Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
17.05.2012, 16:57

Протестите за „Монструм“ во илегала

Иако најави за протести нема ниту на „Фејсбук“, полицијата е на готовс и следи што се случува

Горан Адамовски

Редовните петочни протести по апсењата во акцијата „Монструм“, денеска ќе ги нема, барем ако им се верува на социјалните мрежи. За разлика од изминатите две недели, овојпат изостанаа најавите за организирано изразување револт од полициските изјави за радикален исламизам во земјава, но, сепак, постојат гласишта дека протест ќе има, иако не со толкав број луѓе како минатиот пат. Во полицијата, пак, се на готовс, следат што се случува и подготвени се да ја држат ситуацијата под контрола.

Интернет-страниците, на кои отворено се бараше излезност на протестите во градовите низ земјава каде што постои поголемо албанско малцинство, веќе се избришани. Нема никакви најави ниту по медиумите.

„Никој ништо не зборува, ама минатиот пат се договоривме дека продолжуваме секој петок“, велат неколку момчиња од Бит-пазар.

Протестите, на кои вообичаено се случуваат инциденти, немаат поддршка од водечките албански партии. Од Европската комисија, пак, сметаат дека организираните собирања на граѓаните се во ред, но протестите мора да бидат мирни, притоа да се остават државните институции да го расчистат случајот. Според непотврдени информации, протести ќе има и денеска, но не со голема масовност особено откако „контрапротестот“ против исламскиот радикализам извлече на улица само стотина лица.

Протестите досега не беа најавувани во полицијата, која преку свои извори секогаш се информираше за нив и добро се организираше. Така е и сега.

„Најави за протести нема. Сепак, следиме што се случува и преземаме соодветни активности“, велат од МВР. Минатиот петок беа каменувани зградите на Владата и на Општина Чаир, а беа нападнати полицајци и новинарски екипи. За инцидентот на минатонеделниот протест кривично ќе одговараат петнаесетмина.


Статијата е прочитана 3320 пати.

Испрати коментар



Пет загинати и над 50 повредени во земјотрес во Италија
Ван Баален - Грција да отсуствува кога ќе се носат одлуки за Македонија
Втор круг од претседателските избори во Србија
Иванов: Македонија со право очекува да го добие заслуженото место во НАТО
Почнува Самитот на НАТО во Чикаго
Тодоров назначи нови директори на битолската и струмичката болница
Македонските почесни конзули во САД побараа прием во НАТО
Меркел со предлог за грчки референдум за задржување на еврото
А2 стартува под ултиматум
Скопјанка убиена во својот стан во Автокоманда
Македонската делегација отпатува на Самитот на НАТО во Чикаго
Ван Баален - За нас спор за името не постои
(ФОТО) Рекорден број ученици на „Матурската парада“
Верниците муслимани денеска не протестираа
Шест деца повредени во тешка сообраќајка кај Белград
(ОБНОВЕНО) Две момчиња ранети додека седеле во парк
„Фејсбук“ денеска излегува на берза
Работник паднал од покрив
Во стан во Скопје најдена мртва жена
МАНУ - Македонија да биде примена во НАТО со референца
„Матурска парада“ на плоштадот „Македонија“
Човекот кој го создал Интернетот не користи Фејсбук
Груевски - Бизнис можностите првпат презентирани во Хонг Конг
Кофи - САД да ја притиснат Грција за прием на Македонија во НАТО
Шулц - Излегувањето на Грција од еврозоната не е крај на злото
Обид за убиство во Ѓорче Петров, двајца повредени
Пет лица повредени при принудно слетување на авион во Минхен
ДМ со донација за Детска клиника
Софија не оди кај Елизабета
TechDays 2012 на „Мајкрософт“ денеска и утре во Скопје
Затворени две агенции за обезбедување
Потврден стабилниот кредитен рејтинг на Македонија
Излегувањето на Грција од еврозоната ќе чини билион долари
Чичек - Македонија во најкраток рок да стане дел од НАТО
Кочанчанец загина берејќи печурки
Трговијата и инвестициите во фокусот на разговорите во Кина
Младиќ вмешал прсти во сите злосторства во Босна
Шпиунирале во џамии маскирани со бурки
Сега Строс-Кан бара милион долари од собарката
Грчката чиновничка влада положи заклетва
Нападната полициска станица во Бујановац
„Аџибадем Систина“ и „Теа модерна“ прогласени за „Супербренд“
Ципрас - ЕУ и Меркел „играат покер“ со животите на луѓето
Сведок е министерот што го притворил Масри
Ќе летаме директно до Бенелукс и Скандинавија
Ќе се скрати времето за пат до Австралија
„Бесплатната“ здравствена картичка ќе чини 250 денари
Пет наместо седум години затвор за Љубе Бошкоски
Дрогериите „ДМ“ од денеска и во Скопје
Грција доби чиновничка влада



