Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
17.05.2012, 17:13

ВМРО-ДПМНЕ се исклучи од програма по најавата за митинзи

Дали во владејачката партија се збунети или тактички ја игнорираат фрлената ракавица од СДСМ

Наум Котевски



Неочекуван молк владее во ВМРО-ДМПНЕ по најавата на лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски, за летна улична демократија, како увертира во кампањата за локални избори. Центарот за комуникации на владејачката партија, иноватор на жестокиот вербален пресинг на овдешната политичка сцена, ја „спушти слушалката“, барем на 24 часа, ако ја исклучиме од овој „расипан телефон“ досетливата дислокација на митинзите на СДСМ на портпаролот на Владата, Мартин Мартиновски.

Тој на својата страница на „Фејсбук“ брзо го објави „вистинскиот“ распоред на собирите на СДСМ кои, според него, ќе стартуваат на 1 јули на Лефкада, а ќе продолжат на 8 јули во Ханиоти, 15 јули во Пефкори, 22 јули во Полихроно и 29 јули на Скијатос. Мартиновски во врска со претстојните демонстрации демонстрираше неверојатна моќ за блокирање на желбата за каква било реплика.

Како и да е, тоа привремено исклучување од програмата можеби е резултат на збунетоста на владејачката партија од резултатите на анкетата на агенцијата „Рејтинг“ кои покажаа топење на разликата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ (22,1 отсто – 18,2 отсто), а можеби претставува тактика на игнорирање на Црвенковски.

Тишината како мал одмор од неподносливите партиски преписки без суштина наместо конструктивен дијалог е добредојдена, но во најмала рака е чудна. Ако јавноста веќе се навикна на внатрешниот партиски порив инстантно да се вадат изјави од контекст, за кои потоа мачно ќе се дебатира со денови, како што беше случајот со „погодената цел од протестантите“ за случајот „Монструм“ на директорката на Центарот на комуникации на СДСМ, Наташа Савова, па и со, наводната, желба на генералниот секретар Андреј Петров да го урне „Воинот на ко��“, тогаш таа длабоко нурната во „динамичната“ политика очекува ВМРО-ДПМНЕ да каже нешто за промената на стратегијата на најголемиот политички противник. Што секако е посуштинско нешто од резонот на Савова, која потоа мораше да дообјаснува дека во зборот „цел“ конкретно, без никаква шанса за грешка, влегуваат премиерот Никола Груевски и лидерот на коалицискиот партнер ДУИ, Али Ахмети, кои, според неа, се највиновни за создавањето клима за нарушување на меѓуетничкиот соживот. А не главите на полицајците и на новинарите, нешто што, ќе се сложите, не може да го помисли никој нормален во државава. Но, разочарувачки е што тоа не ги спречува нашите политички елити и во такви чисти ситуации да имаат време за губење време.

Во една таква ситуација на интензивни препукувања, кога центрите за комуникација во мејловите испратени до редакциите гледаат како на писма со историска содржина, очигледно не е можно, колку и да си стабилен, да не ти се случи невозможното - сам да си плукнеш в уста.

Како што го направи тоа Андреј Петров, велејќи на крајот од партискиот пинг-понг случај со „уривањето на воинот на коњ“ дека СДСМ ќе го почитува сето она што е изградено. Она што за опозицијата значеше, но и натаму значи база во борбата против политичката интервенција на државата во сите пори на општеството, против мегаломанството и расипништвото, сега треба да се почитува!

Тешко е да се верува дека ваквата практика на безидејни дриблинзи ќе престане и дека во скоро време ќе видиме некаква конструктивна дебата или трибина за клучните проблеми. Не дај боже и ТВ-дуел како оној завчера во Србија меѓу претседателските кандидати Борис Тадиќ и Томислав Николиќ.

Службен молк...

Од ВМРО-ДПМНЕ и вчера не добивме официјален став за протестите и митинзите што ги најави лидерот на СДСМ, Црвенковски. Висок функционер на владејачката партија, пак, ја оценува најавата за протести како „некреативен обид да се одговори на критиките на јавноста дека опозицијата не прави ништо“. Според него, кон протести се прибегнува кога не можеш да се пофалиш со луѓе и идеи. „Црвенковски ќе го извади членството на протести, но нема да внесе нов квалитет на политичката сцена. Тој сака да покаже дека има контрола над својата партија и да им покаже мускули на неговите критичари внатре во партијата. Тоа е како да покажуваш мускули на час по математика, каде што се бара разум и логика“, вели нашиот соговорник од раководството на ВМРО-ДПМНЕ. (П.Р.)

 


Статијата е прочитана 2806 пати.

Испрати коментар



Заев и Дамјановски пред трет предизвик
Ахмети стои во место, Тачи му се приближува
На Петрески не треба да му се верува ниту збор
Локалната власт прави сплетки со ученичкиот превоз
Маринела Тушева против Зоран Алексов во битката за Штип
Моливијатис подготвен за пресметка во Чикаго
Турција подготвува изненадување, Грција вето



ФЕЛИКС, 18.05.2012 07:35:13
Нема потреба од реагирање на стари финти митингашки кој барем пред година -две на власта и овозможија скоро децениско владеење. Молкот е всушност одобрување на тактиката која се докажа поразителна за опонентот.Верувам едино се збунети овие од власта што незнаат во кој колорит ќе се митингува,тука мислам на гардеробата. Минатиот пат жолтата боја се покажа како несреќен избор.Некои тврдат да изборот на бојата е врвна тајна и за не ја знаат 2-3 од најтесното раководство.Но како и да е митингот ќе стои како партиска агенда а власта ќе врви во очекување на повторување на изборните нешта.И на крај анкетата може да иницира и ,,барам рака,, вонредно изборно.Едноставно,,се се знае ништо не се менува,,.
Vistinskiot, 18.05.2012 07:44:16
Narodniot mudrec rekol Koj si ja ima muvata na kapata.. taka da i ovie nasi funkcionercinja od DPMNE. Ne znam samo koj bese slikan na plazite od grckite letuvalista prethodnite godini vo ekot na najgolemiot patriotizam ... Megjutoa takviot indolenten i sarlatanski odnos se kazuva za niv. Fakt e deka rejtingot dinamicno se dvizi po nadolna linija i deka kaj i da e do esen SDSM ubedlivo ke go prezeme primatot na politickata scena. Vo stabot na DPMNE vladee STRAV, PANIKA, NEVERICA... Vreme e da im kazeme DOSTA vi bese i da spasime nesto od drzavnite pari dodeka ne gi pretopat i ni vo bronza, ogradi, fontani i sl. neproduktivni bajrami na umot.
stevo, 18.05.2012 08:52:14
Spremaat nekoj gnasotilak, Ilija Dimovski sednaml , da pomisli, kako da izleze uste poprost i popriimitiven so bednite soopstenija, izjavi i odgovori. A i cekaat diktatorot da im se vrati, pa da vidat sto ponataka. Sega , bez poglavicata, tie se obezglaveni
Regan, 18.05.2012 08:52:27
И покрај тоа што одговорот на владеачката партија го дава��е на крајот,Вашата намера се чита од насловот кој стандардно е тенденциозен.Наташа Савова го напишала тоа што го мислела,а Петров ова го изјавува по втор пат(во една емисија пред неколку месеци изјави дека лавовите на мостот ќе ги стопат).Тоа се факти!
Istocna Makedonija, 18.05.2012 09:00:53
Ke bide zesko i neizvesno na narednite lokalni izbori.Krajno vreme e vladeackata struktura da sfati deka e na ,,stakleni noze,iako i opozicijata ne nudi nekoi aplikativni solucii za nesto podobar zivot.,,Branot e neminoven i na najvisoki skalila. Primer,kakva steretopija,tavtologija,sarkazam, banalnost,ligavost,teatralnost od eden direktot na Centar za komunikacija.Covekot e patetika, konfuzija i plius needuciran!
demokrat, 18.05.2012 12:26:40
Sto, da ne vi nedostasuvaat presovite na Bicikliski?
Како нема реакции?, 18.05.2012 14:56:32
Како тоа нема реакции од „Жолтата куќа“? Преку Фаликс го кажаа својот став!
velko, 18.05.2012 15:51:34
bitola na tacna lakomstilokot i kriminalot na Gradonacalnikot mu ja predade na SDSM,i pokraj toa sto SDSM zaradi TAT site mislevme deka nikogas ne ke se vrati na lokalna vlAST vo Bitola so vtoriot TAT proizvod na Gradonacalnikot SDSM se izramna so VMRODPMNE.Toa go vidovme site na poslednite izbori samo Premierot ne go vide

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

Што прават денеска
 


Site Meter


Време
Скопје, 20°C

Претежно облачно

Недела
Ведро
Макс: 35°C, Мин: 16°C

Понеделник
Локални грмотевици
Макс: 33°C, Мин: 18°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
ОДБРОЈУВАЊЕ ДО ОЛИМПИЈАДА
Остануваат уште 7 дена до почетокот на Олимписките игри во Лондон...
Британците очекуваат жетва на медали
Домашниот тим на Игрите во Лондон ќе има 542 спортиста што е рекорден број натпреварувачи од Велика Британија на една ол...
Леброн Џејмс најплатен спортист на Игрите
Од договорот со Мајами добива 13 милиони, останатите 40 легнуваат на неговата сметка од вносните зделки со спонзори...
Олимпиското злато вреди 620 долари
Трудница на Олимписките игри
Брајант не може да замисли да не освои злато
Семенја ќе го носи знамето за ЈАР

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |