Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
17.05.2012, 17:00

Турција подготвува изненадување, Грција вето

Анкара ќе и' помага на Македонија да ја вклучи хашката пресуда во заклучоците на НАТО

Слободанка Јовановска


Три дена пред самитот на НАТО во Чикаго, Турција најавува изненадување во прилог на Македонија. Двете посети на високо ниво, на шефот на дипломатијата Никола Попоски на Анкара и на претседателот на турскиот парламент Џемил Чичек на Скопје, покажуваат дека интензивно се координираат напорите да се издејствува нов заклучок на НАТО. Каков, Чичек не сакаше да прецизира денеска, изјавувајќи дека двата претседатели ќе бидат заедно во Чикаго и ќе го направат тоа што ќе биде потребно, дека турскиот став е јасен за Хашката пресуда, а поединостите што со неа, ќе следат натаму.

Слични најави стигаат и од кабинетот на претседателот на државата Ѓорге Иванов и, според нив, претседателот на состанокот за Авганистан ќе побара НАТО да ја вклучи во заклучоците пресудата за Македонија. Македонија очигледно кокетира со поддршката на Анкара пред Чикаго и Турција треба да биде земјата која ќе ги предводи тие што ќе го отворат нашето прашање на самитот.

Идејата пак генерално ја најави премиерот Никола Груевски уште пред неколку дена, барајќи преку писмото до земјите членки Грција на самитот да се изјасни за пресудата на Хаг околу ветото. Се' заедно, излегува дека Македонија со помош на Турција сака да испровоцира ново грчко вето во НАТО, а најави од Атина дека се подготвени за тоа веќе стигнаа, иако Алијансата и САД праќаат сигнали дека цврсто стојат на ставот од Букурешт и се решени да го избегнат тоа сценарио.

Ќе успее ли Македонија во период на безвластие во Грција да профитира од нејзината незавидна ситуација и може ли за таков потег сепак да добие поддршка во Алијансата? Знаејќи кој треба да ги наплати долговите од Грција и колку тие изнесуваат, можно е ��д ваквата најава место ние, сепак да профитираат земјите што го кројат пакетот мерки за Грција.

Како и да е, Чичек беше многу категоричен во ставовите и таинствен во најавите.

„Има некои пречки за зачленувањето на Македонија во НАТО. Ја даваме нашата поддршка и ќе продолжиме во тој правец. Веруваме дека барањето за зачленување на Македонија е многу праведно и дека тоа ќе биде придонес кон мирот и стабилноста на балканските простори“, изјави Чичек. На директното прашање дали Турција ќе го отвори прашањето за Македонија на самитот тој рече дека „претседателите на двете земји ќе бидат таму, ќе се сретнат и ќе го направат тоа што треба“.

„Ние сме земја со политичка волја и одлучни во тоа да ги развиваме сестрано односите со Република Македонија“, порача Чичек, откако претходно доби благодарност од спикерот Трајко Вељаноски што Анкара и писмено застанала зад Хашката одлука. Какво писмо, кога било врачено и дали ќе биде презентирано во Чикаго, не беше кажано, но според извори од македонската страна станува збор за документ што Турција и го упатила на Македонија веднаш по изрекувањето на Хашката пресуда, па не е нов момент.

Грчките медиуми денеска најавија тревога во Атина, поради очекувањата дека Турција ќе бара да се дискутира во Чикаго за Хашката пресуда. Според нив зад оваа земја ќе застанат и Словенија, Хрватска, Норвешка и Велика Британија. За Чичек пак нема дилема дека Македонија заслужува да биде членка на НАТО

„Македонија, повеќе од потребно ги исполни условите за зачленување во НАТО. Турција оваа институција ја гледа како основен фактор за евроатланската безбедност и искрено ја поддржува политиката на отворена врата на Алијансата. Затоа нереализирањете на членството на Македонија го смета за големо разочарување. Верувам дека Република Македонија, во најкраток рок, на начин што ќе биде прифатлив за нејзиниот народ, ќе стане членка на НАТО. Нашата одлучна подршка на овој план ќе продолжи и понатаму“, порача тој вчера во нашиот Парламент, додавајќи дека тоа е природен став на Турција.

Инаку според програмата што ја објави НАТО, самитот ќе започне в недела попладне така што, со оглед на временската разлика, клучниот состанок на земјите членки на кој може да се смени заклучокот за Македонија ќе се случи доцна ноќта. Во понеделникот наутро ќе се одржи состанокот за Авганистан на кој нашиот претседател има намера да зборува за Хашката пресуда за ветото и да бара таа да стане дел од заклучоците на Алијансата, иако „возот“ за тоа ќе биде поминат, бидејќи во овој формат нема да се носат такви одлуки, поточно во присуство на земји нечленки на Алијансата. Потоа ќе се одржи состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО и на земјите аспиранти - Македонија, Грузија, БиХ и Црна Гора - на кој исто така ништо нема да се решава, и за кој се' уште некои притискаат да биде на лидерско ниво. На крајот ќе биде состанокот на НАТО со земјите партнери, од Австралија до Русија и Украина, на кој исто така ќе се дискутираат други теми.

Останува Турција и евентуално некоја друга земја да ја одработат нашата желба, а нашите барања да се слушнат директно пост фестум. Ако ништо не се постигне, сепак Македонија ќе има уште една шанса да ја измери силата на поддршката што ја има околу приемот и да си обезбеди ново алиби во преговорите за името.


Статијата е прочитана 5285 пати.

Испрати коментар



Заев и Дамјановски пред трет предизвик
Ахмети стои во место, Тачи му се приближува
ВМРО-ДПМНЕ се исклучи од програма по најавата за митинзи
На Петрески не треба да му се верува ниту збор
Маринела Тушева против Зоран Алексов во битката за Штип
Локалната власт прави сплетки со ученичкиот превоз
Моливијатис подготвен за пресметка во Чикаго



Македонија и Грција, 17.05.2012 19:50:32
Грција и краде и лаже и пак се сите единствени. Македонија е нападната со грчки лаги и загрозен е македонскиот идентитет што е главен атак на грчката држава, значи треба единство во одбраната. Нелогично е Грција цела да е единствена во неправеден напад а Македонија во праведна одбрана мора да е единствена.
Svajcarec, 17.05.2012 23:00:45
HAHAHAHA. Napred Gospodine Nikola Grueski. HAHAHAHA. Dur ste vie Minister na Makedonija, nema ni NATO ni EVROPSKA UNIJA za nasata Makedonija. A zasto? Vo Makedonija se zalat zasto Grcija sekogas Veto dava, ama nese prasuvaat koj go dava toa Veto. Vetoto prvo doadza od samiot Minister Gospodin Nikola Grueski za NATO i EVROPSKA UNIJA. A Zasto? Zatoa sto e Gospodinot Nikola Grueski samiot Grcin. Da, Nicholaos Grouios (Nokola Grueski) e samiot Grcin za onije sto neznaat. A mije sme najgolemite Dusmani so Grcite ali go imame Minister i toj gi prodate site dobri Firmi sto gi imat vo Makedonija. Na kogo? Na negovite Drzavjani, Grcite. Cudo ne videno a vo Makedonija toa postovjat. Samo vije Gospodine Nicholaos Grouios ce ja rasparcite ova drzava
Nikola, 18.05.2012 07:26:08
Турциjа ке се бори за Голема Албаниjа - http://balkanstory.wordpress.com/2012/05/07/erdogan-turkish-soldiers-will-help-albanians-liberate-their-lands/
Marioec od Azija, 18.05.2012 09:14:09
Neslusnavme nisto za izjavata na ministerkata za finansii na Avstrija.Doticnava posto izvestuva od Brisel,ce trebase nesto da napise i za toa.Eve sto izjavi ministerkata,,najdobro e grcija da ja napusti evro zonata,a uste podobro ako ja napusti i EU,i ponovo da se kandidira za priem,ama togas ce se bara potpolno ispolnuvanje na uslovite za clenstvo kako i za site drugi kandidati.A sto se odnesuva do vetoto sega e potesko za istata da go opravda,posto sega imame povece podrzuvaci,koi ne go opravduvat grckoto ponasanje.Grcija ima nepraveden napad,ama tamu nema novinari kako nasive koga e vo prasanje drzaven interes,kaj nas nekoi maked politicki partii seuste nemaat cuvstvo za drzava,i drzavata im sluzi samo za licno bogatenje,imat rezervna drzava Jugoslavija .ups greska ama ne golema.
P.Petar, 18.05.2012 11:24:03
Prvo pogledajte site na televizija sto se slucuva na ulicite na Chicago,pa ke vidite kolku e popularna ovaa alijansa
Tina, 18.05.2012 11:24:29
Ke go chekam toa chudo so mnodu intuzijazam.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

Што прават денеска
 


Site Meter


Време
Скопје, 20°C

Претежно облачно

Недела
Ведро
Макс: 35°C, Мин: 16°C

Понеделник
Локални грмотевици
Макс: 33°C, Мин: 18°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
ОДБРОЈУВАЊЕ ДО ОЛИМПИЈАДА
Остануваат уште 7 дена до почетокот на Олимписките игри во Лондон...
Британците очекуваат жетва на медали
Домашниот тим на Игрите во Лондон ќе има 542 спортиста што е рекорден број натпреварувачи од Велика Британија на една ол...
Леброн Џејмс најплатен спортист на Игрите
Од договорот со Мајами добива 13 милиони, останатите 40 легнуваат на неговата сметка од вносните зделки со спонзори...
Олимпиското злато вреди 620 долари
Трудница на Олимписките игри
Брајант не може да замисли да не освои злато
Семенја ќе го носи знамето за ЈАР

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |