Број 3250  вторник, 06 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter

Интервју

Цената на изборите ја плати децентрализацијата

Муса Џафери, министер за локална самоуправа

Се променија гарнитури во 2006 и во 2008 година, а лани имаше локални избори. Затоа реформата во локалната самоуправа немаше подобра динамика

Катица Чангова


Суштински процес, но и клучен фактор за приближување кон евроатлантските структури е децентрализацијата. СДСМ тврди дека оваа реформа е замрзната, дали е така?


Поминаа речиси пет години од децентрализацијата која кај нас стартуваше на 1 јули 2005. Но, во истиот период имаше повеќе изборни циклуси. Се променија две нови гарнитури на власта, прво во 2006, а потоа и во 2008 година. Лани имаше избори за градоначалници и советници. Цената на изборите ја плаќаше децентрализацијата. Затоа овој процес и немаше подобра динамика. Како и да е, пет години не се многу време откако почна процесот, од аспект на пристап, легислатива, но и од аспект на навикнување на администрацијата. Самата инерција, дека некој ја дава власта и ја прима, има јака конкуренција. Постојат искуства од други држави кои почнале со децентрализацијата пред 20 години и процесот се' уште не го завршиле. Исто така, не смее да се заборави дека живеевме во сосема поинаков систем, а треба многу да се вложи за да се префрлат функции од државата во општината централно на локално ниво. Децентрализацијата, која како тема беше дел и од Рамковниот договор, ќе биде предизвик за кого и да е на власт оти добива политичка и етничка димензија. Кај политичките фактори постои страв дали може да се менаџира, мониторира и контролира овој процес, како ќе се дели одговорноста, дали локалната администрација беше доволно подготвена... Сега сме во друга фаза, во дел кој е важен од политички, европски, демократски стандард што треба да се реализира во континуитет.



Владата секогаш дава безрезервна поддршка на децентрализацијата, но тешко го одврзува ќесето. Така се случи и со ДДВ. Општините требаше да добијат шест наместо три проценти, но тоа не се случи.

Политичкиот став на ДУИ е дека во децентрализацијата треба да се инвестира повеќе, но за ова треба да се усогласат сите политички партии. Што се однесува до ДДВ, имаше повеќе предлози, а издвојувањето е пониско од она на што инсистираа општините. До 2012 година данокот на додадена вредност за локалната самоуправа ќе стигне до 4,2 отсто. Има повеќе околности зошто е така, меѓу другото тука е и влијанието на економската криза. Ќе се прават напори на контото на општините во иднина да стасуваат поголеми приходи што ќе бидат и пооптимални и посоодветни на реалните потреби. Не е лесно објективно да се оцени колку пари чинат надлежностите што ги имаат општините и дали се тие финансиски поткрепени. Можеби токму сега е моментот да се анализира моделот на фискалната децентрализација. Ние треба да одиме кон поправеден и порамноправен систем на давање квалитетни услуги. Тоа значи ист квалитет на услуги во сите општини, �� граѓаните од градските и селските средини да не бидат дискриминирани.



Општината е најблиска до граѓаните. Колку тоа го постигнавме во реалноста?

Општината е првата институција каде што се обраќа граѓанинот, а долг е патот да се стигне до државните институции. Пренесените надлежности од централно на локално ниво даваат најдобри услови за учество на граѓаните. И тоа навистина се чувствува, но не во мерка како што сакаме. Секако тоа не е едноставно да се постигне. Можеби затоа што искуството и пристапот не се до таа мера зрели за да бидат вистинска поддршка на реформите во локалната самоуправа. Сметам дека тоа е можно да се постигне со помош на меѓународната заедница.



Не се оствари ветувањето од Владата дека на почетокот од годинава на општините ќе им го отстапи државното неизградено земјиште. Има ли премислувања околу ова?

Работна група подготвува закон за градежно земјиште. Тоа отстапување, со право на менаџирање со земјиштето од општините нема да се одложи. Тука не треба да се прави штета. Мора да се развие економскиот дел на општините за тие да имаат приходи. Ние ќе се трудиме до декември годинава да се завршат сите подготовки и од 1 јануари идната година општините да можат да управуваат со градежното земјиште од трета, четврта и петта категорија. За да биде појасно, станува збор за истото земјиште за кое сега општините издаваат одобрение за градба. Целта е на едно место да се одвива цел процес.



Каква е финансиската стабилност на општините, колку од нив успеаја да го поминат прагот и да влезат во втората фаза?

Во моментов критериумите за фискална децентрализација ги исполнуваат 72 општини и градот Скопје. Последните четири локални самоуправи, Демир Капија, Другово, Кичево и Студеничани формално се' уште не се во втора фаза, но извесно е дека ќе успеат во тоа. Од вкупно 84 општини остануваат уште 12 кои треба да поминат во потешката фаза. Но има инструменти и за нив да ги надминат постојните слабости. Оние со блокирани сметки имаат можност да ја покријат финансиската дупка со бескаматно краткорочно кредитирање од Буџетот, а оние кои се' уште немаат оформено административни капацитети, тоа можат да го направат со меѓуопштинска соработка. Од поголемите општини Охрид не може да помине во втора фаза затоа што се бори со проблемите што ги создава наследен долг. Но, време е кога втората фаза треба да се заокружи и да се осмислува систем на финансирање што нема постојано да ги блокира општинските сметки. Веќе реков, не е лесно да се направи баланс помеѓу функциите и потребите. И Владата и локалните власти треба да работат во интерес на граѓаните, а решенијата да се бараат во тој правец.



Министерството за локална самоуправа посебен акцент става на меѓуопштинската соработка како начин за надминување на проблемот со слабите административни капацитети.

