Број 3250  вторник, 06 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter

Во иста влада, со различни агенди

Груевски на Брдо крај Крањ, Ахмети во Приштина по признание за заслуги за Косово

Соња Крамарска


Додека шефот на македонската Влада, Никола Груевски, рамо до рамо со останатите премиери од Западен Балкан се обидуваше да ја претстави македонската позиција на самитот за европската иднина на овој дел од Балканот, неговиот коалициски партнер Али Ахмети во седиштето на ДУИ во Мала Речица приреди мала прослава.

Причина за прославата беа високите гости од Приштина, ректорот на тамошниот универзитет, Муј Ругова, и директорот на Косовскиот музеј, Арбор Хадри, кои имаа необичен повод за посетата на Македонија: му врачија копија од Декларацијата за независност на Косово на лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Тоа го сторија, како што самиот Ахмети ќе рече во пригодната здравица, во знак на благодарност за досегашните залагања на Албанците од Македонија за независност на Косово.

За македонските аналитичари овие две сосема одвоени агенди на клучните личности кои во политичка смисла се моторот на Владата поминаа сосема незабележано и паднаа во сенка на неуспешноста на неодамнешниот балкански самит што се одржа на Брдо крај Крањ.

Но, однесувањето на Груевски и Ахмети многу говори за политиката на владината коалиција и за најважното - дали ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ имаат заеднички приоритети на кормилото на државата или, пак, секоја од двете партии работи според своја посебна агенда.

Ахмети не го крие податокот дека пред 29 години кога почна битката за косовската независност, тој застана на чело на студентското движење во Приштина. Позната е, на пример, врската меѓу Азем Суља од Косово, кој е член на Партијата за демократски прогрес на Косово, и лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Двајцата беа заедно во првиот генералштаб на ОВК, каде што, исто така, беше и Хашим Тачи. Азем Суља, инаку, е вујко и десна рака на Хашим Тачи, а беше и министер за одбрана во некогашната самопрогласена влада на Хашим Тачи.

Али Ахмети е познат и како соработник и близок пријател со експремиерот на Косово, Рамуш Харадинај. Ахмети во 1980 година станува член на илегалната организација „Марксисти-ленинисти на Косово“. Во 1992 година во Цирих заедно со Фазли Велиу и уште неколкумина имаат средба со Рамуш Тахири, министер во тогашната „Косовска влада во егзил“, каде што е одлучено дека албанското прашање во РМ може да се реши само со востание. Во декември 1993 година присуствува на втемелувањето на косовската ослободителна армија КЛА, каде што присуствувал и Хашим Тачи.

Оттука, не е за изненадување што вториот по моќ и значење политички лидер во Македонија е прв на листата на заслужни за добивањето на косовската независност, но што станува со македонските политички приоритети?

Минатата седмица по којзнае кој пат одекнаа заканите на ДУИ дека ќе го напуштат Груевски доколку Владата не направи исчекор во зачленувањето во НАТО и ЕУ. Услов за тоа, како што е познато, е компромис со Грција - нешто за што Ахмети уште од поодамна му даде зелено светло на премиерот, но политичката одлука за промена на уставното име на Македонија се' уште е далеку од коалициската трпеза на ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ.

Па, дали Ахмети ќе се одлучи на радикалниот чекор на напуштање на Владата или ќе остане и натаму во бракот од интерес кој, според посматрачите на збиднувањата на македонската политичка сцена, сериозно е разнишан, истовремено испорачувајќи висока политичка цена за ДУИ?

Џеват Адеми, еден од партиските првенци на ДУИ, останувањето во владината коалиција неодамна јавно го нарече „проект од висок државен интерес“, кој партијата ќе продолжи да го спроведува независно од „понижувањата и малтретирањата“ што ги трпи притоа. Теута Арифи, предводничката на партиската струја што е незадоволна од коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ, пак, отворено бара раскин со Груевски.

„Ако до јуни нема решение за името, ДУИ треба да избере меѓу Груевски и народот. Мое мислење е дека ако ДУИ по јуни продолжи со оваа политика, Албанците нема веќе да ја сакаат. Треба да избираме меѓу Владата и меѓу желбите и интересите на оние што не' избраа. Јас сум за второто“, ќе рече неодамна Арифи во интервју на Алсат-М телевизија.

Популарноста на ДУИ е во благо опаѓање по влегувањето во Владата на ВМРО-ДПМНЕ. Последната анкета на Интернационалниот републикански институт (ИРИ) во јануари покажа 8 проценти рејтинг за ДУИ во услови на 6 проценти за ривалската ДПА на Мендух Тачи, 30 проценти за ВМРО-ДПМНЕ и 12 за опозициските социјалдемократи. ДУИ во септември во анкета на ИРИ имаше 11 проценти, а ДПА само 3 проценти. Во април 2008 година, значи пред влегувањето во власта, популарноста на ДУИ според ИРИ изнесуваше 10 проценти.

Оцените се дека за партија што произлезе од парамилитантната структура на ОНА, која ги предводеше бунтовничките операции на Албанците во 2001 година, ДУИ покажа изненадувачка флексибилност во коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ. Некогашните „терористи“, како што ја нарекуваа ДУИ партиските првенци на ВМРО-ДПМНЕ, сега кротко седат во Владата и понекогаш со слабо противење, а понекогаш и молчешкум ја аминуваат политиката на премиерот Груевски, која според бројни внатрешни и надворешни посматрачи одамна го носи епитетот на етноцентристичка.

За разлика од коалициската соработка со претходната социјалдемократска влада, во која Ахмети речиси го имаше главниот збор, сега ДУИ прифати улога на статист во креирањето на политиката. Енциклопедијата на МАНУ, изградбата на споменици, изучувањето на македонскиот јазик од страна на првачињата од албанска националност - се само дел од проектите на ВМРО-ДПМНЕ за кои ДУИ проголта кнедла.

ДУИ во Владата раководи со шест од осумнаесет ефективни министерски ресори, од кои барем за три - економија, здравство и локална самоуправа, премиерот во секое време може да ја префрли политичката одговорност за слабите резултати - на кадрите на Ахмети кои раководат со нив. Овие три области се сфери во кои Владата ги направи најголемите потфрлања. Тоа значи дека ДУИ, иако остварува слабо влијание врз потезите што ги влече Груевски, понесува еднаква одговорност за состојбите во земјата и за генералната владина политика.

Таквите анализи не се ништо ново, како што не се нови ниту трескавичните прогнози дали ДУИ ќе остане до крајот на годинава во Владата или, пак, ќе ја напушти откако Груевски, поради одолжувањето на спорот за името, нема да биде во можност да испорача датум за почеток на преговори со ЕУ и членство во НАТО. Во очекување на следниот потег на ДУИ, расте и напнатоста меѓу партиите од власта и од опозицијата.

Тетовскиот лидер Ахмети ја круниса својата 30-годишна битка за косовската независност, но допрва треба да ја круниса својата политичка активност во Македонија со исполнување на она што им го вети на своите сограѓани Албанци овде: убав живот и економски просперитет во земја-членка на НАТО и на ЕУ. (С.К.)

 


