17.05.2012, 17:07 На Петрески не треба да му се верува ниту збор
На СДСМ и на градоначалникот Александар Петрески не треба да му се верува на ниту еден збор. Ваква порака упати вчера разранокот на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид, оценувајќи дека манипулациите и злоупотребите во локалната самоуправа во Охрид зеле се' поголем „веројатно заради заземање позиции во нивната внатрепартиска борба која оди на штета на градот“.
Никола Митровиќ, портпарол на ОК Охрид на ВМРО-ДПМНЕ, вчера ја проблематизираше ставката од пет милиони денари во Буџетот на општината за 2012 година, која поминала како социјална поддршка за ранливите групи граѓани, ставена под име субвенции за јавните претпријатија.
„Оваа ставка преку јавните претпријатија во моментов се користи за злоупотреби и прибирање средства за партиски потреби и уште еден несериозен и лажлив однос на СДСМ и градоначалникот, кон граѓаните на Охрид. Во исто време поскапувајќи ги цените на комуналните услуги во Охрид преку политичко надгласување, СДСМ и градоначалникот ја загрозија до максимум таканаречената социјална компонента, водејќи сметка само за личните и партиски интереси“, рече вчера Митровиќ. |