Не треба да се финансира само истражувањето на античкиот период, туку и откривањето на сето она што е културен живот 1500 години подоцна
Билјана Јовановска
Академику, подолг период е актуелно пребарувањето по далечното минато. Постои ли во Македонија антиквизација или антикоманија, како што ја нарекуваат?
Точно е дека денес во Македонија, како што пишуваше и нашиот „Утрински весник“, ископуваат 2.450 копачи. Тоа е факт кој ги фрапира сите наши соседни земји. Навистина, станува збор за голема инвестиција. Се копа од Плаошник, преку Хераклеја, Прилеп, Скопско кале и Скупи, до Стоби, Вардарски Рид, Марвинци, Виничко кале. Тоа во Македонија досега не се случувало. Наодите се големи и фрапантни. Од овие работници само 50-тина се дипломирани археолози, другите студенти и физикалци, како што ги нарекуваат.
Но, ова што сега се случува, јас го нарекувам прва фаза. Втората фаза, под претпоставка дека ни претстои, и подразбира објавување и проучување на откритијата. Тоа е многу сложен процес каде што се потврдува научната и професионалната супериорност во археолошката наука. Третата етапа значи дискурс за објавеното, тоа е ревидирањето и валоризирањето на објавените трудови. Кога овие фази ќе бидат апсолвирани, тогаш ќе можам да кажам дали постои антиквизација или не.
Неодамна слушнавме тврдења дека во Македонија при ископувањата на Самуиловата тврдина не е најдена ниту една паричка од времето на Самуил. Точно ли е тоа?
Епохата на цар Самуил е дежурна тема во науката, барем два или три века. Во Македонија постојат најмалку два големи пункта каде што се искажува времето на Самуил и тие се познати во науката стотина години. Во Преспа, на самиот граничен појас со Грција, на островот Аил (Ахил) се наоѓа катедралната црква на царството на Самуил и го носи името на Свети Ахил. Таа е огромна и одамна е во урнатини. Значи, тоа е седиштето на патријаршијата или архиепископијата на Самуил, посветена е на Св. Ахил Лариски, кој е учесник на првиот вселенски Собор во Никеја. Во последните години од 19 век, преку езерото, во селото Герман е најдена надгробната плоча на Самуиловите родители и брат. Таа плоча е најстариот епиграфски надгробен натпис на кирилица. Да потсетам дека за време на цар Самуил се врзува и настанувањето на Асеманиевото евангелие, глаголско, еминентен споменик на Охридската книжевна школа. Тоа е украсено со орнаментика, која и денес го возбудува научниот свет и таа никогаш не е соодветно објаснета. Денес се чува во Ватикан и во неа првпат се спомнува името на св. Климент како епископ Велички.
Лани предочивте дека власта не може да биде ориентирана единствено кон античка Македонија, на сметка на се' останато. Сепак, археологијата и сега е најпопуларната историска наука кај нас. Знаете ли на што се фокусирани оние 2.450 копачи што работат на античките локалитети?
Да, укажав дека е финансиран античкиот период, но како да се врши селекција и не се инвестира во заштитата, во откривањето на сето она што е културен живот речиси 1500 години подоцна. Во тоа не се инвестира. Значи, се работи за селективно финансирање. Очекуваме корекција затоа што нашето културно битисување и идентитет траат и се доградуваат милениумски. Да потсетам дека лингвистите одамна рекле оти уште во 12. век го следат диференцирањето на македонската редакција во јазикот во Охридската школа во однос на српската, бугарската.
Факт е дека се откриваат голем број предмети од разни периоди, но познато е, исто така, и дома и надвор, дека тие остануваат без неопходната научна поткрепа. Која е целта на истражувањата ако тоа не и' се аргументира и на светската научна јавност?
Во светот на науката она што не е објавено не постои.
Се кријат ли и од Вас некои артефакти?
Откривачот на артефактот во прво време мисли дека тоа и ќе го објави, но се судира со својата немоќ и се случува пронајдокот да го крие. Не ми се сосема достапни, на пример, керамичките икони од Виница и покрај тоа што го обиколија светот, а некои од нив се откриени пред 15 години... Потоа, во Кнежино, Кичевско, од домаќините ми беше кажано дека немам пристап иако претходно ме повикаа да учествувам во проучувањето.
Сакате да кажете дека фрагменти од фрески чува некое домаќинство?
Не знам кој ги чува, но ми рекоа дека мене не ми се достапни. Проблемот е што нема закон кој би одредил колку долго артефактите можат да останат недостапни.
Во Вашите истражувања посебно место зазема Охридската архиепископија. Какво беше нејзиното значење и имаме ли право да се прогласуваме за единствени наследници?
Ова е прашање кое бара поширока елаборација, но сега само кусо ќе кажам: иако тоа е црковна институција од екуменски ранг и постоела речиси 800 години, нејзината власт се протегала од Украина до Сицилија, но, сепак, основното нејзино јадро е Македонија. Охридската архиепископија е нашата државност. Благодарение на христијанските норми во нејзе дејствувале најинтелигентните чеда на македонскиот народ, за што говори големата активност и книжевна заоставнина. МПЦ има право да смета и верува дека е наследник на Охридската архиепископија.
Дали во блиска иднина ќе се реши спорот со Српската православна црква околу автокефалниот статус на МПЦ. Имаме ли во целата приказна и ние своја вина?
- Преговорите повторно со СПЦ се во тек. Ние бараме посредување од Руската православна црква, која ги знае нашите проблеми и има големо влијание дури и врз СПЦ и точно знае какво било значењето на светите Кирил и Методиј, Климент, Наум... за словенскиот свет. Скора разврска не очекувам, но се надевам дека ова прашање ќе мора да се надмине.
Често се слуша тврдењето дека Македонија е најстарата библиска земја. Дали е така?
Македонија не е најстара библиска земја. Ова, пак, ништо не и' одзема од нејзиното место во христијанската заедница. На ова прашање имав реакција и од некои мои колеги. Апостол Павле бил мисионер во Македонија околу 50-тата година по Христа. Апостолите ја почнале својата проповед по 50-тиот ден од Христовото воскресение. Тоа нашиот народ го нарекува Духовден. Оттогаш, апостолите го шират Христовото учење на сите страни од тогашниот свет. Се знае каде бил апостол Павле во Македонија. И кога охридскиот аеродром го доби името „Св. апостол Павле“ реагирав. Прашав зошто - ми рекоа дека апостол Павле престојувал во Охрид! За ова, за жал, нема никакви аргументи. Свети Еразмо е првиот мисионер на христијанството во Охрид. Тој страдал 303 година во Италија и по него го носи своето име и големиот хуманист Еразмо Ротердамски. Охридскиот аеродром е покрај црквата „Св. Еразмо“ и се викаше исто како и таа. Се прашувам кому му пречеше тоа чесно име на тој маченик, кој Христовото учење го донел во стариот Лихнид (Охрид)?
Никогаш немало таков интерес за историската наука и истовремено таква јавна манифестација на незнаење. Од МАНУ не се очекува дневно да реагира, но сепак, не е ли време, националната историја да се објасни похрабро, се разбира, од научен аспект.
Јас сум историчар на средновековната уметност. Никогаш не сум имал притисок што ќе истражувам ниту имав државна поддршка во моите истражувања. Еве, веќе половина век, во МАНУ има само еден историчар. А во јавноста како да се има впечаток дека Академијата не одговара на некои суштествени прашања. Овде членуваа сега покојните Блаже Конески, Љубен Лапе, Димче Коцо, Александар Матковски, кои дадоа капитален придонес во оваа наука, во поширока смисла на зборот (јазик, култура, археологија, историја). Но, не ме прашувајте зошто никој не ги чита нивните трудови.
Го чувствува ли МАНУ притисокот од власта?