#
Статијата е прочитана 2238 пати.

Испрати коментар

Од: sirma vojvoda
Датум: 06.04.2010 00:41:25
ej makedonijo dojde red ahmeti da kazuva vo makedonija...OTPOR!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
Од: jas
Датум: 06.04.2010 08:18:35
Ali ahmeti i negovata DUI ni najmalce negi interesira narodot tie gi fatija foteljite i crpat od drzavnata cesma koja( od kade neznam) ima uste da se krade pa i od Grcka imaat interes nee bez ic !sekoe nosenje proekt koj se tangira za Makedoncite Ahmeti i negovite se podgotveni da se pazarat i toa debelo pa zatoa neim e gajle za narodot , od klosari se napraja milioneri a nie ovde ke se nervirame
Од: ФЕЛИКС
Датум: 06.04.2010 08:42:04
Продолжува подбуцнувачкиот сон на виножитните и нивните медиумски апологети.Па нека веќе еднаш искочат од коалицијата ДУИ ако така мисли дека е поарно.Ќе имаме вонредни избори кој според американскиот релевантен ИРИ пак ќе ги добијат поморанџестите,не со 63 пратеника но повторно ќе ги урнисаа виножитните.Овие пак се надеваат дека и покрај поразот ќе прават непринципиелни коалиции или ,,збрда-здола,, па ќе ја освојат власта.Се на се спасителот ќе си ,,оди дома,, по поразот сем ако неизмисли некоја иновација.
Од: meti
Датум: 06.04.2010 09:12:17
Mislam deka vo idnata vlada ke bidat VMRO so nejzinite krila i DPA so ND. Dui vo opozicija za da sozree.
Од: јас
Датум: 06.04.2010 09:22:39
Среќко, ама овој пат како да не си сигурен во тоа што го (пре)пишуваш....
Од: Alien from Space
Датум: 06.04.2010 09:51:21
Коалиционите партнери се можеби Со различни агенди,но и со сосема различни Цели!! @ФЕЛИКС - „Убав“ ти е сонов, само... премногу е Кошмарна македонската реалност! Продолжи да си сонуваш!
Од: marija
Датум: 06.04.2010 12:30:35
Koga DUI ne bila vo Vladata, zossto ne bila. Togass istata avtorka postojano insistirasse deka vo zemjata nemalo politiccki dijalog i DUI morala da bide vo Vladata, oti pobedila ( kako da se raboti za dve paralelni drzzavi vo edna). Sega DUI e vo Vladata, ama trebalo da izleze zosssto narodot ne ja sakal VMRO, pa DUI se trossela, bidejki ne se smenilo imeto, pa zatoa Albancite ne bile vo NATO i EU, vadata praela spomenici i diksriminirala. Smislete nessto popametno. Zarem SDSM vednass ke go smeni imeto, koga ke se vrati. Sigurno ne, Ne i pravite nikakva usluga na SDSM so vakov spin. Navredlivo e. SDSM e golema partija i ke dojde na vlast so volja na narodot, a ne zaradi DUI dali ke izlegla ili nemalo da izleze od Vladata.
Од: Sudija na apelacioniot sud
Датум: 06.04.2010 14:55:49
Sega treba RM - Vlada da im reche na Ahmeti i na stranite faktori deka nie ke go reshime problemot so IMETO na poinakov nachin! Ke pregovarame, ama ke pobarame vo septemvri i Sovetodavnoto mislenje (preku Generalnoto sobranie na OON) od Megunarodniot sud za legalitet na denominacijata BJRM i obvrska za razgovorite za imeto (praven identitet)! Znachi treba na stranite dipomati da se kazhe da pristapuvame kon pravno reshavanje na problemot i nema da primarno barame reshenie preku razgovori/pregovori za imeto!!

Најди! во Утрински
Насловна
Цената на изборите ја плати децентрализацијата
Владата прво сече, па мери!
Во Европа градат, во Македонија крпат дупки
Зденко
И наша жена работи во облаци
Гасификацијата мрдна од мртва точка
Не е секој ден Велигден!
Се соблекува без проблем
Партија на регионите?
Тито оживеа на телевизиите
Тој тежок збор геноцид
„Ножиците“ добра лекција, сега сите си ја плаќаат струјата
Србија во шок
Компанијата на Ѕинго не била пречка за „Злетовица“
Велигденско кршење со ноеви јајца
Неверствата на двојката Саркози продукт на заговор?
Граѓаните се жалат дека за платени казни им стигнуваат покани за суд