavija ne se odgovara so Da ili NE. Najcest moj odgovor e mesavinata DaNe. Vo Jugoslavija imase pofunkcionalni funkcii, pogolema odgovornost, podobra bezbednost, besplatno zdravstvo, besplatno studiranje, poveke rabota no sepak ne dovolna za site (ne bea site vraboteni) it... Nemase pazarna konkurencija zatoa npr. monopolniot gigan Telekom naplakaa po 1500DM za eden nikakov tel. priklucok, mnogu produkti gi nemase na dofat, imase politicka diktatura i krsenje na covekovite prava i slobodi (i denes taa tema e bolna, ama sepak ima razlika), preterano gradenje kult na drugarot Joze kako i perenjeto mozoci na ucenicite od najmala vozrast itn itn. Demokratijata vo princip nosi podobri rezultati i razvoj, no problemot kaj nas e vo toa sto nie imame nekoja vrsta na demokratsko opstestvo koe ne se naoga vo skolskite ucebnici.
Pasok, 17.05.2012 00:46:16
tolku i osvoi DPMNE na izborite, 23% od celiot narod. normalno deka ostanatite 67% se nezadovolni.
i grcite poarno ziveea, 17.05.2012 01:29:04
Da Erole, tokmu taka i grcite ziveea poarno pred edna a uste poarno pred pet i deset godini ama sega ete dojde vreme da go vrakaat zaemot. Taka i so Jugoslavija, a za Makedonija rasturanjeto na Jugoslavija bese spasenie. Da ne se raspadnese Jugoslavija Makedonija i Makedoncite tivko ke si zgasnea i ke gi snemase vo taa Jugoslavija kade makedobncite sistematski se preobrakaa vo Jugosloveni. Eden Makedonec nemase da ostane. A sega ti mozes i ponatamu da si taguvas i da pisuvas kolumni placejki po Jugoslavija i tie vreminja ama za nasa sreka toa nikogas nema da se vrati.
pameten, 17.05.2012 02:23:48
Deka vo SFRJ se zhiveeshe podobro e ochiglednost. Povazni prashanja se zoshto? i saga shto? Kralska Jugoslavija i prvite godini na komunistichkiot rezhim bile uzhas bez kraj. Apsanja i tepanje na iljadnici. No potoa Tito i Jugoslavija se okazhaa so sostojba da bidat milenici i na Istokot i na Zapadot. Rezhimot garantira standart kakov Makedonecot nikogash nemal i relativna sloboda, koja shto narodite vo Istochna Evropa ja nemaa. Makedoncite ja prifatija Jugoslavija kako svoja i se sluchi prviot identiski zemjotres. Prifatifme fantaziite na Blazhe Koneski i Blazhe Ristevski i bas ni beshe gajle koi bile Simeon Radev i Dimitar Talev. No se ovo se prikluchi zasekogash. Ne e tochno deka po 91 nemaveme dzhavnici. Ljubcho. Klusev, pa i Kiro Gligorov sekako bea takvi! No zhelbata da se zachuva Makedoija kakva shto beshe za vreme na SFRJ se okazha sakanje na nemozhnoto, a antikvizacijata e otkaz od soochuvanjne so realnosta.
jimmy1, 17.05.2012 02:55:14
Ako se smeta vo procenti vo Jugoslavija ziveevme podobro ne 100 tuku 1000%. Ovie 20% sto ne mu bilo podobro vo Jugoslavija se denesnite vladini aramii i tie sto gi prisvoija fabrikite i predprijatijata,
P.Petar, 17.05.2012 03:16:56
Bez golemi elaborati mozam da go potvrdam slednoto:Jugoslavija bese poim od zemja,silna,respektirana so edna od najvisokite stapki na razvoj vo svetot, so neutraliziran etnicki naboj,polna so entuzijazam,patriotsko cuvstvo i SOLIDEN STANDARD,Lugjeto bea mnogu poradosni i pozadovolni i sto e zaklucokot??? Samo eden,,,,Se ziveese podobro,posigurno i pobezbedno! Togas se pojavi Lucifer i pocna da ja grize zemjata od vnatre bidejki od nadvor nemase nikakvi sansi! Epilogot na site vi e poznat!
Marioec od Azija, 17.05.2012 04:14:50
Uste edna prikaska za zamajuvanje na narodot.Glupavo e da se pravi sporedba so togasnoto vreme i denesnoto.Nemoze da se sporedat moznostite,od togasnoto vreme so denesnicata.Ako go vratete filmot,kolku kostase vo toa vreme,telefonot,masina za perenje,za sadovi nespomenuvam,tv aparat,frizider,video i drugite raboti sto go pravat zivotot polagoden,ce videte deka ne se sporeduva vremeto.Mozese da napravi sporedba,na sistemite i nisto povece.No nostalgijata kaj basnopisecot e golema isto kako i omrazata kon Makedonija i Makedoncite,pa se sto ne ideoloski kon negovoto viduvanje necini.
пријател, 17.05.2012 07:37:19
Тоа што повеќе од 80% кажуваат дека подобро се живееше во Југославија не мислат само граѓаните на Македонија,туку и во сите други бивши Југословенски републики.Смешно е да се споредува колку тогаш коштал тел.приклучок,затоа што насекаде воведување на нова технологија е скапо.Нека се сети „Демократ“колку беа скапи првите картици за моб.тел.Тоа што сега не е 1500ДМ тел.приклучок,не е заслуга на „независна“Македонија,туку на напредокот на технологијата во светот.Денес има поголема диктатура и повеќе се кршат човековите права,како правото на живот(многу повеќе убиства)и правото на работа(многу повеќе невработени).А дали рез.на анкетата се поради носталгија,најдобро кажува една изјава:Не велам дека подобро се живееше трнувајќи од тоа што јас подобро живеев,туку и од тоа колку многу моите родители можеа да ми овозможат мене,а колку малку јас на моите деца.Ова е изјава на дпл.инж.чиј родител бил обичен работник во Југославија.
ФЕЛИКС, 17.05.2012 08:05:32
Зависи кој како гледа околу живеачката, Македонците ја преферираат ексЈУ државата првенствено од безбедносен аспект.Таму тогаш ем немаше радикални демонстрации од верски карактер ем немаше Охридски договор во кој малцинството го тормози мнозинството.За економијата се живеело поарно тогаш затоа што се однесувале токму како соседот пред економскиот дебакл.Вработување поради социјален мир а не поради потреба,р��спределби по клуч а не по птреба и мал мион други нешта.Можеби и војната беше резултат од таквиот однос со паролата,,овај или онај ради Београд се гради,, и т.н Авторот по инерција на селективност одбегна да го искоментира двотретинското неверување во опозицијата како алтернатива токму во оваа анкета.Инаку колу е агенцијата ептен релевентна се покажа ланската нивна предизборна прогноза за ,,успехот,, на опозицијата т.е неуспехот на власта.И на крај еве ,,ветер во едрата,, пред митинзите да се побара изборната рака на власта,да се види колку е во право подтикнувачката анкета.
he CCCP, 17.05.2012 08:48:37
E barafte Demokratija za vas samo diktatura...............
Itar Pejo, 17.05.2012 08:56:20
Koj sto malku cita i stranski vesnici znae deka vakvi anketi se pravat i vo drugite bivsi socijalisticki zemji. Sekade, osven vo Polska, odgovorot e slicen na makedonskiot. Nekoi pokusavaat da go objasnat so toa deka lugeto togas bile pomladi i se im se gledalo poubavo! Dobro, a poljacite ne bile mladi? Ili prasajte gi bosancite i kosovarite, koga bile mladi vo devedesettite godini, dali im bilo podobro?
kiki, 17.05.2012 09:06:06
ЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕ сите го бараме тоа време ,ама за Жал тоа го нема ,животот во Југославија беше живот ,а не како сега ПЕКОЛ ,зар овој е живот живот само за тие сто се на влас и тие поситните околу власта за другите е се ПЕКОЛ НЕВИДЕН
до: и грците поарно живееа, 17.05.2012 09:23:46
Да,да... Македонците се преобраќаа во Југословени... Денес Македонцие се преобраќаат во Бугари, со оглед на тоа колку од нас имаат бугарски пасоши.
Кераунос, 17.05.2012 09:28:46
До ДЕМОКРАТОТ Каква демократија гледаш во сегашна Македони ја па да бараш таа да се внесе и во училиштата ?!Полипартизмот кај нас не донесе демократија туку автократија,тоталитаризам.Фројд вели де ка е дозволено да се живее во заблуда но,секог аш е подобро да се излезе од неа.Ослободи се од својата фантазмагорија па види ги потемкино вите села на нашата Влада која прави безброј гл упости посебно во проектот Скопје 2014.На што ни личи центарот на градот?Ти личи ли тоа на нечто,и ај опиши го на што.Поздрав
До Гркот, 17.05.2012 09:55:43
Распаѓањето на Југославија за Македонија било спасение. Да ја немаше Југославија , ќе ја немаше ни Македонија!Кога Македонија била држава пред тоа , освен ако ти не си антички Грк , па го броиш Цанко Големиот?!
Горан, 17.05.2012 10:00:14
За сите минати времиња се вели старите добри времиња .
od ostrijot, 17.05.2012 10:13:34
da lugeto se vo pravo vo bivsa jugoslavija mnogu podobro se zivejese pobevme sigurni i demokratijata bese mnogu pogolema nego denes.
A да бевме Независна Македонија во 1945 ќе беше уште подобро, 17.05.2012 10:30:42
За мене како Македонец е исполнет вековниот сон за независност. Условите Македонија ѓи исполнува но пречките од соседите се неправедни и со лажна основа која лежи во поделбата од 1913 . Лагата на Грција а и онаа на Бугарија а и онаа на Србија несмее да помине. Состојбите во 1913 околу Македонија не се такви како велат пропагандите на овие мали балкански творби кои друг ги проширил на туѓо а сега блокираат. Блокираат со лаги а ја обвинуваат Македонија. Тоа што е така во ЕУ го сметам за голема грешка на ЕУ демократијата кога се знае дека во Грција и Бугарија нема демократија.
До, а да бевме независна Македонија од 1945, 17.05.2012 11:21:02
Ауу, многу интелегентно. А да имаше баба муда....
Од редовен читател, 17.05.2012 12:03:49
Направете една мала споредба: што се изгради во Јогославија во периодот 1945-1965, а што во Македонија во периодот 1991-2011, какви перспективи имаа граѓаните на Југославија, а какви граѓаните на Македонија, какви беа образованието и здравството, каква беше безбедноста... Од резултатот од овие споредби ќе ви стане јасно се за југоносталгијата, а и за многу други работи.
Мики, 17.05.2012 12:34:26
Денес само Хрватска има двојно поголем долг кон странство во споредба со цела Југославија пред да се распадне. Кога во Југославија имаше колор телевизија и секој граѓанин имаше свој телевизор (па и по неколку), во Грција се гледаше црно-бела програма и колку што јас се сеќавам се собираа по дворови за да гледаат некој фудбалски натпревар. Стандардот барем во македонскиот дел од Грција беше очаен, а ние изигрувавме американци (не само во Грција, туку и во Бугарија, Романија, Источна Германија, ...
Neka narodot se raduva, 17.05.2012 12:34:28
Sporedbata so zivotot vo Jugoslavija i ovaa banana drzava e ne samo cudna no i smesna,Mozebi 4-5% se ofajdija no 90% ziveat mnogu poloso .Vo taa drzava zdravstvo, obrazovanieto, bese dostapno i besplatno za sekoj. Isto taka nesporedliva bese vrabotenosta i standardot na ludjeto, a pravniot sistem bese daleku poizgraden i zaciudo,iako se rabotese za ednopartiski sistem , pomalku bese partiziran od sega. Za ugledot vo svetot na taa drzava i za sigurnosta i bezbedenosta na gradjanite voopsto da ne zboruvame. A ona sto onaj Feliks lupa:Ovaj ili onaj radi Beograd se gradi, sega moze da se kaze : Cela Makedonija radi i se kradi za Skopje da se gradi. Sto se odnesuva do vrabotuvanja kako merka za socijalen mir, jas bi go prasal Srceko ,a na sto mu lici ona vramkovno vrabotuvanje i sedenje domai zemanje plata, se samo da se socuva klimavata koalicija i vlasta?I Vo taa Jugoslavija ne mozese gradonacalnik da izgazi covek, pobegne a seuste i po eden mesec e na sloboda i na funkcija!?
Ljubco BG, 17.05.2012 12:40:47
Na site vo iztochna Evropa im lipsva komunizmot. Kako nekoj kaza samo vo Polska ne. Ako dojdete tuk vo Blgarija i pitate ljugeto edno 80-90% ke sakat Jivkov a ne evropskata demokratija.
suze, 17.05.2012 13:14:42
Подобро ли ни беше?НАЈДОБРО ни беше!
od macedonka, 17.05.2012 13:29:52
vo jugoslavija ne vi cinese sega e podobro togas imase 13 plata sega nema plata 3 meseci nekade i poveke ako nesto se ykradese odma aramijata ke bese faten sega decata nenise bezbedni da odat na skolo neznaes dali zivo ili ne natepano ke se vrati ili ne silyvano kese vrati dali imame starci koi nese ograbeni pretepani ili ybieni ve molam kazetemi koja demokratija e imame ybistvata li gi smetate za demokratja ili se gordeeme so 2014 imame mnogy spomenici samo spomenicite neni dava jadene nego ne zaborcija do dysa i ne ostavija gladni
Oskar, 17.05.2012 13:44:09
Od anketite jasno se gleda deka resenieto e vo neopredelenite (koi verojatno se nezadovolnici i od ednite i od drugite). Prema toa izborite gi resavaat onie koi se ofajdile od nekoja od partiite. Zatoa, sto pveke gragani na glasanje, ke imame po realni izbori. Da ne dozvolime partiskite poslusnici, koi se samo 20% od glasackoto telo da resaavaat za ostanatite 80% gragani koj ke dojde na vlast. Smetam deka vo Sovijalizmot imase mnogu poveke dobri od losi uslovi za zivot, za zal sega e obratno.
Vesso, 17.05.2012 13:51:30
I na Zapad ke vi recat deka pred 30-50 god.bese mnogu podobro.I tamu e se poloso i poloso.E sega,nie bi sakale nivnoto poloso da e kaj nas.No nie sme izlozeni na poseben vid tretmani od toj Zapad.I cudo e kako prezivuvame.Sovet do vlasta-iako ne sme mnogu zadolzena zemja,ne se zadolzuvajte bez navistina golema potreba.Nemame nisto za prodazba,za razlika od Grcija.A stranskite banki gledaat da te zaglavat i da ti go zemat imotot za gabe.
Трпе, 17.05.2012 14:07:14
Џабе е каење за време за кое нема враќање.Доволно е да се погледнат земјоделците и нивната механизација во кое време е набавена.Да ги оставиме настрана поединци олигарси кои се збогатија на нечесен начин.Во тоа време имаше квалитет на живот и за разлика од опкружувањето кај нас имаше демократија.За безбедноста и да не стане збор тогаш низ цела територија на РМ секој се осекаше безбеден.Братството и единството не беше филувано.Денес ,посебно во последните 6 години народот мрѓусебе само шушка.Ама власта треба да свати дека по шушкањето се јавуват немирите.Неможе вечно народ да се држи во сиромаштија и стега.
С.Малински, 17.05.2012 14:43:36
Добро утро мој народе,сепак се будиме!.Дали треба да веруваме на дежурните хохштаплери кои не замајуваат со некаква си ,,демократијаи антика,или да го земеме стапот и судбината во свои раце!!!.
GO SAKAM SKOPJE, 17.05.2012 14:43:45
Ednostavno kazano;imavme srekno detstvo, ubava mladost! Bez strav da sme vo docni saati nadvor od domovite, roditelite ne stravuvaa za nas,imavme obezbedeno zdtravstvo, skoluvanje, i...SLOODA vo sekoj pogled, so vospituvanje dostojno za pocit. Toa e onoa, sto denesnata mladost ne go znae i se plasi za svoeto UTRE! Imavme doverie vo policijata,vo pravosudstvoto, vo profesporite,prijatelite,vo deckoto/devojceto Imvme doverie vo idninata!Nemavme strav od utresniot den, nemavme strav od napatstvuvanja od rabotodavatelot -ucena od politickita partii( edna), nemavme strav deka ke ostaneme bez rabota po diplomski . Samo se *plashevme* da ne gi razocarame roditelite so poslabite beleski vo skolo. Izleguvcavme so devojcinja/decki od simpatija i ljubov, ne so merilo vo pari, dzipovi ili biznis roditeli...Toa bese *komunjarska*Jugoslavija so Tito, samo bez *Butel spomenici* na ploshtadot i gradbi sto nemaat vrska so Makedonija!
Dragica lapajkoska-Belchevska, 17.05.2012 16:24:23
Sekako deka bese. Educiranost,kultura,bezbednost,beneficii sto niti edna drzava vo svetot nema. Toa site go znaat,no nekoi kako VMR-ovcite od inaet molcat. Kakov narod takva drzava.
Biljana, 17.05.2012 16:26:45
JOVANE, BRAVO. Taka bese navistina.
viki, 17.05.2012 23:27:37
Sporeduvanjeto na zivotot denes vo Makedonija i poranesna Jugoslavija e kako nebo i zemja. Ne se raboti za toa dali ke sme se pretopele vo Jugosloveni tku se raboti za potrebata od imanje na edna takva drzava kako sto bese Jugoslavija uredena vo sekoj pogled, sakate ekonomski, bezbednosen, potoa besplatno skolstvo, zdravstvo, bezbednost... A, denes? Sto imame ovde? Pred se nesigurnost i besparica. A sporeduvanjeto kolku kostal telefonski priklucok, masina za perenje... a jas prasuvam kolku denes kosta eden stan koj obicniot rabotnik nemoze ni da si zamisli da go ima vo sporedba so Jugoslovenskoto ziveenje. Ubavo im e samo na onie koi se ofajdija od politikata, se razbira so kradenje, a kade e socijalnata griza-negriza na drzavata??? Nikade ja nema. Ete, tokmu zatoa koga nekoi luge izgledaat kako da se Jugonostalgicari! Ne!! Tuku baranje i ocekuvanje drzava so takvi standardi, a ne kako segasnive.
prezivean, 18.05.2012 00:24:14
Da!, sega se zivee najdobro,nikogas nemalo pogolem luksuz i pokvalitetni proizvodi,kako i poslobodoumen zivot,Nikoj nisto ne raboti a site ziveat ubavo,i sega sekoj uziva,sekoj vozi ili go vozat,ima kuca ili stan,pijcka jadacka i spoatnicka abe sve sto ce covek posaka,duri i ne se mislime za utre zasto za nas misli i raboti nasata vlada,ej ako pak sporedam so pred 200 godini abe sega e milina da ti se prosto zivee,i ednostavno te faca nostalgija za rabota,ama ne ti se raboti zasto treba da se zivee a zivotot ne ceka tece.
Od bivsi MK drzavjanin sega Luksemburzanec, 18.05.2012 00:58:25
Jugoslavija e nezaboravna prikaska togas se ziveese najdobro vo Evropa imavme eden normalen bezbeden i dostoinstven zivot sega e ziva beda.Srekna okolnost moja a i na mnogu drugi zemjaci so izbegav od nasata drzava koja tone sose site patnici i sto sega gi citam vestite od Makedonija no so poln stomak so odlicna plata, miren bezbeden zivot i cuvstvuvam deka vredam nesto tuka. Mislam deka sudbinata nasa na Makedoncite ni e vecna imigracija so vekovi odime na gurbet a toa ja dokazuva nasata ljubov sprema tatkovinata odnosno nepostoenje na patriotizam. Da zivee Luksemburg a vam dragi moi sogragani Gospod neka vi e na pomos
LKM, 18.05.2012 09:17:02
Odlicen napis, blagodaram za realniot pristap i analiza, ubavinata na srocenite misli. A so komentarot na GO SAKAM SKOPJE napolno se slozuvam - tokmu taka rastevme: gordi vo sebe i so sebe, so verba vo idniata, so pocit kon roditelite , rodninite, prijatelite, profesorite, so cuvstvo na obrska da vratime so cesen trud i moralen odnos ona sto roditelite i drzavata go vlozile vo nas, so edna vistinska gordost deka sum Makedonka kade svetot mi bese otvoren so jugoslovenskot pasos. Vo taa Jugoslavija jas licno bev poveke Makedonka otkolku vo ovaa Evropa sto se udira vo gradi so demoktratija.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

Што прават денеска
 


Site Meter


Време
Скопје, 23°C

Делумно облачно

Сабота
Ведро
Макс: 24°C, Мин: 8°C

Недела
Сончево
Макс: 28°C, Мин: 10°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |