Хороскоп
ОВЕН
Решавате семеен проблем. Опкружени сте со филозофи кои многу зборуваат. Онака гордо и достоинствено ќе го обработите нивниот стил и ќе им покажете колку сте успешни. Избегнувајте секакви расправии со партнерот.
БИК
Работниот успех не ве задоволува. Потребно ви е нешто појако за да го задоволите внатрешниот мир. Фантазирате за нешто недостижно. За некои тоа се Хаваи и Бразил, а за некои- нова љубов.
БЛИЗНАЦИ
Ќе имате успех во трговијата, науката и во многу други полиња. Креативни сте и многу способни. Ќе ја импресионирате околината со современи погледи на животот. Одбегнувајте да се дружите со Јарци.
РАК
Пред себе си поставивте многу задачи, така што се обидувате да ги реализирате. Колку ќе успеете во тоа- дискутабилно е, затоа што повеќе зборувате, а помалку работите. Некој Близнак ќе ве инспирира да ги засукате ракавите, а тука е и некоја Девица за подршка.
ЛАВ
Ситуацијата бара промени. Мора да се прилагодите и да бидете модерни. Тоа е единствен начин да се поистоветите со современиот свет. Доколку не се промените очекувајте проблеми.
ДЕВИЦА
Денес сте спротивност на тоа што сте. Не сте ни практични ни перфекционисти. Бидејќи потонавте во еротски и љубовни фантазии, најдобро останете во нив. Кога ќе ја согледате грешката, се ќе ви биде чудно.
ТЕРЕЗИЈА
Кризата ја пребродивте. Ќе се обидувате вината да ја барате во други, но не сте во право. Вам ви недостасува флексибилност. Новото време бара и нови луѓе, па размислете.
СКОРПИЈА
Полека се ослободувате од стресови. Емотивната бура проаѓа. Само со реално согледување на ситуацијата ќе можете да ги избегнете грешките. Бидете реални и умерени.
СТРЕЛЕЦ
Најпосле успеавте да се смирите. Сите шанси да ги надминете недоразбирањата денес се на ваша страна. Се уште се чувствуваат последиците од незадоволството, но вие со својата упорност и енергија, излегувате од кризата. Не се потпирајте наредните денови на претставниците на Овен и Скорпија.
ЈАРЕЦ
Расположението ви се подобрува со подобрувањето на материјалната ситуација. Доколку се занимавате со работа која е поврзана со техника, ќе бидете во ситуација да ги уновчите квалитетите. Сега треба да бидете итри и да го сочувате веќе добиеното.
ВОДОЛИЈА
Растргнати сте на повеќе страни, па како последица на тоа нервно сте растроени. Многу работи правевте истовремено, и малку претеравте. Слободните моменти ги користите на погрешен начин. Бидете реални и рационални.
РИБИ
Ќе донесете многу важна одлука и на нешто ќе ставите точка. Одлучивте да влезете во нов период и од корен да го промените пристапот на проблемот. Во право сте, но неопходна ви е подршка. Успешно соработувате со жените и со сите оние кои се на ваша бранова должина. Останатите потрудете се да ги избегнете.
|