patriot, 17.05.2012 20:44:07
Pravoto da se demonstrira e osnovno ustavno i demokratsko pravo. No sekogas protestite treba predvremenoda se najavat i registriraat kaj policijata za da se odvivaat organizirano i bez vandalizam i napadi vrz predstavnicite na sredstvata za javno informiranje i vrz odgovornite za redot policijata. Koja vo zapadniot svet ima na raspolaganje: gumeni kursumi, solzavec, vodeni topovi a pri ubistva i teski povredi na policajci i upotreba na ognostrelno oruzje. No najdobro e ,,ulicnata demokratija da se zameni so institucionalnata kade nivnite izbrani predstavnici vo vladata i sobranieto na Makedonija mozat da go iznesat svoeto nezadovolstvo i protest so odredeni opstestveni nepravdi ako gi ima sprema niv od strana na drzavnite organi na vlasta i upravuvanjeto. No vandalizmot i nasilstvoto nikoj ne go opravduva i storitelite na takvite dela ke gi snosat posledicite za svoite postapki.
jimmy1, 18.05.2012 07:41:07
Ovie od EU sekogas ni solat pamet. Protestite navistina se vo red i sekoj ima pravo da protestira, (Ova vazi i za Patriot) ali zavisi za sto protestira. Razbiram ako se protestira protiv ispustanje od rabora, dokolku se zatvora nekoja fabrika, ili neplateni smetki na zemjodelcite, tutunarite ili stocarite. Ne e protest koga nekoj mu teknalo da protestira za podrska i za osloboduvanje na onie sto ubivaat i koga se izvikuvaat anti makedonski paroli i so znaminja na islamski radikalni grupi i tugi drzavi, toa e predizvikuvanje na verska, nacionalna i meguetnicka omraza. Nekoj za da izlezi na ulica i da protestira za podrska i osloboduvanje na ubijci, toa znaci deka so niv nesto nee vo red, ili pak i tie se spremni vo idnina istoto da go napravat. Ako e sve vo red ke izlezat da protestiraa za osuda na monstrumite a ne za osloboduvanje. Kako sto se gleda po slikive mozda poveke od 90% se mladi deca no za zal zadoeni so radikalizam i omraza.
Монструм-лага, 18.05.2012 09:47:31
Со ширење лаги како што е оваа, новинарите стануваат соучесници на владеачкиот монструм и понатаму го подгреваат конфликтот. Протестот не е поддршка за осомничените. Тој е против владата која се обидува да го криминализира исламот и на тој начин шири верска омраза меѓу населението. Престанете да ги плашете луѓето со објавување закани за кривична одговорност. Протестите се легитимно право на македонските граѓани од муслиманска вероисповед со што тие го искажуваат својот револт против валканите игри на министерката за внатрешни работи.
komentar, 18.05.2012 10:11:41
Навистина станавме големи мајстори во извитоперување на работиве.Помал проблем е кога и како се демоод која некој ќе се насладува.нстрира.Голем проблем е прашањето зошто се демонстрира.Некој упорно настојува да прикаже дека протестирањето е заради монструмот.Ако е така зошто да не се пласира обратната теза.Дали целиот случај е да се предизвика мавтање со реквизити како на блискиот исток.Мора ли при секој насилен акт да се рекламираат женски мантили,бели капи,долги бради и сл.кои ама баш ништо немаат заедничко со дотичниот настан.Самите ќе си бидеме криви и муслимани и христијани за времето кога ќе живееме во кампови како во Газа.Борбата за зачувување на начинот намилениумското кохабитирање ќе сакаме да ја добиеме,или пак сакаме да вкусиме и од таа чорба,од која повраќањето би било дури и со крв.За добивање на таа битка да и дозволиме на верата да го каже својот збор,ослободена од пристрасноста на т.н самоповикани толкувачи и ко беаги аналитичари,приучени куварина рентакар ангажирани о

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

  


Site Meter


Време
Скопје, 25°C

Делумно облачно

Недела
Делумно облачно
Макс: 26°C, Мин: 10°C

Понеделник
Локални грмотевици
Макс: 26°C, Мин: 11°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |