Брoj 2718  понеделник, 23 јуни 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска
Наука

Претходен број


Site Meter
Спорт

Билиќ: Ниту судијата ниту лошата среќа, сами им дадовме шанса

По шокантниот пораз од Турција селекторот на Хрватска Славен Билиќ бил толку скршен што размислувал тотално да се откаже од фудбалот. „Многу болка ми нанесе овој натпревар и мислев не само да заминам од селекторското место туку воопшто од фудбалот. Но сега по неколку дена мислам дека овие момчиња има што да кажат и во иднина. Нашиот план пред ЕП беше да дојдеме до финале. Но тоа не се случи. Долго останавме во соблекувалната, сите беа тажни. Поголемиот дел плачеа...“, откри Билиќ, кој кажа дека е исклучително горд на своите фудбалери.

“Направивме голем успех со самиот влез во вториот круг и начинот на кој дојдовме до тоа со три победи. Бевме големи во однесувањето и во квалитетот на нашите игри. Се простуваме од ЕП без пораз. Но разочарани сме бидејќи сакавме финале“, додаде Билиќ, кој смета дека примениот гол не е несреќа, туку грешка.

„Пеналите се среќа, а голот што го примивме е наша грешка. Требаше подобро да реагираме кога дојдовме во посед на топката. Прерано почнавме да славиме. Ние им дадовме шанса. Ова ќе не следи цел живот, но моите играчи се херои“, потенцира Билиќ, кој не го смета за виновен ниту судијата Росети, кој остана „ладен“ на неговото барање за замена.

Фатих Терим: Турција е великан



По големата победа на Турција над Хрватска, селекторот Фатих Терим ја опиша својата земја како „голема фудбалска нација“.

„Она што се случи претставува нешто посебно за нашата фудбалска историја. Нема дилеми, станаваме една од водечките фудбалски сили. Нашиот народ може да ужива. Ако нашите сонародници се гордеат со нас, тогаш и ние се гордееме со нив“, изјави веројатно најдобриот тренер што Турција некогаш го имала.

Еден од стрелците во сега веќе историската пенал серија Хамит Алтинтоп вели дека Турција нема намера да се сопне во полуфиналето: „Ако продолжиме да веруваме во себе, се е можно. Добро е што останавме со ладни глави до самиот крај. Во минатото немавме таков пристап и разликата е очигледна“, вели играчот од средниот ред на Баерн.


Статијата е прочитана 632 пати.

Испрати коментар

Од: do zucko(prosinecki)
Датум: 23.06.2008 05:00:50
Kakvi placipicki bea koga zagubija. Ne zasluzi Hrvatska ni tamu da stigne. So sreka dojdoa dojdoa do vtoro kolo.
Од: ozi
Датум: 23.06.2008 16:02:40
Bilich: "se plasam od tursko srce"...ee Gospodine Bilich mislese deka lesno mozes da go zakutes Fatih Terim,ali ne si svesen deka nikoj ne moze da gi zakjuti turcite.....

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Спорт
Ништо од контролниот меч со Украина, се чекаат Словачка и Швајцарија
Петковиќ замина, Шундовски нов тренер на Металург
Руска револуција на ЕП, Холандија се враќа дома
По пласманот во полуфиналето цела Русија во транс
Робињо како замена за Кристијано Роналдо?
Новото фудбалско првенство на Македонија почнува на 3 август
Ван дер Сар се прости од репрезентативниот дрес
„Лекип“- Турција е бесмртна
Турција против Германија без Нихат и со само 14 играчи
Потешко не можеше за ракометарите
Подвиг на Ренова на „Кантрида“
Маса прв во Франција и севкупно
Рединг (15) најмлад Гран-при победник
Холанѓаните дивееја во Базел