Брoj 2718  понеделник, 23 јуни 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска
Наука

Претходен број


Site Meter
Спорт

Потешко не можеше за ракометарите

Македонија на СП во група со Германија, со Полска, со Русија, со Тунис и со Алжир

Роберт Димитриевски

Господ не ја слушна молбата на капитенот на ракометната репрезентација на Македонија, Кирил Лазаров, кој ни на сон не ја посакуваше Русија во нашата група на 21. Светско првенство во Хрватска. Покрај Русија, Севишниот се погрижи во групата Ц избраниците на селекторот Иле Темелковски да ги добијат и бранителот на титулата Германија, вицешампионот Полска, четвртопласираниот од СП 2005, Тунис, како и Алжир! На стартот, на 17 јануари, црвено-жолтите ќе играат со Тунис, утредента со Алжир, а ден потоа со Полска. Дваесетти јануари е слободен ден, по кој следуваат дуелите со Германија и наредниот ден со Русија. Градот-домаќин на групата се' уште не е официјализиран, но со голема веројатност тоа ќе биде Вараждин, чијашто нова сала има капацитет од 4.000 места за седење.

„Најголемиот душман да ни ја избираше групата, немаше вака да ја состави!“, реагира Темелковски. „Да се помине ваква група е рамно на медал. Но, нема место за жалење. Коба би почнале со две победи, а потоа достојно да им се спротивставиме на фаворитите, па што биде“.

„Во прв момент бев шокиран кога ги слушнав противниците во групата, но потоа сфатив дека ова е голем предизвик за нас, за докажување на квалитетот што неспорно го имаме, дотолку повеќе што слушам дека сите во групата веќе ги впишале двата бода од мечевите со нас. Ако не красат борбениот дух, другарството и патриотизмот од квалификациите, можеме да бидеме и најпријатното изненадување на првенството“, оптимист е капитенот Кирил Лазаров. „Имаме добар распоред, треба да се фокусираме на првите две средби и да не се заморуваме однапред со некакви Германии, Полски и Русии. Уште денес треба да почнеме да се подготвуваме, бидејќи со импровизации и со кампања во минута до 12 ништо нема да направиме. Ако во квалификациите баравме поддршка од навивачите, сега таа ќе ни биде двојно попотребна. Хрватска не е далеку“.

„Најтешка можна група, но, за среќа, распоредот е поволен. Ако воопшто сакаме да направиме нешто во групата, мораме на стартот да го совладаме Тунис, а потоа и Алжир, против кого сме фаворити, по што ќе се обидеме да изненадиме еден од трите фаворита. Според мојата теорија, најмали ни се изгледите против Полска, зашто тоа ќе ни биде трет натпревар во три дена, па логично е да не стигне заморот. Со Германците, објективно, нема што да бараме и најверојатно ќе се штедиме, па, колку и да звучи чудно, нашата шанса е Русија во последното коло“, смета јунакот од баражот со Исланд, голманот Борко Ристовски.

Од ривалите во групата Македонија досега има играно против трикратниот светски првак Германија, од која загуби со 36:25 на СП 1999 во Египет, како и со двократниот светски шампион Русија, со која ремизира 26:26 на ЕП 1998 во Италија. На последното СП минатата година домаќинот Германија беше прв, Полјаците втори, Русите шести, Тунижаните 11., а Алжирците не учествуваа.

На својот единствен мундијал Македонија го освои 18 место. Покрај од Германија, генерацијата предводена од Пепи Манасков тогаш загуби и од Куба со 32:18, потоа од Бразил со 30:27 и од Египет со 30:24, а ја совлада Саудиска Арабија со 28:21.

Домаќинот со Шведска и со Шпанија

Во групата А ќе играат Франција, Унгарија, Словачка, Романија, второпласираниот во панамериканските квалификации што ќе се одржат од 24 до 28 јуни и Австралија. Групата Б ја сочинуваат домаќинот Хрватска, потоа Шведска, Шпанија, Јужна Кореја, Кувајт и третиот од Панамерика. Во групата Д ќе се натпреваруваат Данска, Норвешка, Египет, победникот од Панамерика, Србија и Саудиска Арабија.

Првите три селекции од групите А и Б ќе формираат нова група во која ќе ги пренесат бодовите од меѓусебните дуели од прелиминарната фаза, а така ќе се вкрстат и групите Ц и Д. Двете најдобри од двете групи од вториот круг ќе се судрат во полуфиналето. Тимовите од четвртото до шестото место во своите групи од првата фаза продолжуваат во т.н. Претседателски куп, во кој ќе разигруваат за пласман од 13 до 24 место.

Светското првенство ќе се одржи од 16 јануари до 1 февруари 2009 година во шест хрватски градови: Загреб, Сплит, Задар, Осиек, Пореч и Вараждин. Шампионатот ќе го отворат Хрватска и Кореја во Сплит.


Статијата е прочитана 366 пати.

Испрати коментар

Од: Velin
Датум: 23.06.2008 04:14:20
Aj da ne kukame uste od sega.Ima vreme i so dobri podgotovki se ke e OK.Nekoj treba da im kaze na momcite oti se podobri od poljacite i rusite samo ne znam dali ima takov.Ne se potcenuvajte sami bre eeej i ne gi precenuvajte drugite oni ne letat.
Од: Todor
Датум: 23.06.2008 09:59:28
Pak istata prikazna-odnapred strav i vpisuvanje na sigurni porazi! Potsetuva na Evr.prvenstvo vo kosarka 1999 koga odnapred razmisluvavme deka od Francija i Jugoslavija gubime i deka sansa ni e Izrael, pa koga Francija ja imavme vo race Bocevski zakuca vo obrac!? Pa neli ke zarevme i palevme? Da ne sakame da ni se padnat Andora, Albanija, Burkina Faso i Ekvatorijalna Gvineja!? Treba da se razmisluva uste od denes kako da se stigne do site 5 pobedi, a ne kalkulacii!!!
Од: Tim Tim
Датум: 23.06.2008 10:02:27
Imame odlicna ekipa. Siguren sum deka ke dadat se od sebe za sto pogolem uspeh. Treba da se zeme eden dobar psiholog, koj sto ke im pomogne da se podgotvat psihicki (mislam teniserite imaa psiholog od Germanija, od koj sto imase i rezultat). A da go poslusame i Kire, ene kade e Hrvatska. Poblisku svetsko prvenstvo na koe sto ucestvuva Makedonija, tesko deka ke doziveeme. Zatoa, avtobusi, vozovi, avtomobili avioni pod gaz i sto pogolem broj vo Hrvatska! Sreno !!!
Од: zoki
Датум: 23.06.2008 10:40:50
Samo napred decki,kako sto rekov i prethodno,bidete hrabri,drski,grubi i daj boze nekoj da ve potceni od tie golemite pa da vidat so kogo imaat rabota,veruvam vo Vas kako sto veruva i celata Makedonska nacija,napravete rezultat sto ke bide za pamatenje.Uste nesto sakam da kazam a toa e najvazno, FIZICKI MORA DA BIDETE MNOGU SPREMNI 200%, imate vreme pocnete uste sega,veruvam deka lugeto od RFM i vladata na RM ke Vi pomognat za da gi imate site uslovi za podgotovki i pripremni natprevari.Sakam uste nesto da prasam ako moze nekoj da mi odgovori na e-mail [email protected], kade moze da se kupi DRES od makedonskata reprezentacija da kazeme od Lazarov,Ristovski,Mojsovski,Dimovski i od drugite rakometari, so gordost ke gi nosime koga ke navivame za niv.Vi posakuvam golem uspeh,pozdrav do site rakometari i uste ednas ke kazam bidete fizicki mnogu spremni.
Од: dean
Датум: 23.06.2008 12:21:09
ne upatuvajte odma navredi deka odme sme pocnale so kukanje,placenje i slicno. toa e samo realnost deka objektivno sme so poteski protivnici koi imaat debelo dopsie zad sebe.tie se redovni ucesnici i ocvojuvaci na medali,i toa ne e zanemarliv fakt. ni trebe samo da im dademe podrska na nasite heroi i da im kazeme da igraat so srce,kako i dosega,da im se obezbedi dobra podgotovka i deka koga mozea da go rasturat i da go frlat na kolena dzinot ISLAND sekako deka mozat da se nosat i so grupava. napred,bez niokakov strav i respekt. CAREVI!!!!!!!!! p.s. zoki javi se vo rfm(najdi broj na informacii) i prasaj za dres.eden prijatel mi kaza deka preku rfm prodavale dresovi so iminja po okolu 1000 denari.proveri tamu.
Од: pece
Датум: 23.06.2008 12:49:29
pokazavme deka znaeme da igrame ni sram ni perde na site ke im se sluci isto kako na islanganite vo skopje. samo da ima drugarstvo i sloga vo reprezentacijata Borko e zakon NAPRED SO KRENATI GLAVI
Од: Ivana-r.k.metalurg-skopje
Датум: 23.06.2008 16:02:59
stom go pobedivme Island mozeme da se nosime i so Rusija...samo napred ama ke bide potrbna OGROMNA poddrska od navivacite,taka da apeliram vo Hrvatska da odime vo sto pogolem broj...a do Vas kako vesnik uste od sega da upatite molba kako predlog za da ima organiziran prevoz do Hrvatska...POzdarv i samo napred mozeme da se nosime

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Спорт
Ништо од контролниот меч со Украина, се чекаат Словачка и Швајцарија
Петковиќ замина, Шундовски нов тренер на Металург
Руска револуција на ЕП, Холандија се враќа дома
По пласманот во полуфиналето цела Русија во транс
Робињо како замена за Кристијано Роналдо?
Новото фудбалско првенство на Македонија почнува на 3 август
Ван дер Сар се прости од репрезентативниот дрес
„Лекип“- Турција е бесмртна
Билиќ- Ниту судијата ниту лошата среќа, сами им дадовме шанса
Турција против Германија без Нихат и со само 14 играчи
Подвиг на Ренова на „Кантрида“
Маса прв во Франција и севкупно
Рединг (15) најмлад Гран-при победник
Холанѓаните дивееја во Базел