Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Економија
17.05.2012, 16:42

Сега Уставен суд да ни го плаќа грозјето

Лозарите негодуваат, а визбите ја поздравија одлуката на Уставниот суд бидејќи досега биле во нерамноправна положба со лозарите

Ангел Данов
Сања Наумовска



Која ни е сега гаранцијата дека редовно ќе ни се исплаќа грозјето, се прашуваат лозарите од Тиквешијата откако Уставниот суд укина три члена од Законот за вино. Со нив се предвидуваше винарниците да имаат обврска секоја година до 30 април да доставуваат до Министерството за земјоделство изјава заверена кај нотар, дека ги исполниле финансиските обврски за купеното винско грозје во претходните години. Законот досега предвидуваше визбите кои нема да достават таква изјава да се бришат од регистарот или да платат глоба од 2.500 до 5.000 евра за ненавремено доставување на изјавата.

Претставникот на лозарите, првиот човек на „Агротиквешија“ Љупчо Аризанов, вели дека одлуката на Уставниот суд е целосно неисправна.

„Кој ќе ги контролира сега винарниците. Кој ќе ни гарантира дека грозјето редовно ќе се исплаќа. Со укинувањето на членови од законот судот прави анархија во лозарството. Наместо правна држава, се форсира незаконитост. Лозарите и понатаму ќе страдаат“. Вака Аризнов ја искоментира одлуката на Уставен, и упати совет до судиите, да најдат начин да ги заштитат лозарите или, пак, тие да им го исплатат грозјето кога веќе одлучиле дека бришењето од регистарот е незаконско и противуставно.

Заменик-министерот за земјоделство Зоран Коњановски вчера посочи дека целта на укинатите одредби од Законот за вино не била да ги казнат винарските визби, туку да се уредат и регулираат односите меѓу нив и производителите. Коњановски нагласи дека не е коректно лозарите да го произведуваат грозјето, а винарниците да не го плаќаат, бидејќи едните без другите не можат. Според Коњановски, Министерството за земјодел��тво ќе ја проанализира одлуката на Уставниот суд и за брзо време ќе донесе нови законски измени со цел доуредување на овој простор кој останува нерегулиран.

„Не би сакал да ја коментирам одлуката на Уставниот суд, но навистина е дискутабилно зошто се менува нешто со кое Владата и Министерството сакаа да регулираат една област за да нема проблеми меѓу производителите и винарите. Не можеме да разговараме за извоз на земјоделски производи ако нема добро регулирани односи меѓу едните и другите. Ќе настојувам, доколку има промени во законот, да најдеме начин да го надминеме тој момент со цел да ги заштитиме производителите“, рече Коњановски.

Единствената друга опција за наплата на старите побарувања, која им е на располагање на лозарите, тешко функционира во праксата. Голем број на лозари веќе повеле судска постапка за наплата на долгот од винарниците, но мал е бројот на извршни решенија за наплата на долгот. Дел од винарниците биле со блокирани сметки и повторно лозарите не можеле да допрат до своите пари. Производителите на грозје велат дека не е во ред парите за секоја реколта да ги бар��ат преку суд, а по одлуката на Уставен наѕираат таква пракса.

Според лозарите, сега на визбите им се дава голема слобода, се продолжува праксата и се охрабруваат да исплаќаат како сакаат и кога сакаат. Во ист момент лозарите прашуваат зошто со одлуката судот им излезе во пресрет само на неплаќачите и се понижуваат оние кои работат според законските прописи.

„Имам за земање пари од 2009 и 2010 година. Моето семејство поради ваквото работење на винарниците е пред финансиски колапс. Децата ми се студенти. Трошоците за нив се големи, а јас немам земено денар за грозјето за чие производство е ангажирано целото семејство. Веќе две години водам судска постапка за наплата на долгот, со што ми се отворија и нови давачки, а никако не можам да дојдам до моите тешко заработени пари“, се жали лозар од Кавадаречко, кој се плаши дека со одлуката на Уставен ќе уништат илјадници семејства и цел еден регион, а ќе им се дозволи на винарниците да се богатат од туѓа мака.

Винарските визби генерално се задоволни од решението на Уставен суд. Велат дека досега биле во нерамноправна положба со лозарите бидејќи нив ги штител законот, а на визбите никој не им гарантирал дека навреме ќе ги добијат парите од деловните партнери на кои им го продавале виното. Сметаат дека судот постапил правилно.

На прагот на новата берба, лозарите се повторно во неизвесност. По ваквата одлука на судот, очекуваат жешка есен, со кавги меѓу нив и визбите, неизвесен откуп, со неисплатено грозје за неколку години, а веројатно и со нови долгови на винарниците за новиот откуп.


Статијата е прочитана 1384 пати.

Испрати коментар



Дигитална агенда
Комерцијална доби награда од Дојче банк
ИФЦ и Стопанска банка со здружени сили за малите фирми
Трговијата и инвестициите во фокусот на разговорите во Кина



jimmy1, 18.05.2012 08:00:39
Stom taka stojat rabotite ako vinarskite vizbi sakaat da kupat grozje naplata na lice mesto, para na raka mara za raka. Kako sto gledam i dosegasnite kazni bile pregolemi, os 2500-5000 evra. Sto se 2500 ili 5000 evra za edno predprijatie, koga eden vozac za brzo vozenje plaka prilicno tolku. Kako sto se gleda nasata drzava e nastroena samo protiv graganite i gi derat kako sto ke im tekne, pa duri i so kameni nozovi.
analiticar, 18.05.2012 08:02:46
jas i porano predupreduvav deka Sudot e najgolemoto ZLO za makedonija,toj e na sranata na bogatite i golemite kriminalci koj gi zastituva[reketira]za golemi pari,i zatoa vo R.M. ima se pogolem kriminal i ubistva,plus politicarite korumpirani,pa se cudam kako uste R.M, E ZIVA.
Partizanot, 18.05.2012 09:51:43
Celta e da se natera lozarot da go prodade lozjeto na vinarnicite za da imaat celosna kontrola nad ovoj biznis.
karlos, 18.05.2012 10:35:33
sramna odluka na ustaven namesto da gi zastituva pravata na zemjodelcite gi zastituva gazdite golema greska treba gospodata sudii (so debeli vratovi) da sednat i donesat odluki so koi ke se regulira navremeno izvrsuvanje na megusebnito obvrski na site delovni subjekti vo drzavata ako imaat zelba da ne bide ako ne site vo bunar ke se udavime
В. Кратовалиев, 18.05.2012 10:48:27
Уставните судии и овој пат останаа на определбата да ја штитат НЕПРАВДАТА. Дали треба да се коментира нивната, којзнае која поред, одлука, а донесена во стилот, ПРАВО СЕДАТ, НО КРИВО СУДАТ!
ФЕЛИКС, 18.05.2012 11:11:04
Како прво Jimi кецот треба да знае да и ова УС ќе го укине ,,пара на рака,Мара за рака,,Како второ изрипа од радост после просветлената одлука на УС оној сопственик на винарска визба инаку припадник на ,,вашите,,.Како трето нема абер за осуда на ваква безмислена пресуда на УС,на дежурните опозициско-коментаторски тркачи во место.Вероватно од причината,,абе не се коментираа пресуди на УС,,Како четврто ќе имавме барско-крокодилски солзи да беше УС составен со новоизбраните судии по терк на власта.Тогаш не важи некоментирање пресуди на УС,повици како сега кон власта,,ги одравте лозарите со камени ножеви,,.По се изгледа кога дерат ,,нашите,, е благопријатно за одраните,оти дерат наши кадри.
Aleksandar, 18.05.2012 11:55:10
Немаше некое големо фајде и досега од оваа одредба, односно никоја од визбите не ја почитуваше, тие што плаќаа си плаќаа независно од одредбата а тие што не плаќаат или немаат пари за исплата не ја почитуваа одредбата и ништо не се случуваше.... некои тужеа и наплаќаа преку извршител а од оние одкупувачи кои се без имот неможе да се наплати ниту преку извршител... така да не е некоја голема штета укинувањето на одредбата од законот.... решението мора да се бара во нешто друго, на пример во банкарски гаранции, ако сакаш да добиеш лиценца за откуп да мораш да си обезбведиш банкарска гаранција.. и сл.
(do site slepci), 18.05.2012 14:35:38
Uste pred da se donese zakonot od vladata, vinariite predrupredija deka ne moze vladata da se mesa vo privatni kompanii. Zaradi dobivanje na politicki poeni kaj glupite lozari, arizanov dpmneovski gi izlaza istite deka vladata donela ispraven zakon. sega ime e kriv ustaven sud. a dali ste znaele deka za ovie 6 godini, ukinati se skoro 80 zakoni izraboteni od studentite, pardon od pratenicite na dpmne ?

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

Што прават денеска
 


Site Meter


Време
Скопје, 25°C

Делумно облачно

Недела
Делумно облачно
Макс: 26°C, Мин: 10°C

Понеделник
Локални грмотевици
Макс: 26°C, Мин: 11°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |