Не се проблем министрите - војници, туку политиката на војсководецот Груевски
Почнаа да се распаѓаат системот и персоналните лостови на владеење на Груевски. Се случија првите оставки и разрешувања на министри од второто колено на владејачкото семејство на ВМРО-ДПМНЕ - не толку битните и коалиционите партнери, оние од прво колено останаа на своите места. На местото на оние што си отидоа, беа избрани нови. Опозицијата и јавноста кажаа што имаа да кажат и работите се замачкаа до следната прилика. Груевски си ги изми рацете, неколку министри беа исфрлени по еднократната употреба, а вниманието на јавноста за момент беше свртено од најжешките теми - лошата економско-социјална состојба и се' поголемата кооперативност на власта кон предлозите на Нимиц за промена на името.
Овој прв голем потрес за Груевски е важен поради некои работи, кои длабоко навлегуваат во генезата на проблемите на Македонија денес, а се генерирани одвнатре од владиниот кабинет. Во својата оставка Боцевски вели: „Мојот придонес во актуелната Влада веќе е целосно исцрпен и затоа Ве известувам дека поднесувам неотповиклива оставка...“. Перо Димшоски, првиот соработник на Боцевски во евроинтеграциите, вели: „Доскорешниот вицепремиер за евроинтеграции, Ивица Боцевски, си замина зошто направи колку што можеше да направи, колку што му се даде да сработи“. Перо Стојановски, на крајот од оставката вниманието го насочува кон еден свој неуспех: „За жал, и покрај силната и искрена желба, не успеав во залагањата за деполитизација на образовните институции, како и за отстранување на политиката од училиштата“. Симптоматична е констатацијата на Ацо Спасеноски, кој на Груевски му потенцира: „Почитувајќи го договорот меѓу Вас и претседателот на СПМ..., ја поднесувам мојата неотповиклива оставка“.
Кај Боцевски очигледно е исцрпена волјата да работи на проект за кој Владата и Груевски не се заинтересирани - евроинтеграциите. Славески ја призна катастрофалната економска состојба, барајќи ребаланс на буџетот веднаш, зашто во септември ќе било доцна. Спасеноски наивно укажа на состојба за која актуелниот премиер, кога беше опозиционер, му се потсмеваше на тогашниот премиер Хари Костов, по изјавата на Агрон Буџаку дека му одговара на својот партиски лидер Али Ахмети, а не на премиерот. Значи, и во Владата на Груевски министрите им одговараат на партиските шефови. Дека е така и дека партискиот шеф е со ранг на премиер, говори и фактот оти Ахмети не дозволи сега да се реконструира ниту еден министер од ДУИ. Стојановски потврди дека партизацијата го има зафатено образованието, а јас би додал дека партизацијата како метастаза е уште поизразена во државната и јавната администрација, судството, полицијата, во културата..., за што постојано добиваме единици од ЕУ.
Ова што сега се случува в��ќе подолго време се очекуваше. На несоодветен однос кон евроинтеграциите предупредив уште есента 2006 година, кога првата Влада на Груевски ги немаше изодено ниту првите сто дена. Тогаш во текстот „Владата има проблем со демократскиот капацитет“, напишав: „Груевски, на општо изненадување на домашната јавност и на евродипломатите, во Брисел се определи да не бара датум за преговори, што од аспект на интересите на државата, нацијата и на граѓаните е несфатливо и неприфатливо“. Тоа на ЕУ добро и' дојде, па сега вагонот на Македонија стои на перонот во Скопје, како што како опозиционер се изразуваше Груевски, а кога ќе дојде локомотивата да го закачи за возот кој оди кон Европа, е крајно неизвесно“. Денеска, вагонот Македонија заедно со кондуктерот Груевски, на кого демократијата и евроинтеграциите не му се интерес, веќе четири години стои на слепиот колосек во Скопје.
Груевски не треба да се крие зад реконструкции, оставки и смени на министри. Мора да направи реконструкција на својата политика.
Da kazese nekoj pred 10-ina godini deka FYROM ke ima premier polos duri i od Branko, nikoj nemase da mu veruva. Eve gi ovcite, 2009-ta godina, seuste pod referenca vo OON, seuste nadvor od site integracii, sekojdnevno podolu i podolu ekonomski. Narod na koj veke crevata mu krkorat od glad, ne moze da go izlazat ni 100 Pasko Kuzmani nitu 1000 Aristoteli i Milevci....
Од: blaze m.
Датум: 13.07.2009 05:02:09
Gospodine Manco Gruevski e podobar od tvojot Branko koj e rasprodade Makedonija pocnuvaki od Ohridski pa so kompromisite. sto ve buni vo sekoja demokratska drzava Premierot ima pravo vo negovo ubeduvanje da pravi rekonstrukcija, a tova pravo go ima dobijeno od narodot ako toj narod nee zadovolen, na narednite izbori ke mu prsudi
Од: B
Датум: 13.07.2009 06:38:02
Dobro be, shto chovek ke beshe ti. Vo koja zemja ziveesh? Velish vozot stoi vo Skopje, epa od Januari toj voz ke moze da pochne da patuva vo Evropa bez milioni da se davaat na vizi. So shto ima da se pofali drugiot "konduktor"?
Од: dedo dimo
Датум: 13.07.2009 07:48:03
Novinarov goore mnogu go kritikuva Gruevski ,no zaborava deka 15-16 godini pred toa na vlst beshe SDSM a zosto ne kaza koj e donese Makedonija do ovaj stepen shto zaglavi .pa ni napredni nazat ne se mozi so prifakanje na pridavkata FIROM Makedonija beshe avtomacki blokirana od site zaclenuvanja za EU i sega samo se tapka vo isto mesto .Imeto na 90% od Makedoncite ne im se menuva , a bez toa nema ni EU ni NATO .E sega gospodine shto e podobro za Makedonija da ostaneme obezimeni (a toa dosega na niedna drzava vo svetot ne i se desilo )i da odime vo EU i NATO ili da go zadrzime imeto koe go imame poveke od 2500Godini i za koe tolku krv e proleano niz vekovi.I koj nie ke bidime togash vo EU iNATO .Edno teba da svatite Bez ime nisto na svetot ne postoi I gomno da e imaime (gomno).
Од: Лавица
Датум: 13.07.2009 08:13:25
Каква принципиелност! Само што Груевски ги разреши, министрите кои до вчера беа најжестоко критикувани одеднаш за опозицијата станаа светци. Исто и овој „новинар“ Митевски, место да анализира како работеле сменетите министри, тој пишува дека не биле проблем министрите, туку „политиката на војсководецот Груевски“. Па ако тоа бил проблем, ете, сега Груевски го коригира. Во тоа е и неговата големина. Точно е: Македонија нема премиер за Европа - Македонија има премиер за Македонија!!!!! Кога тоа ќе го разберат луѓе како Митевски, тогаш ќе не биде.
Од: Acko
Датум: 13.07.2009 08:54:50
Gruevski, vo seta ovaa ujdurma okolu Makedonija, e samo najgolemiot zrtven jarec koj naskoro ke bide zrtvuvan. Nekoj drugi zatkulisno igraat igri, a Grujo e na nivniot platen spisok koj treba da odraboti za niv, a toa e:Kratovizacija na Makedonija, i unistuvanje na imeto VMRO.
Од: Трпе
Датум: 13.07.2009 09:32:41
Нормално,дека немаме премиер,ниту влада за да не води в�� иднината.Добро тие знаат дека знаењето е сила и моќ.А,баш ним и фали знаењето.Тие ја злоупотребуват само политиката ,која е сила и моќ.Лесно е да се излаже ,гласачкото тело и да се земе власта.Но што понатаму.Каде е тимот за водење на народот во подобар живот.Но ова влада ја употребува она старата,слушајте што говориме а не гледајте што работиме.А тие работат само за материјални лични интереси.
Од: bobi
Датум: 13.07.2009 10:54:12
Makedonija ima premier za Venecuela Belorusija Kuba a ne za EU.
Од: minco- procitaj sto kaza solana
Датум: 13.07.2009 10:56:30
Dosta zamaras be Minco so tvoite obvinuvanja kon Gruevski. Ti kaza Solana dali ilma ili ne Makedonija premier i Vlada za Evropa. Procitaj go tekstot i odama da pises demant sam na sebe. A neli sfati deka dzabe samo trosis vreme protiv VMRO poslednive 3 godini. Postojano vikas im paga rejtingot sega ke izgubat, anketite se edno izborite drugo i pak ista pesna. I uste dolgo ke bide ista i ti ke si pisuvas isto i taka.
Од: R..
Датум: 13.07.2009 11:20:09
Site ovie prvite 5-6 komentatori , pominuvajki po redovnite "dedo dime" i "lavicata", redovni platenici na izvesni "zainteresirani licnosti", poradi dadeniot zbor na"shefot" nemaat potrebe da razmisluvaat; nivnite mesecni zarabotuvacki se zagarantirani. Poradi toa, zaboravaat deka "losiot" premier Crvenkovski ne bese na toaa mesto 15 godini deka toj ja donese Makedonija do vratata na EU, a promenata na misnistrive ako e kritikuvana, ke ja razberete ako sakate da "citate" sto tie rekoa za svojata "nepovrativa ostavka". So ovoa "zrtvuvano jagne" ke bide ne "ovcarot", tuku cela Makedonija. A za "vozot", onie sto go uslovija so teski maki ,se povlekoa od scenata, dosta im bese da bidat "mrtvi ribi" kako sto rece nekoj ...
Од: баба севда
Датум: 13.07.2009 11:26:34
Подсетување за ВМРО-овците односно за дедо димо ,SDSM не бил на власт 15 години,а кој беше од 92 до 94, од 98 до 2002,од 2006 до 2009 тоа ти се скоро 9.5 год.знаеш ли ти математика или не неписмено створење,сте имале време да ги решите сите проблеми во државата а не само да кукате
Од: realen
Датум: 13.07.2009 11:41:08
Gruevski definitivno ne e kadaren da bide Premier na Makedonija. Toj e tolku iskompleksirana persona, sto nitu primerite na kolegite desnicari od bivsite YU prostori ne mozat da mu bidat primer. Toj neka si se posveti na boksot, neka mectae po lavovi, konji i drugi antikviteti. Toa e zloto sto ne sotre, kako narod , kako brana da se misli. A, moze i da sadi cvekinja, bidejki togas nema da misli i ke bide najplodotvoren, a voedno i korisen.
Од: sime
Датум: 13.07.2009 11:43:47
Veke komentarive stanaa dosadni,uste 100 gofdini ke slusame Branko e kriv Grujo e kriv.Ne se gledame samite kolku doprinesuvame za nasata drzava od ekologijata,bunista nasekade do polni kafani mladi lugje vk rabotno vreme,do prevari na sekoj korak.Svesti se narode i fati se za rabota,gledaj malku na zapad kako se odnesuvaat lugjeto kon svojata drzava/
Од: Кирил
Датум: 13.07.2009 12:13:24
Дедо Дими - ти си глуперда која не може да пресмета кој колку бил на власт, а Лавицата (ако е плавауша) и се знае коефициентот на и интелегенција...
Од: KPMarija
Датум: 13.07.2009 12:43:18
G-din "nezavisen" novinar Makedonija ima Premier za vo Evropa , ima Vlada i ministri , edinstveno shto nema za da bide del od Evropa e demokratska i konstruktivna opozicija , shto pak e razbilivo pri tolku smeni na partiski shefovi, se pokaza deka nemaat tie kapacitet vnatre za pak da dozvolat eden istorshen politicar da im bide "lider " Toa e za sramota i ne e za vo Evropa!
Од: ezo
Датум: 13.07.2009 13:10:19
pa da be za vas nikoj ne e sposoben samo frcko, brance i ovie, onie ,vie site od zad karpatite ste naj sposobnite demek.Zatoa i koga bea na vlast tolku mnogu napravija
Од: zap ev
Датум: 13.07.2009 13:28:08
premierot da ima rogovi pa mak pak nema da ja primat vo eu site snaete grcija se plasi od nacija makedonec poradfi svoeto malcinstvo sto znaci edinstveno so promena na ima i duri severna mak ne dozvoluvat nacilj ili jazik severno makedonec sako mozel crvenkoovski sto ne ja vnel mak vo eu?samo koga ce nestane nacija makedonec togas mak ce vleze vo eu a toa nema nisto so premier na zapad premier obicno nema ni fakultet videte vo bug bodigard stana premier na zapad se toa ludje zanaetlii............
Од: janev
Датум: 13.07.2009 14:50:03
Gospodinot kako da saka da go portretira evropskiot profil na premier. So brada, i debelo politicko dosie, tranzicija i privatizacija zad sebe. Ete takov premier sonuva nasiot avtor
Од: девичанецот
Датум: 13.07.2009 15:10:03
Е, бре Манчо! Македонија немала премиер за Европа??? Од каде го заклучи тоа???
Па нели на државникот, уште таа функција му преостана... да биде премиер не за Европа, туку на цела Европа.
Одлично ќе се вклопи и ќе го води целиот Европски естаблишмент...како што ја водеше Македонија, а можеби и уште подобро....Само тој и е потребен на Европа..
Од: risteski gorgi
Датум: 13.07.2009 17:14:23
I Sarkozi promena ministri, ama tolku vreva ne se napravi vo Francija.