Петковиќ замина, Шундовски нов тренер на Металург
Неочекувано, кога Металург ја освои титулата шампион на Македонија и ќе игра во квалификациите за Лигата на шампионите, тренерот Јошко Петковиќ си замина од клубот поради недоразбирање со челните луѓе. Петковиќ некако во последните денови беше мошне пасивен, не можеше да најде заеднички јазик со луѓето кои го водат Металург околу засилувањата за новата сезона и дојде до разделба, со еден збор, Металург му се заблагодари на Петковиќ и тој си замина од Скопје.
Меѓутоа, Металург не остана долго без тренер, новиот шеф на стручниот штаб на металурзите ќе биде Звонко Шундовски, помошникот на селекторот Илија Темелкоски во репрезентацијата на Македонија, а нему во работата ќе му помага Андон Бошковски.
Играчите на Металург добија одмор до крајот на јули, кога ќе почнат подготовките за новатга сезона и кога ќе се знае противникот во квалификациите за Лигата на шампионите. Ждрепкаа е за неколку дена во Виена.
Инаку, Металург покрај тренерот Јошко Петковиќ го напуштија и Макаловски, кој потпиша за Вардар Про и вториот голман Синиша Стоиновиќ кој се врати во Србија, но не е познато, каде ќе брани.
Што се однесува за новите засилувања Металург има желба да го ангажира голманот Данило Брестовац кој со голем успех бранеше во Франција како и Недановски. На списокот на желбие се и двајца репрезентативци на Египет, кои неодамна играа на Трофејот Македонија во нашата земја, но со оглед дека постои голема процедура околу добивањето на дозвола од Египетската федерација, нивното ангажирање е неизвесно. (М.М.) |