Брoj 2718  понеделник, 23 јуни 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска
Наука

Претходен број


Site Meter
Спорт

Подвиг на Ренова на „Кантрида“

Во првиот натпревар од првото коло во Интертото купот тетовци одиграа без голови во Риека

Фудбалерите на Ренова успешно дебитираа на европската сена бидејќи во првото коло од квалификациите за Интер тото купот играа нерешено 0:0 со хрватскиот претставник Риека на стадионот на Кантрида. Тетовчаните ги изненадија малубројните гледачи, ги имаше околу 600 меѓу кои и 70 нивни навивачи кои со два автобуси допатуваа од Тетово, со одлична игра и малку требаше дури во финишот на мечот кога имаа две поволни шанси дури и да победат. Иако изморени од долгиот пат со автобус кој траеше повеќе од 15 часа, фудбалерите на Ренова беа достоен противник на фаворизираниот тим на Риека кој пред мечот се сметаше за апсолутен фаворит, дури и домашните играчи предвидуваа победа од 3:0. Навистина во првото полувреме домаќините имаа повеќе шанси, веќе во првата минута Бадрушиќ беше сам пред голот на Елези но голманот на тетовчаните одлично интервенираше а од 28 минута Џоловиќ упати вистински проектил од околу 20-тина метри но Елези повторно беше на своето место и успеа да го одбрани овој тежок удар.

Колку што одминуваше времето играчите на Ренова се повеќе ја воспоставуваа рамнотежа на теренот, добро се бранеа но и опасно напаѓаа за да во 74 и 82 минута Исмаили и Ибраими беа во мошне поволни прилики но за среќа на домашните не ги искористија.

По натпреварот тренерот на Ренова Влатко Костов беше презадоволен од резултатот.

-Можам само да им честитам на моите фудбалери на една храбра и борбена игра, заслуживме нерешен резултат и сега имаме големи шанси да победиме во реваншот и да се пласираме за натамошните натпревари во Интер тото купот. По натпреварот домаќините беа мошне коректни, речси сите ни честитаа за добрата игра а морам да кажам дека бевме и срдечно пречекани од хрватскиот претставник.

Реваншот ќе се игра в сабота на 28 јуни на Градскиот стадион во Скопје со почеток во 17 часот.

Мечот многу добро го судеше полскиот судија Хуберт Сајовиц. Ренова играше во состав: Елези, П.Стојанов, Деспотовски, И.Стојанов, Станковиќ, Нухиу, Трајчев, Емини, Мемеди, Ибраими, Исмаили. (М.М.)


Статијата е прочитана 301 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Спорт
Ништо од контролниот меч со Украина, се чекаат Словачка и Швајцарија
Петковиќ замина, Шундовски нов тренер на Металург
Руска револуција на ЕП, Холандија се враќа дома
По пласманот во полуфиналето цела Русија во транс
Робињо како замена за Кристијано Роналдо?
Новото фудбалско првенство на Македонија почнува на 3 август
Ван дер Сар се прости од репрезентативниот дрес
„Лекип“- Турција е бесмртна
Билиќ- Ниту судијата ниту лошата среќа, сами им дадовме шанса
Турција против Германија без Нихат и со само 14 играчи
Потешко не можеше за ракометарите
Маса прв во Франција и севкупно
Рединг (15) најмлад Гран-при победник
Холанѓаните дивееја во Базел