Сите општини имаат исти надлежности, а немаат исти капацитети. Но факт е дека на сите треба да им се дадат еднакви шанси за да ги извршуваат функциите и да обезбедат уедначени, а не различни услуги. Има голема дискрапанца во капацитетите на Аеродром и Центар во споредба со руралните Конче и Студеничани. Постојат повеќе модели за надминување на разликите меѓу општините, но и меѓу регионите. Еден од тие инструменти е меѓуопштинската соиработка, но исто така клучна е и политиката на рамномерен регионален развој. Општините треба да научат да соработуваат меѓу себе, до ниво на плански регион, а на тој начин да бараат решенија за нивните проблеми и да обезбедат сопствен развој. На пример, соработка во областа на депонирање со цврст отпад и изградба на регионални депонии, потоа менаџирање со отпадните води. Така би се постигнал повисок квалитет или со заеднички пристап кон решавање на проблемите би се постигнал и повисок квалитет, а и компензација на поединечните слабости.



Завршија формалностите околу формирањето на осумте плански региони, кој е тука бенефитот за општините?

Нашите региони ги прават првите искуства и првите чекори. Планските региони имаат центар за развој со вработени луѓе. Нивната задача е да планираат и да подготвуваат проекти, да лобираат. Тие треба да ја чувствуваат општината, идентитетот на регионот. Постојат можности за воспоставување јавно приватно партнерство со што се деконцентрира моќта од јавниот сектор. Но, важно е да се внимава на цената на чинење на услугата која на крајот ја плаќаат граѓаните.



На функцијата министер за локална самоуправа сте година и пол. Освен што повремено одржувате прес-конференции не се експонирате многу во јавноста. Дали сметате дека ова е добар начин на работење?

Имате право. Во наши околности, во турбулентна ситуација може да се оценува како позитивна нула. Тоа не е добро, а има и полошо. Еден дел се должи на личен пристап, а точно е дека има некои кои тоа го прават поинаку. Јас сум свесен дека тоа не е добар начин на работење. Сакам само да потсетам на нешто. Во Министерството за локална самоуправа, кога ПДП имаше министер, поради оставката на првиот човек многу работи беа оставени на чекање. Кога дојдов успеавме за кусо време да подготвиме стратегија за рамномерен регионален развој, како и сите подзаконски акти за да може да се имплементира Законот за регионален развој. Министерството ја координира и втората компонента од ИПА програмата, компонентата за прекугранична соработка. Сакам да нагласам дека ова има важна политичка и развојна улога од аспект на добрососедската соработка. За кусо време успеавме да реализираме два јавни повика за проекти за прекугранична соработка, со Албанија и со Бугарија. Кон крај се работите и брзо ќе се подготви и програмата за прекугранична соработка со Косово. Сето ова е во функција на развојот на општините и на успешноста на децентрализацијата која зависи од волјата на централната власт, но и од можностите кои ќе ги имаат општините да се вклучат во новите политики.


#
Статијата е прочитана 1641 пати.

Испрати коментар

Од: Kumanovari
Датум: 06.04.2010 01:11:07
Nesposobnosta da se spravi so predizvikot, ja opravduva so izbori. Sramota za takanareceniot minister
Од: Stojance
Датум: 06.04.2010 07:08:41
Za zal i lokalnata samouprava se pretvori slicno na javnite pretprijatija vo ,,deponija,, na takanareceni ,,zasluzni kadri,, ,koi brojki stanaa zastrasuvacki. Postavenosta kako koncept i katastrofalna i nerealna,bez voveduvanje na standardi koi ke produciraat red i poredok,se ke se svede na nevidenaanarhija,kako vprocem i vo skoro site oblasti na sistemot.
Од: Лазо Сте��анов
Датум: 06.04.2010 07:21:12
Најслаба точка, а трбе да биде најсилна страна, е фискалната децентрализација. Тука РМ убедливо најлошо стои во Европа, односно фискално е најцентрализираната држава во Евопа.Имаме најлоши закони за локални даноци, најтесна даночна структура на локалните даноци и скоро никакво учество на ЕЛС во даночниот суверинитет. Никогаш не сме биле во полоша ситуација. Сите направија одредени реформи во локалните даноци, ние се служиме со видовите на даноци утврдени во 1974 година, се разбира, само термононолошко фризирани. Нема развој на локалната самоуправа без даночна реформа на локалните даноци.
Од: branitel
Датум: 06.04.2010 11:07:58
klasicen primer za minister kojsto uziva vo funkcijata!!nikade go nema da napravi nesto da pokaze,ednostavno si uziva i krka plata...ee makedonijooo,pred nekoe vreme sakaa da te rasparcat,a sega ministri stanaa,dodeka branitelite nikade gi nema...
Од: "критизер"
Датум: 06.04.2010 12:59:52
Се додека постојат некои проекти кои поминуваат надвор од локалните тефтери,децентрализацијата не е завршена работа.Во секој случај заобиколување или злоупотреба,се е исто.Но само на таков начин,може изгледа одредени маркантни фигури да се под капата на "одржливиот развој",и да одскукнуваат на листата на ' способните'

Најди! во Утрински
Насловна
Владата прво сече, па мери!
Во Европа градат, во Македонија крпат дупки
Зденко
И наша жена работи во облаци
Гасификацијата мрдна од мртва точка
Не е секој ден Велигден!
Се соблекува без проблем
Партија на регионите?
Тито оживеа на телевизиите
Во иста влада, со различни агенди
Тој тежок збор геноцид
„Ножиците“ добра лекција, сега сите си ја плаќаат струјата
Србија во шок
Компанијата на Ѕинго не била пречка за „Злетовица“
Велигденско кршење со ноеви јајца
Неверствата на двојката Саркози продукт на заговор?
Граѓаните се жалат дека за платени казни им стигнуваат покани за суд