Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
17.05.2012, 17:01

Моливијатис подготвен за пресметка во Чикаго

Грчките аргументи во Чикаго треба да бидат помудри и подобри од тие во Букурешт - сугерирал лидерот на ПАСОК

Од нашиот дописник
Миркица Поповиќ

Атина - Петрос Моливијатис е новиот министер за надворешни работи во чиновничката влада која ќе раководи со Грција до изборите во јуни. Тој е добро познат дипломат и почесен амбасадор, човек од доверба на Костас Караманлис, близок пријател со претседателот Каролос Папуљас и бивш министер за надворешни работи во периодот од 2004 до 2006 година. Меѓу другото, тој е и последниот грчки шеф на дипломатијата кој беше во посета на Македонија и оствари средба со тогашната министерка за надворешни работи Илинка Митрева. Моливијатис ќе биде член на најкраткорочната грчка влада, чиј мандат е само еден месец. Тој веќе порача дека, и покрај тоа што е само преоден министер, доколку Грција се соочи со сериозна закана за националните интереси, ќе одговори на соодветен и ефективен начин. Старо-новиот шеф на грчката дипломатија ќе ја претставува земјата на НАТО-самитот на 20 и 21 мај во Чикаго и треба да ги спречи евентуалните изненадувања околу поканата за Македонија.

Ако се суди според официјалните транскрипти од лидерската средба во претседателска резиденција, доколку проширувањето е на агендата на самитот, грчката реакција за прием на Македонија ќе биде вето. Прашањето како да реагира Грција го покрена лидерот на десничарската Независни Грци, Панос Каменос, а на таа линија беа и лидерите на ПАСОК, Евагелос Венизелос, и на Нова демократија, Адонис Самарас, додека пак Алексис Ципрас од СИРИЗА инсистираше дека Грција треба да си остане на познатите црвени линии. Покрај Каменос, Самарас најцврсто се држел до ветото, изјавувајќи дека ако ги изненадат со предлог за македонско членство, не треба ни да постои дилема дали да има вето или не. „За ова не треба ни да се разговара“, рекол Самарас.

Венизелос сметал дека е јасно дека проширувањето нема да биде дел од агендата, но доколку биде, треба да имаат многу силни аргументи за ветото. „Ако се покренат некакви прашања во оваа насока, со нив ќе се справиме во рамки на националната стратегија и со аргументи, при што ќе се земе предвид и одлуката на судот во Хаг. Нашите аргументи треба да бидат помудри, подобри од оние кои беа приложени во 2008 година“, потенцирал Венизелос.

Идејата за вето за членство на Македонија во моменти кога Грција има преодна влада ја споменува и генералната секретарка на Комунистичката партија, Алека Папарига, а единствен кој избегнува да говори за него е Ципрас.

„Како што е разјаснето, БЈРМ нема да биде на агендата на НАТО. Мислам дека преодната влада треба да остане на позицијата која ја имавме досега во врска со ова важно прашање, односно дека нашата држава сака да се реши спорот за името и да се најде заеднички прифатливо решение со географска одредница“, вели Ципрас.

Грчките дипломатски подготовки за Чикаго беа тема и на заедничките изјави на Ставрос Димас и Моливијатис при предавањето на министерската должност. Димас истакна дека, иако Грција е во криза, предизвиците од надворешната политика не престануваат, а како прв таков предизвик ја посочи Хашката одлука за прекршување на Привремената спогодба. Реакцијата на меѓународната заедница по одлуката од Хаг тој ја претстави како грчки дипломатски успех, односно дека меѓународната заедница била на иста линија со грчките барања преку препораката за интензивирање на преговорите во рамки на ОН. Го нагласи аргументот дека по Хаг, и ЕУ, и НАТО едногласно истакнале дека за Македонија вратата за членство е отворена откако ќе го реши спорот за името. „Целото ова време имаше добри подготовки за во пресрет на самитот во Чикаго да се испратат соодветни пораки до Скопје“, истакна Димас, посакувајќи му успех на Моливијатис во Чикаго, со коментар дека е уверен оти новиот шеф на грчката дипломатија ќе се врати од таму со добри резултати.


Статијата е прочитана 767 пати.

Испрати коментар



Заев и Дамјановски пред трет предизвик
Ахмети стои во место, Тачи му се приближува
ВМРО-ДПМНЕ се исклучи од програма по најавата за митинзи
На Петрески не треба да му се верува ниту збор
Маринела Тушева против Зоран Алексов во битката за Штип
Локалната власт прави сплетки со ученичкиот превоз
Турција подготвува изненадување, Грција вето



Tina, 18.05.2012 11:21:56
A od koga toa e moguchno, koga? Grcite odele po vistinski istorijski pat? Bez svetska javnos na istorija na podelena Makedonija i lagi od tamo do denes, nema sto da se raspravuva. Ili ke dojdime so pravda, ili ke prodlzime so lagite. A so lagite samo kradci ke se osekat udobno. Makedoncite ne im duguvat na kradcite i lazovci, nisto, a kamo li nekoja razbirliva sostojba so takvi. Grcite da kazat vistina, ke se osramuvat pred cel svet. Sepak ke bide interesno,

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

Што прават денеска
 


Site Meter


 
Време
Скопје, 15°C

Ведро

Петок
Ведро
Макс: 36°C, Мин: 19°C

Сабота
Ведро
Макс: 35°C, Мин: 19°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

„Погледнете и слушнете ги моите јунаци, вели големиот српски режисер Желимир Жилник, кој гостува на „Македокс“

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |