Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
16.05.2012, 17:08

Незадоволството на граѓаните се одрази на рејтинзите

Во анкетата на „Рејтинг“ се забележува топење на разликата меѓу владејачката ВМРО-ДПМНЕ и опозицискиот СДСМ

Даниела Трпчевска



Безбедносните предизвици и лошата економска состојба во земјата влијаат на перцепцијата на граѓаните дека државата оди во погрешна насока и дека работите не се движат во саканиот правец. Тие се незадоволни од ситуацијата во земјата, но засега не гледаат политичка алтернатива. Оваа ситуација и не е така нова и оттаму влече корен големиот процент на неопределени граѓани. Ова е генералниот став на аналитичарите, по последната анкета што за „Дневник“ ја спроведе агенцијата „Рејтинг“, во периодот од 2 до 8 мај, на репрезентативен примерок од 1.560 граѓани.

За разлика од јануарската анкета на „Рејтинг“, најновите анализи покажуваат пад за дури 11 проценти на граѓаните кои сметаат дека Македонија се движи во правилна насока. Ако во јануари 52 отсто од испитаниците сметале дека државата оди во погрешен правец, сега така одговориле дури 67,6 отсто од граѓаните во телефонската анкета. Значително е повисок бројот на Албанците, 86 проценти, кои сметаат дека земјата оди во погрешна насока, за разлика од Македонците (60 отсто го делат тоа мислење). 

„Безбедносните прашања и лошата економска состојба придонесуваат граѓаните во голем процент да оценат дека работите се движат во погрешна насока. Очигледно е дека економските мерки на Владата не се чувствуваат и граѓаните во голем процент не ја одобруваат политиката на Владата во поглед на економијата која е проблем за најголем дел од анкетираните“, објаснува Никола Спасов од агенцијата „Рејтинг“.

Владимир Божиновски од Институтот за политички истражувања – Скопје вели дека е вистинска дилема како е можно, според резултатите од анкетата, државата да оди во п��грешна насока, а власта и понатаму да има голема поддршка од народот. „Не може државата да оди во погрешна насока, а од друга страна опозицијата да не добие поголема поддршка од народот“, коментира Божиновски.

Но, според агенцијата „Рејтинг“, која го спроведе последното анкетирање, „проблемот е во тоа што граѓаните се незадоволни од ситуацијата во земјата, но засега не гледаат политичка алтернатива“.

„Оваа ситуација и не е така нова и оттаму и големиот број неопределени граѓани“, додава Спасов.

Според последните резултати на „Рејтинг“ се забележува топење на разликата меѓу владејачката ВМРО-ДПМНЕ и опозицискиот СДСМ. Паѓа популарноста на владејачката партија од 23,5 на 22,1 отсто, споредено со јануарските испитувања на јавното мислење. Благ пораст се забележува кај најголемата опозициска партија СДСМ, која од 18,2 отсто во јануари, за четири месеци го подобрила рејтингот на 18,6 проценти кај граѓаните. Разликата во рејтингот меѓу двете најголеми партии сега е 3,5 проценти.

Пораст на рејтингот има кај ЛДП, која сега има 1,2 отсто, за разлика од 0,7 проценти колку што доби во јануарск��те анкети. Во албанскиот политички блок ДУИ го одржува рејтингот. Најголем пораст има кај партијата на Мендух Тачи, ДПА, чиј рејтинг во однос на јануари пораснал за 1,3 процент и сега изнесува 4,4 отсто. Паѓа рејтингот на НДП на Руфи Османи од 2,9 на 2,1 отсто. Во споредба со јануарската анкета, се намалува бројот на неопределените гласачи, но тој се' уште е голем – од 40,1 на 39,8 проценти.

Владимир Божиновски не сака да го коментира рејтингот на партиите објавен во последната анкета. „Но, според мене, нема никакви придвижувања во однос на рејтинзите, ако се направи споредба со претходните разултати од анкетата пред неколку месеци. Сите придвижувања се во рамките на маргиналната грешка“, вели тој.

Што се однесува за несигурноста која ја чувствуваат граѓаните, од кои секој втор во анкетата се изјаснил дека е небезбеден, Божиновски вели дека ваквите резултатите се сосема очекувани по петкратното убиство кај Смилковско Езеро. Но, вели дека со тоа што полицијата приведе осомничени лица поврзани со убиството се покажа дека државата има капацитет да се справи со ситуацијата. „Очекувам да се стабилилизира состојбата, особено по протестите кои не добија на интензитет и покажаа дека има политичка зрелост во општеството“, вели Божиновски.


Статијата е прочитана 5744 пати.

Испрати коментар



Ќе извезуваме вино во Кина
Грчките лидери договорија вето за секој случај
Вељаноски ги смести на дно опозициските закони
Протестите ја враќаат ЛДП кај Црвенковски?



jovan, 17.05.2012 00:20:22
Nema da ima nikakvi promeni dodeka jasno ne se kaze deka postojat dve Makedonii. Prvata ja socinuvaat*profesionalnite*Makedonci koj se zaposleni po administravijata,ili uzivaat privilegii od drzavata(tenderi, biznisi), i vtorata Makedonija, a toa se onie koj ne spagaat vo prvata. Uste pogolem problem e i toa sto i pozicijata i opozicijata pripagaat vo prvata Makedonija, pa se*tepaat*koj ke ima prevlast vo prvata Makedonija.Za promeni ne se spremni ni tie ni tie, iako se svesni deka kako narod i drzava propagame, bidejki ziveejki prikluceni na drzavna blagajna veke e se ponevozmozno, od pricina sto blagajnata ja polnat onie od vtorata Makedonija, a tie se veke izmrcvareni i vo agonija, i nema uste dolgo da izdrzat. Ili ke se dignat, ili ke ispoumrat. I vo dvata slucaevi nema da bide isto za ovie od prvata Makedonija. Idemo dalje, pa ke vidime sto ke se slucuva. Mozebi Kinezite ke ne spasuvaat.
Alek, 17.05.2012 00:25:37
Neka pochnat da mislat na narodot, a ne na rejtinzite. Dosta so lagi i manipulacii, barame iskrenost i chesnost, i normalno, podobar zivot.
USA, 17.05.2012 02:31:07
Ako se pravi anketa za da formira, namesto da informira za necie mislenje, toa se vika propaganda. Agencijava ne treba da se napadja. Ednostavno neka se proveri dali vo nekoi minati predizborni anketi si ja odrabotila rabotata. Ako ne......... Na minatite bese UTKA.
bitola, 17.05.2012 06:28:46
spored prethodnite komentari,milo mi e sto narodot uviduva deka sds-vmro se KURTO I MURTO,i samo gledaat na vlast da se i da se krade......
sam, 17.05.2012 07:07:47
obrnete se malku na okolu što dobi Libijskiot narod Irak Egipat Sirija tamu e problemot nafta a kaj nas borba za vlast Branko si penzioner maž i tatko kaži zbogum so politikata i ne go delite narodot
ФЕЛИКС, 17.05.2012 07:39:23
Иако Рејтинг агенцијата ја бие глас за блискоста кон опозицијата( Спасов)некои делови од анкетата би ги прифатил.Тоа би се однесувало на безбедноста,економијата и позицијата на опозицијата.Спиралата на стравот за безбедноста е таква поради петкратното убиство и радикалните протести на подржувачите на притворените. Економијата е ваква каква што е со децении,сосема малку има напредок во неа но кој граѓаните уште не почуствувале бенефит во тоа.Опозицијата е сместена таму каде што и припаѓа,две третини негледаат во неа алтернатива.Се насетува во анкетата два анимозитета,едниот е кон власта и од таму само околу 4% разлика.Другиот анимозитет е кон лидерот илузионист и затоа на опозицијата не и веруваат над 60%.Е сега се очекува истрчување на Прогрес кој сето ова ќе го надгради во полза на опозицијата и П.Шатев да сето ова го урниса.Редоследот на појавување не е важен.
stevo, 17.05.2012 08:46:13
Nezavisniot Vladimir Bozinovski ceka da si ja smesti sestra mu vo MInistrerstvo za kultura, stana izvrsitel na sramni anketi, ne znae da komentira ukradeni izbori i e del od fabruikata za manipulacii na VMRO. Toj nema kredibilitet da dava mislenje vo vasiot vesnik, zasto takvi partiski vojnicinja se sram za opstestvoto
nekoja, 17.05.2012 10:23:26
Za prv pat se soglasuvam so Jovan za se. Posebno za toa deka mozegbi Kinezite ke ne spasuvaat.
jovan, vlada @, 17.05.2012 10:24:56
Од мерења преку глава му дојде на народот на кој му е поголем и на кој му се дига или спушта рејтингот :D! Рејтинг, Шатев, Чуповски, ЦИА и сите други агенции чија задача им е да им ги мерат на големиве партии на кого му е поголем во одредено време и простор рејтингот :D. Дали сте приметиле дека во последно време мерењето стана национален спорт во Македонија, наместо тие агенции за кој ги плаќаат партиите да направат некој покорисни работи со што би се подобрила ситуацијата да дадат предлози што да се направи во одреден сегмент во општествтото и државата а не да млатат празна слама и да земаат пари како мерачи. Епа досат се мерачи на големини, време е овие агенции да се зафатат со сериозни исртражувања и врз база на тие истражувања да понудат конкретни решенија на власта и на опозицијата како работите да се подобрат со тоа да се подобри и животот на граѓаните на оваа напатена држава.
Омар Муса, 17.05.2012 10:26:30
Така е УСА , ти верувај само на „Павел Шатев“ и „Димитрија Чуповски“ , се до денот кога ќе се разбудиш!
emerit_prof, 17.05.2012 10:55:00
Евентуално формирање на трета опција (составена од луѓе кои не се извалкале во минатото), токму во моментов има најголема шанса за успех. На народот му е доста од оние кои веќе биле на власт и се виде дека покажувале или алчност или глупавост или пак и двете заедно. Најдобра опција би била некаков центар - ни лево, ни десно, со јасни критериуми за отчет. Борба против криминалот, протекциите, непотизмот. Давање подеднакви шанси на секого. На стартот на владеењето на оваа влада на народот му се причини дека ќе има некакви подобрувања, и дека се ослободи од една привелигирана и арогантна банда. Но, со глупавите трошења за споменици и слични непродуктивни а забегани проекти владата ќе падне. Невработеноста си останува иста, сивата економија селективно се толерира. Најквалитетните кадри во голем процент се без работа или заради опстанок работат нешто друго или се во странство.
od ostrijot, 17.05.2012 10:55:24
da rejtingot e mnogu vazen za makedonskijot narod 80% i neznajat sto znaci zborot rejting.
Mudrec, 17.05.2012 11:07:57
Sigurno bile ispitani samo chlenovi na SDS:). Ke vidime na izbori kakvi se rejtinzite. Ke imate li doblest da se izvinite koga ke ispadne deka pak greshite? Jas od druga strana javno ke vi chestitam ako ovojpat pogodite (iako utnuvavte sekoj pat do sega).
zz, 17.05.2012 11:24:43
a kako da naprajme front na siromasi i nevraboteni koj ke glasssa za samite sebe ne za doktori ne za direktori ne za uciteli ne za vraboteni vo javnata administracija. ovie nevraboteni i siromasni trebaat da gl;asaat za takvi kako niv .
Bafomet Sekularki Manchevsky Dragon Fly, 17.05.2012 11:54:58
Да Јован: Постојат две Македонии ( горна и долна ) составена од: професионални македонци и македонци во агонија или: во делириум тременс. Професионалниве македонци: ВМРО ДПМНЕ и ВМРО СДСМ, си се вртат како на вртелешка и си гомилаат капитал, останативе пак не энаат каде да се эавртат. Дали да ги нахранат пенэионерите? Некои од нив имаат и до 2000 евра пенэија... Дали да платат эаостанати сметки на коалицијата ВМРО ( ДПМНЕ СДСМ ) или да ги нахранат сопствените деца. И кога еден сака да направи Кина од Македонија, веројатно помислува на плата од 23 $ пер капито, но эаборава дека еден кинеэ може да живее цел месец со таа плата. Сепак најголемиот виновник эа сето ова е лажниот христијански морал всаден во нас. Тој ни вели: Не убивај! Остави тој да ги убие твоите деца! Ете тука лежи и решението и одговорот, и наместо сервис на граѓаните оваа калакурница се претвора во еден голем Харлем на апатични гниди и промисквитетни копиљаци. Бог ќе исправи. Арно; но и тој е во сојуэ со ЕУ и НАТ��...
Pavel Satev klepa nova anketa!, 17.05.2012 12:09:38
Sega ce vidite svetski poznatata Pavel Satev koga ce vi sklepa anaketa i so kakvi brojki ce padnete na gaz!!!
suze, 17.05.2012 13:00:51
Море ако и тие од Павел Шатев учеле економски во Прилеп,знаеме што ке направат со бројките.
Oskar, 17.05.2012 13:07:43
Bravo Jovane, odlicno sroceno. Jas predlagam promeni, ako treba sekoja godina da odime na izbori, po sekoja storena greeska na vladata, kako ni edna partija ne bi se osetila komotna. Cetiri godini e predolgo za vakvi partii koi se umislivaat i zaogjaat vo arogancija.
Пеце, 17.05.2012 13:28:25
Ништо од „бранот“ на Груевски. Ако сака да му порасне рејтингот треба и да затвори неколку градоначалници, министри и повеќе директори. Сите градоначалници на ДПМНЕ од тендерите веќе си заработија по неколку станови и по некое милионче во странските банки.
Shuna, 17.05.2012 13:29:51
Pozdrav do Jovan, mi gi zede zborovite od usta... Predlagam tvojov tekst da se najde na site naslovni strani na pecatenite mediumi vi RM. Ke se osmeli li Vecer na primer da go stori toa?
mitre, 17.05.2012 14:08:42
Komentarot na Jovan e na mesto........za zal toa e surovata Makedonska realnost i BEZIZLEZ....... Ova mu e potpolno jasno i na Feliks, koj e od Prvata Makedonija.........
Трпе, 17.05.2012 14:23:21
Дел од македонското гласачко тело не разбира за што се бори десницата а за што левицата.Иако во РМ тоа баш и не е расшистено.Позицијата се фали дека на последните избори ги имат добиено гласовите од народот и затоа се мнозинство.Многу добро е познато со колкава разлика победија и од кого и како ги имат добиено гласовите.Голем број на гласови имат добиено со уцени или купени од неписмени гласачи за цена од 10 до 50 евра.Затоа се на власт овие кои веќе не требаше да бидат власт, поради ненаменско трошење на народните пари со голем криминал и загрозување на безбедноста во државата.
adi, 17.05.2012 16:20:36
Dosta se Fali VMRO- DPMNE

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

Што прават денеска
 


Site Meter


Време
Скопје, 25°C

Делумно облачно

Недела
Делумно облачно
Макс: 26°C, Мин: 10°C

Понеделник
Локални грмотевици
Макс: 26°C, Мин: 11°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |