Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Економија
05.03.2012, 17:27

Тутунски од Прилеп тоне во загуби

Тутунски комбинат - Прилеп за 2011 прикажа загуба од 1,26 милијарди денари, или 20 милиони евра, која е речиси четири пати повисока во однос на онаа од 2010 година, кога загубата била 343,7 милиони денари.

Компанијата бележи раст на приходите од 1,307 милијарди денари, но расходите се далеку поголеми и изнесувале 2,51 милијарди евра.

За загубите во кои се' повеќе тоне комбинатот нема официјални информации од Тутунски - Прилеп. Директорот Алекандар Дерменџиев не одговара на телефонските повици, а во фирмата никој не сака јавно да говори. Вработените кои инсистираат на анонимност велат дека редовно им се исплаќаат плати и придонеси, но капацитетите на фабриката се речиси празни. „Извоз речиси нема. Месечниот пласман на цигари на домашниот пазар изнесува околу 60 тони. Тоа се екстремно мали количества ако се прави споредба со добрите времиња пред 15-ина години. Но, најлошо е што не знаеме што не' чека“, коментираат тајно вработените.

Акционерско Собрание е закажано за 12 овој месец. Се очекува дека тогаш конечно ќе бидат усвоени мерки за спас на фирмата од финансискиот колапс, кој трае со години и е резултат од недомаќинското работење, на секоја раководна гарнитура без исклучок, до доаѓањето на новата.

Акционерите и вработените очекуваат и се надеваат дека овој менаџерски тим на чело со Дерменџиев и со поддршка на Владата ќе најдат излезни решенија за комбинатат да опстане. Тие се заинтересирани за продажба на стратегиски инвеститор. Но, велат дека воопшто нема најави дека некоја странска компанија од овој бизнис покажала сериозен интерес за влез во Комбинатот, на чие салдо се евидентирани огромни загуби и околу 1.100 вработени. (Мн.Т.)


Статијата е прочитана 386 пати.

Испрати коментар



Македонија малку ги користи европските фондови
Стана милионер на 20 години со картичката од Стопанска банка
По 20 години, пицеријата „Мечос“ става клуч на врата
Пешевски
Денес земи, утре врати, а сите плаќаме за камати



prilepcanec, 06.03.2012 09:54:28
E pa kako be taka a? pa kade se cigarite za kina?? alooooo? majkata ni ja rasturivte so lagi. so ovie so tie do niv. kako ne im e sram da lazat. pa kade se kinezite be ej???? pa normalno zaguba koga nedovetni se tie sto go vodat kombinatot. aramilak neviden - kako bese taka i si istana samo sto aramilakot vo parite se zgolemi tripati/ i bas me interesira kaj se onie so treba da lezat vo zatvor?? i ke lezat i ovie ili ne???

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

  


Site Meter


Време
Скопје, 5°C

Облачно

Петок
Мешавина од дожд и снег
Макс: 7°C, Мин: -1°C

Сабота
Мешавина од дожд и снег
Макс: 10°C, Мин: 1°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |