Број 3034  сабота, 11 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Мислења

Зборуваме, но дали се слушаме

Илија Димовски

Македонија, како мало општество, не може да води неограничен број дебати во исто време

Кога се зборува, треба и да се слуша. Кога се слуша, треба и да се зборува. Така некако би имало смисла, ако цел е да се разбереме, ако целта е да се има каков- таков заеднички заклучок. Притоа треба да се задоволат неколку основни предуслови. Потребно е да се покаже желба за заеднички заклучок, односно решение. Потребно е да се почитува соговорникот, односно не треба да се покажува ароганција и надмоќ. Потребно е да се разговара за ставовите и за позициите на двајца, тројца или повеќе, но секако треба да се разговара за ставовите на сите. Потребно е да се понуди сопствено мислење за темите за кои се разговара, поради тоа што секако не е културно исклучиво да се критикува позицијата или ставот на другиот.

Да се обидеме овој основен и краток водич да го ставиме во контекст на т.н. политичка дебата во Македонија. Сите гледаме дека некаде и нешто недостасува, го коментираме тоа, но, сепак, никако да се надмине она чувство на недостаток од дебата. Еве неколку причини за недостатокот од продуктивна дебата.

Прво и основно, секако е да имаме реални и суштински теми за дебата. Често знаеме да скитаме со темите. Често, како општество, знаеме да дискутираме за се' и сешто, да влегуваме во недоразбирања, а на крај да разбереме дека нема суштина во темата за која се разговара. Некогаш елитите наметнуваат теми и проблеми, со цел да се изгуби од вид нешто посуштинско и поважно. За жал, успеваат во тоа. И кога велам елити не мислам само на политичката елита, туку мислам на повеќе елити (бизнис, новинарска...). Важно и суштински е да прифатиме дека во Македонија, како мало општество, не можеме да водиме неограничен број дебати во исто време. Мора да ги концентрираме капацитетите на суштинските теми. Така ќе бидеме значително поплодотворни.

Второ, треба да се покаже енормна доза на почитување на интелектуалниот капацитет на граѓаните на Македонија. Без тоа дебатата се сведува на обид за манипулација. А тоа, за жал, редовно го гледаме. Но, досега немаме позиционирање дека дебатата не смее да биде олимпизам. Во дебатата не е единствено важно да се учествува. Во дебатата е важно да се учествува чесно. Да се потсетиме на два актуелни обида за манипулација. И двата на исклучително важни теми за граѓаните на Македонија. Првиот обид за манипулација се однесува на тема која во суштина навлегува во персоналниот и во колективниот идентитет на граѓаните на Македонија. Но, и покрај таквото големо значење на оваа тема, безобѕирно се манипулира. Мислам на обидот кој оркестрирано го имаа неколку видни политичари од СДСМ, поддржани од неколку видни интелектуалци од СДСМ и неколку независни новинари од СДСМ. Се обидоа, без перде, да ни претстават дека, всушност, проблемот со промената на името бил многу едноста��но решлив. Замислете, сме разговарале со Грција, само и само за замена на формулацијата БЈРМ со некоја друга, која би била поприфатлива и ненавредлива за сите граѓани на Македонија. Но, забораваат и не сакаат да кажат дека БЈРМ е привремена референца со која сме примени во меѓународните организации, а прифаќањето на друга формулација би значело трајна промена на името. А сите ние знаеме дека таа елита на СДСМ знае оти БЈРМ не е име (референца е) и не е трајна (привремена е), исто како што истата елита знае дека она за што се разговара сега би било име и би било трајно. Всушност, тие истите ја составија Времената спогодба со Грција.



Друга тема со која немилосрдно се манипулира е светската економска криза и нејзините последици во Македонија. Овие денови ги следев сите дискусии на медиумите, но и во Собранието, поврзани со состојбата на македонската економија. Постојано сум свесен за ефектите и за последиците кои се појавуваат во Македонија. Но, се чудам со каква дрскост и луда политичка храброст (штетна за општеството, но хазардерска за тие што ја пласираат), дел од луѓето од опозицијата вината за економската криза ја лоцираат кај Владата. Не велам дека не треба да се дебатира за тоа дали Владата презела мерки или не, дали тие биле на време или не, дали биле адекватни или не, дали ги опфатиле сите гранки од економијата или можеби не, но не можам ниту јас, ниту граѓаните на Македонија да го прифатат тврдењето дека за економската криза е виновен премиерот, Владата или оваа или онаа политичка партија.

Моите колеги кои седат во партерот за опозициони пратеници, овие денови, токму тоа го тврдеа, дека Груевски и ВМРО-ДПМНЕ се виновни за кризата. Дури за иронијата да биде поголема, ниту еднаш не го употребија терминот светска, ниту еднаш не дадоа пример од друга држава, небаре граѓаните на Македонија не следат што се случува надвор и небаре апсолутната вистина ја учат слушајќи ги нашите говори во Собранието. Така само ги потценуваат граѓаните, а тие најдобро знаат да се одбранат од таква дрскост.

Трето, за сите теми за кои се дискутира треба да се има сопствено мислење. Треба да се понуди алтернатива, а не да се критикува без концепт. Ова не е лесно во Македонија. Некако се навикнавме да слушаме критики, а да не побараме предлози. Слушаме напади, а не бараме одговори. Тоа не е добро. Тоа мора да се промени. Секој може за се' да зборува без да даде свој концепт. Секој може секого да го критикува без да понуди сопствено мислење. Овој период стана модерно да се делиме на левица и десница, на либерали и конзервативци, на прогресивни и назадни, на вакви и такви. И тоа не е опасно, но опасно е кога врз основа на таквата класификација (која е преземена од европската политичка теорија без да биде акомодирана на реалните македонски општествени услови), градиме барикади околу себе. Па, потоа го критикуваме другиот, не поради тоа дека разбираме за што критикуваме и разбираме што нудиме, туку поради тоа дека сме замислиле дека е од другите. А, во овие случаи, содржината и не е така значајна.

Но, сепак, дебатираме за веронаука, дебатираме за црква на плоштад, дебатираме за злоупотреба на алкохол од страна на малолетници, дебатираме за употреба на лесни дроги, дебатираме за хомосексуални бракови итн. На овие теми многу се активни јавните лица кои себеси сакаат да се претстават како модерна, прогресивна левица (неколку нови лица во раководството на СДСМ, неколку стари лица од т.н. експертска јавност и неколку ултрамодерни колумнисти и новинари, сите со заеднички именител во една фондација со симпатично име). Но, активни се само кога ги критикуваат ставовите на другите. Проблемот е токму во тоа што само критикуваат, а не нудат свој став. Се кријат. Не сакаат да ги дефинираат своите позиции. Велат не за црква на плоштад, велат не за веронаука, но не кажуваат како да се задоволат интересите на две третини од граѓаните на Македонија, кои имаат позитивно мислење за овие два проекта. Велат дека се за слобода, но само онаква каква што тие би дозволиле. Ни забрануваат нам на останатите да имаме право на избор без да им го загрозиме и нивниот избор. Тоа не е демократија.



Велат дека се левица, но не кажуваат што треба да прави државата кон теми како употреба на лесни дроги. Ајде, еве да слушнеме што имаат да кажат нашите пријателчиња од СДСМ на оваа тема. Да се спротивставиме со концепти и аргументи, а не со лични навреди. Дали и овде ќе се претстават себеси како прогресивна левица. Можеби уште поинтересна дебата би била на темата хомосексуални брако��и. На оваа тема ние имаме став, познат во јавноста. Дури и на штета на одреден број гласови што би ги добиле на избори. Но, претставниците на т.н. прогресивна левица на оваа тема единствено го критикуваат нашиот став, но немаат храброст не го претстават својот. Политичката дебата не смее да се сведе на потреба од самопромоција или, пак, на потреба за политичко кокетирање.

П.С. За да не бидам некултурен, морам да му посветам неколку редови на мојот пријател Дане Талески, кој мене ми посвети половина страница во „Утрински весник“. Воедно и да му честитам за изборот за член на Извршниот одбор на СДСМ. Мислам дека ја разбрав неговата порака, но не знам дали тој ја разбра мојата. Жалам што една група млади и паметни момчиња набрзо ќе сфатат дека уште една генерација треба да биде потрошена за интересите на транзициската олигархија. Така е дваесетина години. Нема исклучок. Не верувам дека вие, малку на број во раководството на СДСМ, ќе ја смените душата на таа стара и потрошена партија.

(Авторот е пратеник)

 


#
Статијата е прочитана 1801 пати.

Испрати коментар

Од: Brane Palaskovski
Датум: 12.07.2009 21:46:16
Super.Tekstot e namesto.pozdrav do pratenikot Ilija Dimovski i da prodolzi so intenzivna rabota kon ispravuvanje i kaznuvanje na greskite na komunistickata oligarhija(koja sto saka povtorno da se vrati i da manipulira so mak. narod).
Од: Драги
Датум: 13.07.2009 00:08:30
Се сложувам со проблемите околу дрогата,алкохолизмот,но не и со градење цркви во кризно време.Еден прост пр.Просечно семејство заштедело 200 евра.Детето им бара велосипед.Дали да се купи велосипед или огрев?Ако ги заработувам парите како секоја држава,односно И.Димовски,би земал и велосипед и огрев.
Од: gargi
Датум: 13.07.2009 02:20:42
G.Dimovski opozicijata ja kritikuvate za arogancija i pokazuvanje nadmok,iako takvite osobini vo ogromni kolicini gi prezentirate pred javnosta Toa,pokraj demagoskite polemiki (kolumnava)e znak za pocetok na kraj.Takov znak e i otsustvoto na kontakt so realnosta vo koj se poveke zapaga ovaa Vlada.Od site strani Vi se ukazuva deka ekonomijata,budzetot ni e pred kolaps i prazen,deka se vrsi bezobrazna i drska partizacija na sudstvoto i sl.,a Vie uporno servirate temi za debata koi(ne se nevazni no)ne se egzistencijalni za edna drzava i narod.Sto mislel SDSM za lesnite drogi?Bod ga cuva.Vo koj trip ste vlegle i bez upotreba na drogi.Pa koj gladen,nevraboten,stecaec,onepravdan,izlazan,izneveren od ovaa vlada go interesira toa.Uste nesto, mene ne mi e gajle kako SDSM ke ja resi krizata i problemot so imeto,tuku kako Vie ke gi resite,zatoa sto ja imate apsolutnata vlast vo drzavata,i za toa ve izbravme.Sto sakate vsusnost?SDSM da Vi gi resi problemite?Nemate idei?Pa dajte si ostavka.........
Од: Ace od Avstralija
Датум: 13.07.2009 04:20:45
ALELUJA !!! Fala Bogu eden normalen covek so normalna statija da kaze nesto sto vredi i sto e vistina, koja se gleda od avion.Bravo Ilija, eve od kogo i kako treba ucat Erol, Koljo, Manco , Don, Sonja ... Uramete go ovoj clanok i neka bide Biblija za sovesni i nepristrasni novinari vo MKD. So vakvo nesto se odi napred 1000 godini !!!BRAVO, BRAVO, BRAVO !!!
Од: Читател
Датум: 13.07.2009 06:18:29
Арогантноста,нарцисоидноста,самобендисаноста,фрустрираноста,безобразноста,самофалбата,лажењето....сето тоа се особини на актуелната владеачка гарнитура која руши се пред себе и демолира институции оставајќи трајни последици.На времето една политичка партија токму поради тоа и изгуби избори а се надевам дека и на сегашната политичка номенклатура тоа истото ќе и се случи.Претеравте со трошењето,грабењето,уништувањето,растурањето,криминалот,застрашувањето и казнувањето.Сето ова народот ќе го казни когаш тогаш....
Од: Od Orce Sazdov dilomiran profesor po geografija na Prirodno - Matematickiot Fakultet vo Skopje,RM. -AUSTRALIJA
Датум: 13.07.2009 07:14:22
Vo potpolno i celosno pravo ste gospodine pratenik Ilija Dimovski ,vasiot komentar e najdobriot i najpametniot komentar sto sum go procital dosega vo ovoj vesnik,pa ja imate celosno mojata podrska kako vas sograganin i ti pozeluvam da prodolzis tvojata sposobnost ,na de ja narecam kariera za dobroto na RM i za site makedonci bilo kade i da ste .Ti si nezamenliv pratenik i vo sobranieto na RM ,sto sum go videl im slusnal do sega od samoto osamostojuvanje na RM i Todor Petrov bese dobar no vo nekoj momenti ,preteruvase so svojte amandmanti,kako i so objavuvanjeto na negovata posledna kolumna.Drugarski,prijatelski i sograganski pozdrav do pratenikot od Orce Sazdov-Makedonski .
Од: jas
Датум: 13.07.2009 08:03:55
Zosto i ti kako i site vie mali politicarcinja od dvata tabori, smetas deka na site vo Makedonija im e interesno da gi slusaat vasite detinski igri od tipot:: "ami ti?", "ami vie?"...Sebecinja mali so pamet na onie decinja sto se zanesuvaat vo igrata i gi podmo9cnuvaat duri gakite...Pa duri probi so intelektualni frazi, ponoveni poveke fati samo za vpecatok...frazi bez sodrzina. Da znam koj ve nakoti i ve donese na vlast...
Од: Трпе
Датум: 13.07.2009 08:24:08
Е,Илија,илија,како да слушаме секого кој зборува кога ѓи имаме такви кои едно мислат,друго зборуват а трето работат.А и ова што го зборуват да биде нешто паметно,нешто корисно.Не би ве класирал но сами трба да си извршите класификација во која група на зборувачи спаѓате?Ако се однесува за во собранието Ти,Ѓорчев и Николов треба многу да учите за кодексот на однесување на еден пратеник.Иако сигурен сум дека вие сметате дека се однесувате на одредено ниво но многу се разликувате кога сте во позиција или опозиција.Учителката Бонева незнам дали ви е најболји избор.
Од: Ace
Датум: 13.07.2009 09:04:13
Gospodine Dimovski, prvo rascistete so najgolemiot :komunist" i manipulator vo Makedonija ,a koj sega vi e partner br.1 vo Vladata na Gruevski, pa posle kazuvaj ni prikaski za demokratija i razbiranje. Kako ste trgnale ne sme daleku od faktot Makedonija da stane edno golemo Kratovo, vo koe ke vladee diktatorstvo i kriminal. Pozanimavajte se so ovoj problem-krajno vreme e, poglednete sto vi se slucuva vo Vladata.
Од: Donald Duck
Датум: 13.07.2009 09:16:16
Vo predhodnata kolumna na g. Dimovski se zaprasav kogo avtorot saka da napravi budala? Nas chitatelite ili samiot sebe si. Sega mi e jasno....toj se obiduva da manipulira (da ne napravi budali nas) a vsusnost samiot se blamira....Za kakvo zboruvanje i slusanje zboruva? Dali portokalchinjata vo izminatite 4 godini prifatija bar eden predlog od opozicijata? Dali slusaa koga mkedonskata opozicija i megjunarodniot faktor (EU i USA) im vikaa deka ne e vreme za predvremeni izbori? Dali slusaa koga lani im kazuvaa deka ne se donesuvaat Zakoni kako rolni toalet hartija (podocna g. Veljanovski sramezlivo izjavi deka takvoto nosenje zakoni bilo greska i nema da se povtori, otkako mu go trieja nosot vo francuskata ambasada)... Sto se odnesuva za imeto, SDSM go kaza svojot stav javno, kolku i da e nepopularen - megjutoa go kaza. DePeMeNe -to, seuste go nemaat napraveno toa....anitu nivniot lider -Premierot, nitu nivniot pretsedatelski kandidat - Ivanov. Se zboruva za nekakov razumen kompromis...
Од: Оли Јулчовски
Датум: 13.07.2009 10:12:59
Пратеникот заборава во која Партија членува.Кого сака да замајува,Тој самиот е најголемиот ,Ислашен послушник.Лидерот на неговата Партија не почитува ама баш ничие мислење дури на неговит сопартијци а камо ли на Опозицијата. Затоа не го разбирам неговиот текст.
Од: bobi
Датум: 13.07.2009 10:56:07
Tipovite kako pratenikov vo zivotov sekogas bea na dolnoto skalilo na opstestvoto.Ako prasate velesanec koj e toj ke vi dade mnogu ubav odgovor.Sepak vlasta e ubava a i Mercedesot go zaraboti kako lojalen clen na vmro.A za narodot ke gi boli uvo .
Од: Riki
Датум: 13.07.2009 11:06:51
I posle sme nemale opstestvena debata i politicki dijalog. Pa normalno deka nemame ako vlsta vaka gi zamisluva politickiot dijalog i debatata. Gradinka. Aj ke porasnat i ovie, trpenie uste desetina godini.
Од: Тони
Датум: 13.07.2009 11:37:11
ако го изгубил памтењето пратеникот да го подсетиме малку што имаат кажано на народот.Нека отвори youtube и слободно нека напише Грујо Пинокио и све ке му биде јасно,па после нека коментира што сака
Од: *прото*
Датум: 13.07.2009 12:23:29
Ајде биди маж и кажи им го овој цитат од твојот текст на членовите на ДПМНЕ : „А сите ние знаеме дека таа елита на СДСМ знае оти БЈРМ не е име (референца е) и не е трајна (привремена е), исто како што истата елита знае дека она за што се разговара сега би било име и би било трајно.“ Кажи им го овоа па да видиш како е да се биде предавник,изрод итн,итн.А досега велевте дека СДСМ го продал името,фактички ги ЛАЖЕВТЕ граѓаните на РМ.
Од: pravda
Датум: 13.07.2009 12:25:07
Pocituvan prateniku,zborovite da bea vode ke vi ja izmiea ustata,ke vi gi procistea usite i verojatno odlepea ocite.Glasavme za vas oti vetivte: prerodba (vo ekonomski smisol),pravo i pravna drzava,institucii kako servis na gradjanite,vrabotuvanje vrz osnov na kvalitet,zdravstvo i obrazovanie dostapno za site,zemjodelci koi ke ziveat od svoj trud itn.Po vaseto ispadja deka nie glasacite sme slusale ama ne sme cule,sme zboruvale ama ne ne slusale,pocituvan prateniku znam sto pravese SDSM ama znam sega i sto pravi DPMNE,dali koga ja napisavte statijata i ja procitavte.Napisete sto vie storivte vo ovie tri godini,kade bese Makedonija a kade e sega i kade ja vodite,Vie ste na vlast i toa apsolutna,na pocetokot na mandatot imavte polna kasa,status na kandidat za EU i NATO,drzavni rezervi od miljarda i polovina a sega pocituvan prateniku kazi ni sto imame-kriminal vo porast,grabezi na banki katadnevno,droga i alkohol caruva kaj mladite,nevrabotenost kako pred 3 god. i vie zboruvate za drugi
Од: KPMarija
Датум: 13.07.2009 12:58:27
Vi cestitam za kolmnata bidejki se soglasuvam so Vas i vashite tezi... Zalosno e shto tokum vo SDSM edna grupa na mladi i ambiciozni momcinja ke potroshat tolku mnogu energija dodeka da svatat deka tie se "siten zalak" za starite volci... Jas nema da mu cestitam na Dane Taleski bidejki dlaboko veruvam deka toj ne e levicar tuku neshto sosema sprotivno a toa mozevme da go zabelezime nie kolegite na politicki nauki ..... tuku samo iskreno ke posakam da ja slushne ovaa poraka da se vrazumi i povtorno da pocne da CEKORI po pravilniot pat ...
Од: ЦК СКВМРО®
Датум: 13.07.2009 13:06:43
Точно! Вие воопшто не сте виновни, туку народот кој ве гласаше, поради вашиот патриотизам мерлив во илјадници евра,во вид на пратеничка плата, разни додатоци и бескрајни привилегии! И секако, ако народот сака да војува, да премине граници на нормално однесување, ако посака МК да се граничи со Италија и да се врати во антиката, вие треба тоа да му го овозможите, затоа што тие токму и затоа ве гласале!? Еве токму што треба да направи државата, т.е. вие кои сте на власт заедно со оние кои се нарекуваат опозиција: да си поднесете оставки и никогаш да не се кандидирате повторно. Покријте се со ушите и молчете! Така би ви било најубаво, и вам, но уште повеќе - на народот!
Од: Treba da se ima obraz
Датум: 13.07.2009 13:17:54
Kakva hipokrizija,nevideno licemerije i ponizuvane na nas graganite.Go slusam denes pratenikov so mercedes i so popraven diopter bez sram i perde predlaga zakon za prodolzuvane na vremeto za kupuvane alkohol ,koga vakov zakon predlozi G-ga Roza Karovska mnogu pokvaliteten so prodolzuvane na vremeto na specijalizirani prodavnici koi imaat licenci i ekspresno bese odbien od pozicijata i od doticniov pratenik.Sega predlaga nov zakon mnogu polos od predlozeniot na pratenickata.Zakonot sto se primenuval dal rezultati i se namalile pacienti na toksikologija ,no sega se prodolzuva vremeto?Dali imas obraz ili djon?
Од: koki
Датум: 13.07.2009 15:08:06
Minatiot pat izraziv somnenie deka voopsto Pratenikov e avtor na ovie prilozeni kolumni, po ona sto i kako govori vo parlamentot nesto ne mi ide deka se raboti za ist covek. Nejse vo delot deka nema nikakov dijalog i debata za odredeni temi mnogu ni e jasno koj bega od sekakov vid na debatni emisii na TV . Ste videle li nekogas nekoj da se pojavi od VMRO i da gi soocat svoite sprotistaveni stavovi, eve na pr: Koga nekoj od niv ke prifati barem nekakvo intervu ili ke gi vidime li nekogas vo emisiite od tipot VO CENTAR ? Konstantno gi izbegnuvaat takvite emisii koga prasanjata ne se naracani i kade nemozat da bidat komotni. Mislam deka e dosta so demagogii i mlatenje na prazna slama deka se nekoj vas vi e kriv i zaradi opozicijata nemozeme da si ja ostvarime svojata cel, zosto oni veke go prodale imeto pa nie sme sega zrtvite. Veke takvite konstatacii ne vi proagaat veke ste procitani.
Од: janev
Датум: 13.07.2009 15:55:32
Vo pravo ste g-ne Dimovski. SDSM so decenii e sinonim za arogantnost, i taa arogantnost gi dovede do toa deredze do koe se. Tie sekogas ziveele vo iluzija deka se klasa koja e predodredena da vladee, a obicniot narod e samo obicen i zatoa treba da go strizat. I iskreno dodeka iscekuvav da vidam novi vetrovi vo SDSM se razocarav... Ja napustija politikata da imenuvaat marioneti na Branko, i ni pomalku ni poveke go vratija kreatorot na siromastijata i privatizacijata po mafijaski terk, G-not Branko Crvenkovski

Најди! во Утрински
Насловна
Зденко
Поништен тендерот за автобусите
Македонија не е најстара библиска земја
Дали ќе има иселенички бран кон ЕУ
Заштита од паника
Вистинска расправа во Собранието
Македонија нема премиер за Европа!
Зошто нема туристички понуди за летување во Македонија
Прва победа на Вебер во 130. обид!
Ночентини нов лидер на Тур де Франс
Сантана го исполни ветувањето во Скопје
Пети Смит - незаборавен концерт