05.03.2012, 17:26 По 20 години, пицеријата „Мечос“ става клуч на врата
В четврток ресторанот ја организира последната забава со која овој бренд ќе замине во историјата
Сања Наумовска
Една од најстарите пицерии во Скопје, „Мечос“ в четврток престанува со работа. Симболично, со осмомартовска забава ресторанот ќе замине во историјата. Кризата, која изминатите месеци затвори голем број трговски објекти, затропа и на вратата на култната кафеана, која повеќе нема да ги храни многубројните љубители на добрата италијанска кујна. Амбасадори, политичари, уметници, туристи, а најмногу скопјани, нема кој не пробал дел од менито на познатиот скопски ресторан. Само неколку дена постара од македонската држава, пицеријата повеќе од две децении се наоѓаше на истото место во центарот на градот. Вратата на „Мечос“, првпат по отворањето во септември 1991 година, беше затворена непосредно пред Нова година од Управата за јавни приходи. Сопственикот Богољуб Јанчевски вели дека и покрај упорното пркосење на кризата неколку години по ред, решението на даночниците ја прелеа чашата, со што става крај на приказната за „Мечос“. Од угостителски објект кој некогаш вработувал над 20 работници, деновиве „Мечос“ преживува само со седуммина вработени, но и тие за некој ден ќе си заминат дома.
„За неколку дена згаснува еден бренд со голема традиција градена повеќе децении. Некои од постојаните гости, кои низ годините ми станаа и пријатели, велат дека немам морално право да затворам едно вакво култно место како ’Мечос’. Јас, пак, се прашувам, како би постапиле тие да се во моја кожа“, вели Јанчевски. Тој раскажува дека низ годините во „Мечос“ јаделе сите македонски премиери, поранешни и актуелни политичари, амбасадори и дипломати. Седум години по ред, вели Јанчевски, пиците и пастата на „Мечос“ беа број еден на листата на американските дипломати.
Ресторанот, по едномесечната пломба од УЈП, деновиве повторно работи, но за кратко. В четврток се организира последната забава со која овој бренд ќе замине во историјата. Ќе останат две тужби на сопственикот Јанчевски кон УЈП, поради, како што вели, бесправното пломбирање на дуќанот.
„Даночните инспектори го затворија ресторанот бидејќи еден вработен носеше свои лични пари в џеб. Немаше никаков проблем со фискалните сметки, тоа беше утврдено на лице место. Веднаш поднесовме жалба против решението на инспекторите и Управниот суд донесе решение со кое го поништи, поради непостоење опасност од повторување на прекршокот“, објаснува Јанчевски. И покрај тоа, вели тој, пицеријата беше затворена, првпат во својата историја, и тоа во периодот кога требаше да биде најпродуктивна, новогодишните и божикните празници.
„Државата треба да биде заштитник на угостителските објекти, особено оние кои изградиле бренд и кои опстојуваат долго време и покрај економската криза“, смета сопственикот на „Мечос“. „Казната за каков било прекршок во работата“, вели Јанчевски, „треба да биде последната мерка која ќе ја изрекуваат инспекторите. Постојат средства како опомени или обуки со кои ќе се избегнат вакви завршници, како што е со брендот ’Мечос’“, заклучува сопственикот. |
|
Статијата е прочитана 8250 пати.
|
Испрати коментар
|
|
cheda, 06.03.2012 00:30:38 | E sega opozicionerite doma da si gi nosish i da gi nagostish.Ova se loshi vreminja prijatele. Namesto da im ja zatvorish vratata na opozicionerite vo tvojata meana ti so nasmevka gi precekuvashe.E sega pati |
| jimmy1, 06.03.2012 04:19:24 | Da se zatvori edno takvo kultno mesto poradi sto zaposleniot nosel vo sebe svoi pari e nesto cudo nevideno. Vo mojov 64 godisen zivot sum rabotal na mnogu mesta pa duri i vo picerija, sum imal svoj biznis, nikoj dosega ne mi zabranil da nosam svoj pari vo sebe, nitu pak jas sum im zabranil na 20 tinata rabotnici zaposleni kaj mene. Na glupostite sto sekoj den se slucuvaat kaj nas im nema kraj. Nemozam da svatam kakva dolznost treba da vrsat inspektorite, no vo edno sum siguren, za da bides inspektor kaj nas treba da bides covek zver bez nikakvo cuvstvo. Vo zapadnite drzavi najpoveke ispekcija se vrsi za higiena i dali kompanijata gi ima obezbedono site zastitni potrebi za bezbedno rabotenje kako ne bi nastradal nekoj od zaposlenite. Za da dojde danocnata inspekcija treba da bide sigurna deka ima nezakosko danocno rabotenje, ako ne najde nesto nezakonsko treba da plato odsteta a inspektorite e gubat rabotata. Na toj nacin kompaniite se zastiteni od samovolieto na inspektorite od osveta. |
| Ugostitel, 06.03.2012 05:12:00 | Tebe li da te opomenuvaat???Opomenat si stopati siguren sum. Ama nema cel zivot nati parce pica na inspektor i zavrsena prikazna...Aj fakaj metla....Dosta ti e.... |
| do chede, 06.03.2012 07:08:35 | abe seljak eden,gazdata nema da pati.ako toj ne zarabotil do sega ,od sega sigurno nema da zaraboti,ama ima luge sto ziveat od tamu:personal ,dobavuvaci eden kup luge,a i pomalku danok za DPMNE...... |
| xxx, 06.03.2012 07:14:16 | Zal mi e sto zatvaras druze, kako i sekoj drug sto ke zatvori bilo kakov biznis. Vreminjata se menuvaat a i ugostitelskite naviki kaj lugeto. Konkurencijata si go pravi svoeto a ti ne si se prlilagodil na novite uslovi za rabota. A ovaa so kaznava ti e samo povod da gi zabrzas rabotite. Vo sekoj slucaj ti posakuvam se najdobro ponataka i da otvoris nekoj drug Mechos, a vie utrinski nemora da pravite pateticni naslovi od zatvaranje na edna kafana. Kafani ke se otvaraat i zatvaraat i vo idnina. |
| Кафанџија, 06.03.2012 08:38:15 | Мечос можеби има грешка? Но ако е Закон е Закон. А за кафаната Јана (кај Центар за странски јазици), гнездо на ароганзија, пушење до даска, смрдеа на цигари до кјрајност, а резултат ништо. Кој знае колку ли само инспекции за пушење дојдоа но пак ништо. Прашање е дали и казните се наплатени. Миленици на ВМРО и ДУИ.Но на се има крај. Сега е разрушена. |
| robi, 06.03.2012 08:42:42 | grujo ke stavi kljuc na cela Makedonija... |
| do cheda, 06.03.2012 09:00:45 | cheda,
vie ste za zalenje, prijatele.... |
| Bossko, 06.03.2012 09:11:31 | Богољубе, требаше во менито да имаш специјалитети од типот ,,Опозиција на жар,, , СДСМ под вршник,, , ,,комуњарски подварок,, , ,,Бошковски во грне,, , ,,Бранко на ражен,, , ,,Интелектуалци во сос,, е тогаш немаше УЈП да ти стави пломба. А биди среќен што не била бомба. Ако сакаш, драг пријателе од новинарското време, да продолжиш со овој бизнис, а да ти цутат рози, еве ти неколку специјалитети: ,,Пастирска смртоносна прегратка,, , ,,Барок со портокалов прелив,, , ,, Салата од зелени памфлети ,, , ,,Панаѓурска лустрација,, , ,,Гулаш од набилдани алфи,, и како специјалитет на куќата ,,Ќофте од мелена опозиционери,,. Со вакво мени гарантиранано нема пломби. |
| струмица, 06.03.2012 09:40:29 | Kritika dop utrinski, vakvi zlobni komentari ne zasluzuvaat da bidat objaveni, ne pagajte na nivoto da objavuvate tolku podli i zavisni od ljubomora komentari na citateli. |
| Makedonka, 06.03.2012 11:16:43 | Mnogu mi e zal sto zatvorate ama i od komentarite ni e jasno zosto e toa taka. A Vie koi se raduvate na ova zatvaranje najverojatno dodeka Ve zaplisnuva smrdeata od necistiot Vardar ke gi slavite rodendenite zaedno so gradskiot tatko. |
| zapad, 06.03.2012 11:19:11 | zosto togas ne ja zatvorat riviera kafeana vo ohrid tamu kelneri ne vracat suma pomala od 100denari cekat da si odis ili treba da gi brkas ... |
| nepoznato lice, 06.03.2012 11:26:30 | zarem ne ja sfakate serioznosta na ovaa rabota nekogas rabotele 20 luge ranele 20 familii.odednas ostanuvaat 7 a od utre i tie nema da nosat parce leb vo ssvoite domovi |
| Kafani, 06.03.2012 11:55:23 | згаснува еден бренд со голема традиција градена повеќе децении. ..вакво култно место како ’Мечос’.
Od koga ovaa kafana-pcerija stanala golem brend?Pa uste kultno mesto.Kako da ne,kultno.
Ne te biva za rabota,zatvori ja picerijata.Kolku zlatni mesta propadnaa vo Skopje,nikoj ne reagirase,sega ke go zalime ovoj pateticen tip zatoa sto nemal gosti.
PS Samite kafandzii se krivi za nivnata propast.Sto ne se bunea protiv site onie debilni zakoni koi se donesuvaa.Rabotno vreme do 23h,nema pusenje,uste rakija da ni zabranea da se napieme...I nema nikoj,prazno e.Epa nema.
|
| grujo, 06.03.2012 13:22:45 | Ne ti bil vo baroken stil sreden zatoa ti zatvorile.. |
| Nenad, 06.03.2012 14:18:51 | A ne mozat sega mirka i milenko da ti pomognat nekako? Sto testo iznalapaa vo mecos... |
| od gostivar, 06.03.2012 16:52:16 | neka dojdat vo Gostivar da zatvarat kaficite i piceriite kaj site se pusi i ne se izdava fiskalna smetka,vo Gostivar izdavanje na fiskalna smetka se smeta kako nedoverba i sramno,jas i ne znam koga me dale smetka osim vo marketive |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 5°C
Ситен дожд
|
Сабота
Мешавина од дожд и снег
Макс: 9°C, Мин: 1°C
|
Недела
Мешавина од дожд и снег
Макс: 9°C, Мин: 1°C
|
|
|
|
|
|