Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
16.05.2012, 17:05

Протестите ја враќаат ЛДП кај Црвенковски?

Андреј Жерновски не ја исклучи можноста за заеднички настап со СДСМ на митингот во Скопје на 2 септември

Наум Котевски


Ако се земат предвид моменталните временски варирања, не може со сигурност да очекуваме дека ќе имаме долго топло лето. Но, лидерот на најголемата опозициска партија СДСМ, Бранко Црвенковски, завчера на јавноста и' загарантира долго и динамично митингашко лето, кое треба да стартува на 3 јуни со протест во Струмица, а да финишира со „големиот општонароден“ митинг во Скопје на 2 септември. Протести, претходно, најавија и потенцијалните нови партнери на СДСМ - ЛДП, ВМРО-НП, ОМ и Достоинство.

Тоа практично претставува промена на стратегијата на СДСМ откако како што велат од најголемата опозициска партија, се исцрпиле можностите за институционална битка, но и по низата критики упатени на нејзина адреса дека таа мора да се ослободи од прангите на својата пасивност.

Покрај опозицискиот притисок врз власта, Црвенковски ќе се обиде со митинзи да му порача на ВМРО-ДПМНЕ дека, сепак, не е политички мртов.

Црвенковски за некого можеби поседува шарм како Пол Њумен, кој беше брилијантен токму во „Долго топло лето“, но прашање е колку тоа, во оваа поинаква етапа од неговата кариера, кога инаетчиски се бори со падот, а не со подемот, може да му донесе многу поени во нарушениот политички кредибилитет. Црвенковски свесен за таквата реалност, оправдано и прагматично повторно ја отвори вратата за победничката можност за создавање широка коалиција која ќе ја предводи СДСМ, по теркот на коалицијата наречена „За Македонија заедно“, формирана 2000 година, која ја собори Владата на ВМРО-ДПМНЕ со околу 600.000 гласа.

„Ќе разговараме и со другите партии. Нашата идеја за формирање широк опозициски фронт останува. Во изминатиов период се случуваше еден сосема природен процес, прво да се групираат и да остварат меѓусебна соработка партиите од своите природни кампуси. Да речеме, десничарските партии и партиите од центарот да го направат тоа. Таа фаза како што гледаме привршува и сега се отвораат можности за разговори со нас. Во наредниот период ќе бидете сведоци на такви контакти и на такви средби“, рече Црвенковски, отфрлајќи ги идеолошките разлики како можен проблем.

Тој додаде дека првин ќе види каков договор постигнале другите партии меѓу себе. „Дали ќе разговараме со сите партии одделно, или со сите одеднаш, допрва ќе видиме“, додаде Црвенковски.

ВМРО-Народна партија, ЛДП, Обединети за Македонија и Достоинство, во понеделникот, со собирот на 29 мај во „Домот на културата“ во Охрид, го најавија стартот на една од своите главни мисии - разбивање, како што велат, на стравот всаден длабоко во свеста на граѓаните. Лидерот на ЛДП, Андреј Жерновски, на фрлената ракавица од Црвенковски вели дека моментно е добро што критиките упатени кон власта доаѓаат од повеќе страни.

„Ние ги поддржуваме сите активности на која било партија, кои се насочени кон уривање на оваа власт. Очигледно е дека за суштинските проблеми, нарушените демократски процеси, економскиот застој, евроатлантските интеграции размислуваме исто со СДСМ. Тоа недвосмислено отвора можност за преговори“, вели Жерновски, кој не верува дека широкиот опозициски фронт ќе се формира до првиот митинг на СДСМ на 3 јуни.

„Разговорите ќе продолжат. Не е исклучено тие да кулминираат со заеднички настап на големиот митинг во Скопје во септември“, потенцира Жерновски.

Најавената улична демократија, дефинитивно, е обид опозицијата да се претстави во поинаква светлина од она кое, да речеме, поранешниот висок функционер на СДСМ, аналитичарот Ѓорѓи Спасов уште на крајот од минатата година го оцени со констатацијата: „Опозицијата е статистичко биро кое само ги брои жртвите на власта“.






Статијата е прочитана 2528 пати.

Испрати коментар



Ќе извезуваме вино во Кина
Незадоволството на граѓаните се одрази на рејтинзите
Грчките лидери договорија вето за секој случај
Вељаноски ги смести на дно опозициските закони



analiticar, 17.05.2012 06:15:05
zalno za Makedonskiot narod sto ne moze da se otrgni od kandjite na vmro-sds,se gleda deka narodot se umore od gradenje spomenici,pa sega ke ni dojde oktopodot[bankarot],Sitkacot.....
sando makedonac, 17.05.2012 06:54:59
Branko ke napraviš od Makedonija Libija što dobi narodot Libijski so opozicijskata vlast siromaštvo i ruševini a italija i fransija nafta taka i Makedonija izmegu dve partii žrtvi Makedonski a neprijatelot podelba na Makedonija se trudat za teritorii i vlast toa treba da se izbegne da ne se sluči FALA
bitolaman, 17.05.2012 07:17:53
Vo makedonija ima edna pogovorka:slozni kalugeri i vo petok mrsat.dokolku se nadminat licnite sueti i se stavi interesot na graganite vo preden plan,neminovno e obedinuvanje na site protiv ovaa rasipnicka nedomakinska vlast.uspehot potoa e garantiran.no... posle doaga teskiot del,koga ke treba da se razoblici siot kriminal sto e praven nvo poslednite 6 godini i se izvadi pred liceto na pravdata.zosto samo taka ke si dojdat rabotite na svoj red,pa ke bide poraka i za narednata vlast da ne se drznuva kon kriminal zosto narednite sto ke dojdat istiot ke go sankcioniraat.
ФЕЛИКС, 17.05.2012 07:46:52
Од како го пробаа пелин соло настапот на изборите ЛДП повторно се нудат за шлеп,,удавача,,.Не може да се издржи вака маргинализиран од главните текови во политиката која ја креираат и практикуваат големите партии.Со шлепањето ќе се освои пратенички мандат и некое можеби министерско место а солирањето носи ем пораз ем неважност на партијата.Да се прашувам јас би донел закон да коалицирањето биде после изборите.Да се види кој колку вреди и дали е потребен за коалицирање.А и ќе имаме бенефит што политичката сцена ќе се ослободи од пајтон партиите кој ги има околу 50 и во двата политички блока.
Кемал Ататурк, 17.05.2012 08:47:33
КАКО БЕШЕ ОНА НА ЛДП ЗМИЈА ИЛИ МГАРЕ ?
dejavu, 17.05.2012 10:40:11
Aman bre so tie mitinzi. Dajte ni nekakva alternativa, inaku nisto nema da se promeni, ama bas nisto.
Dlno Vodno, 17.05.2012 11:55:53
Dali go ima(a go ima) sharmot na Pol Njumen ili Gregori Pek, Branko e edinstveniot dostoen i politicki potkovan, uspeshno da ja obedini celata opozicija. Samo tako voedineti ke mozat da go spasat nasiot narod od denesnava polozba vo koja gi donese nerazumnava egoisticna Vlada. Neka site obedineti okulu Crvenkovski mislat pred se na idninata na Makedonija, pred da se interesiraat za licniot interes! Smetam deka e krajno vreme, Zzernovski da ne razmisluva koga i dali ke se prikluci na povikot na Crvenkovski, tuku toa neka go stori sto poskoro,vednas! Zzernovski bese edinstveniot koj znaese da gi brani interesite na Makedonija vo Strazburg. Ne vikam deka BC e bezgresen, no negovite greski se sosema covecni; ambiciozen e i uporit,sto e pozitivno iako nekomu toa mu preci,pa ako ne prodolzime da mu stavame sopki, da gi citame komentarite na platenicite i da padneme pod nivno vlijanie,na Branko ke mu pomogneme da uspee!B C ne go interesira kariera vo koja dostigna do vrvot;sama MK
До Фаликс, 17.05.2012 12:13:40
Човече , ти би забранил предизборни коалиции?! Па твоите од „Жолтата куќа“ се во виножитна коалиција од 25 партии! Еве сега , со Амди , да сте имале и Црнец!Не ги заслужуваш ќебапите!

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

Што прават денеска
 


Site Meter


Време
Скопје, 18°C

Ведро

Среда
Ведро
Макс: 31°C, Мин: 13°C

Четврток
Сончево
Макс: 34°C, Мин: 15°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
ОДБРОЈУВАЊЕ ДО ОЛИМПИЈАДА
Остануваат уште 9 дена до почетокот на Олимписките игри во Лондон...
Олимпискиот факел од утре во Лондон
Факелот утре со хеликоптер ќе биде спуштен со јаже до „Тауер Бриџ“...
Штрајк на таксистите во Лондон
Таксистите го блокираа сообраќајот поради забраната за користење на т.н. олимписки патеки...
Венлок маскота на Игрите во Лондон
Американски и австралиски олимпијци се „загубиле“ во Лондон
Северна Кореја очекува медал
Добредојде за првите олимпијци

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |