Број 3034  сабота, 11 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Пети Смит - незаборавен концерт

Њујоршката музичарка Пети Смит и нејзиниот бенд ги свиреа најпознатите теми

Тина Иванова

Њујоршката уметница Пети Смит, очекувано, ни приреди незаборавен музички перформанс. Направи концерт каков што на Скопје и на Македонија одамна им требаше. Колку да се направи компарација со она што од културен аспект му се случуваше и сега му се случува на центарот на уметностите, Њујорк, и она што денес му се случува на нашиот главен град. Иако, Скопје ја испушти шансата да ја види Пети Смит во времето на нејзиниот креативен процут (очигледно и тука има голем број почитувачи), но, сепак, таа, како и нејзиниот бенд во кој членуваат музичарите од старата постава, и сега умеат да возбудат, да инспирираат. Зашто едноставно, го задржале се' она што како идеологија, како став, како креативен израз ги водеше и на почетокот во 70-тите и во 80-тите години од минатиот век.

Универзална сала во петокот вечерта ги собра големиот број љубители на делото на волшебната Пети, која не само во Скопје, туку воопшто на Балканот доаѓа првпат, што е привилегија. Затоа и нејзиниот репертоар се состоеше претежно од познати теми, оние кои извршија силно влијание врз понатамошното течение на андерграунд културата во САД, од првиот, антологиски албум „Хорсес“, од „Вејв“, „Истер“, „Дрим оф лајф“... А, како некаков мост меѓу познатите композиции, меѓу нив и најбараните од публиката - „Беацоусе тхе нигхт“ и „Глорија“, беа типичните експериментирања и импровизации, кои Смит и нејзиниот бенд, на кој сега повторно му се придружи и легендарниот гитарист од некогашната „Телевижн“, Том Верлејн, умеат да ги доведат слушателите до една катарзична состојба.

Публиката не престануваше да вреска со секоја завршена тема. Смит, големата поетеса, пејачка, гитаристка, која свиреше и на кларинет, но кој го користи само како ефект во експериментирањето, навистина плени со својата енергија и иако е во поодминати години, таа е витална, се' уште моќна на сцената, со истиот глас - непроменет темен и мек алт. Се' уште бунтовна, гневна кон политичките и социјалните неправди, состојба која ја изразува преку лириката. Тој елемент и гаражниот звук, всушност, можеби се силна причина критиката да и' го наметне епитетот панк-икона, или мајка на панкот, нешто што таа постојано го негира. И оправдано, зашто Пети Смит и' припаѓа на хипи генерацијата, која се бунтуваше против материјализмот, што се' уште е нејзин лајтмотив во уметноста и во животот воопшто.

Пети Смит и нејзиниот исклучителен бенд, чиј звук се движи, како што спомнавме, од гаражен до романтичен и лирски, кантри, па и блуз, не заборави да посвети и една композиција на неодамна починатата поп-ѕвезда Мајк Џексон, а не заборави ниту да го честита роденденот на Никола Тесла, да ја спомне и Мајка Тереза, кои се, како што сама кажа, нејзина голема инспирација.

Она што го направи овој концерт за паметење, покрај појавата на самата Смит, беше неговиот невероја��но добро осмислен концепт на динамика. Одличното озвучување и светлосните ефекти, пак, само придонесоа кон химничната атмосфера, која се создаде во претоплата и задушлива Универзална сала.

 


#
Статијата е прочитана 895 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Насловна
Поништен тендерот за автобусите
Македонија не е најстара библиска земја
Дали ќе има иселенички бран кон ЕУ
Заштита од паника
Зденко
Македонија нема премиер за Европа!
Вистинска расправа во Собранието
Зошто нема туристички понуди за летување во Македонија
Прва победа на Вебер во 130. обид!
Зборуваме, но дали се слушаме
Ночентини нов лидер на Тур де Франс
Сантана го исполни ветувањето во Скопје