Не. Мој избор е што ќе проучувам и тука никој нема влијание врз мене. Финансиските инвестиции во одредени области секогаш имале влијание во насочувањето на одредени сфери на науката. За среќа, јас не сум се судрил со такви проблеми.
Ви пречи селективниот однос во проучувањата?
Токму така, многу ми пречи таквиот однос на која било власт - таа да одлучува дали ќе се прочува ова или она прашање во историјата, културата и уметноста. Словенската писменост има епохално значење, таа е нормирана според јужномакедонските дијалекти, благодарение на тоа ги примивме не само поуките од Библијата, туку и сите придобивки на светската наука и култура. Никој нема право да затвора очи пред тој факт. Но, исто така, ние сме должни и повикани да го проучуваме и културното наследство на македонска почва од праисторијата до денеска. Тоа МАНУ и го прави.
Ќе ја објасните ли битката на словенските просветители за христијанизацијата на овие простори?
Да, секако. Ова прашање е важно за историчарите на црквата и јазикот. Тогаш кога светите работеле и го создавале старословенскиот јазик, кој сега се нарекува и старомакедонски јазик, тие го правеле тоа со мисионерски жар за да му го доближат Светото писмо на мајчиниот јазик т.е. да ги христијанизираат. Овој факт често се заборава денес за притоа да им се придружи една патриотска конотација. Да се разбереме, светите Кирил и Методиј не се од Византија испратени во Македонија, туку во Велика Моравија (Словачка и Чешка) по покана од тамошниот кнез. Биле генијални лингвисти и полиглоти и тоа тие го сториле на величенствен начин, а биле обвинувани дека шират ерес. Но, при аудиенцијата кај папата Адријан Втори во Рим ватиканските прелати констатирале дека тие се големи христијански мисионери, високообразовани, кои одговарајќи на нивното прашање ја изговориле реченицата: „Дали сонцето грее само за едни, а не и за други“, што подразбирало дека Библијата треба да биде достапна за секого.
Sto ima losho vo iskopuvanjeto na istorijata? Obedinetïte Nacii i UNesco vece alarmiraat kako vojnata Amerikanska baza locirana kraj Babilon vece go unistuva gradot. Vo slobodnoto vreme sekoj koj stigne kopa i unistuva, pa sé e na rabot na propasta. Ovaka barem nesto ce imeme vo muzeite da posetime. I?
Од: Кирил и Методиј
Датум: 13.07.2009 00:16:33
"...Тогаш кога светите работеле и го создавале старословенскиот јазик, кој сега се нарекува и старомакедонски јазик...."
Се нарекува старомакедонски јазик само во Македонија од македонски научници, во овој свет се нарекува старобугарски.
http://en.wikipedia.org/wiki/Old_Church_Slavonic
Од: МК
Датум: 13.07.2009 00:46:21
МАНУ е полн со предавници како и Сдсм !!!
Од: Виктор
Датум: 13.07.2009 01:26:38
Утрински весник да земе интервју од академиците кои се потпишаа на кандидатурата на букефалистот сегашен Претседател на Република Македонија и да побара мислење дали уште се согласуваат со политиката на антиквизација и грцизација на граѓанството, во стилот на Каравангелис.
Од: Makedon od Deutschland
Датум: 13.07.2009 02:04:57
Akademice Grozdanov, na krajot na Vasheto intervju izrekovte edna takva glupost shto zaprepastuva i upatuva da je vratite akademskata titula. Pa zarem ne ste ccule za Bregalnicckata misija na Sv. Kiril i Metodij? Svetite braka celi deset (10) godini rabotele po teccenieto na reka Bregalnica (poznati Vi se lokalitetite: Morodvis, veljusa, Sveti petnaeset....?) i tokmu vo toj period ja napishale glagolicata. Za da ve doinformiram, po Bregalnicckata misija tie odat vo vtora misija vo Herson na Krim, potoa i vo treta kaj Saracenite/ Arapite) vo Bagdat, pa duri posle seto toa odat vo cetvrtata posledna misija kaj Rostislav vo Moravija. No prvata i najvazzna misija kaj Makedoncite po tecenieto na Bregalnica e osnovna i najvazzna!! Vprocem, procitajte go Stjepan Antoljak (Hrvat) i Branko Sanov, nash covek Strumiccanec, i rabotite ke Vi postanat pojasni.
Од: mitko za slavjanskata nepismenost
Датум: 13.07.2009 02:14:17
Staroslavjanskiot jazik sega se narekuva staromakedonski? Ohridskata arheipiskopija od Ukraina do Sicilija e fakticki makedonska? Koj napisal vo nejzinata 800 godisna istorija deka taa e bas MAKEDONSKA? Taka Grcite i Srbite se obidoa, so uspeh, da ja izlazat MPC so cel taa da ne e veke Makedonska. Cvetko cvetane do koga be so ovaa manijakalno megalomanska istorija? No da te naucam jas malku istorija djabe seto ova go lazete koga dobro znaete (za sto ima i svedoci) deka mnozinstvoto na Makedonci bile NEPISMENI do Prvata svetska vojna (da ne kazam do vtorata).
Toa e pravata istorija na ovoj narod ropstvo i nepismenost, i odenje kako stoka po lazlivite i kradlivi negovi vodaci.
Од: Ace od Avstralija
Датум: 13.07.2009 02:53:24
Cvetan, site znaat ( normalni ludje i istoricari ) deka Sv. Pavle se rodil vo Filipovo, Makedonija. Za neupatenite, Makedonija bese vo sklop togas so Rimskoto carstvo t.e. dobi avtonomija poradi slavata na Aleksandar. Koj se protivi na ova, neka se zali ili neka vidi vo Biblijata.Treba ne 1500 god podocna nego 1500 porano ili 15000 god ako e potrebno da se ispituva tamu, a vie "slovenite" sto odite po ceif na Grcite, ne ispitivajte nisto tuku sami sebesi. Vo Biblijata pisuva: Sv. Pavle se obrati na SOLUNCANITE i im rece- Obrazec ste Vie na Makedonija i Ahaja. Znaci neka mi prostat Bugari, Srbi, Albanci koi gi nemalo nikade togas, a Ahaja se narekuvale gradovi (robovladetelski) drzavi Atina, Sparta, Teba... pa se narekuvaat uste kako ELINI, ELADI, GRCI... kakov istoricar si ti ako ne znaes i ne si gord sto Sv Pavle vo rodno Filipovo, Makedonija izgradi prva crkva vo Evropa?
Од: Saso Germanija
Датум: 13.07.2009 07:50:14
Gospodine Grozdanov, ne e najstara bibliska zemja, ama e EDNA OD ANJSTARITE. Pravete ja taa razlika.Nekolku pati se pisuvase vo ovie komentari, zosto se spie okolu srednovekovnata epoha.Zosto ne se cestvuva 1000 godini od bitkata
kaj Belasica koga se oslepeni 14.000 Samuilovi
vojnici nasi pra pra pra pra pra pra pra....dedovci.
Tamu pod Belasica do 2014 godina treba vo golem ukrasen park da se podigne ogromen voen
mileniumski memorijal na taa bitka za da se voshituva svetot, da bide svetiliste za adzilak,da se cestvuva edna do togas najstrasna bitka vo
istorijata na svetot. Da se cestvuva Makedonija,
prijatelu moj. Ami se spie i kukavicki na vakvi napisi se so odgovori molci.Predavstvo e toa g.Grozdanov.
Од: Лавица
Датум: 13.07.2009 07:54:31
Пред да дојдат комунистите Македонија не постоела. Не била библиска земја, ниту св. Павле бил тука, Александар и Филип живееле во Атина, Кирил и Методиј не зборувале Македонски, Самуил не бил во Охрид и т.н. Дури кога се појавиле комунистите, тие на нивниот 24-ти конгрес ја создале Македонија. Затоа нема зошто 5.000 вработени копачи („физикалци“) да копаат по нашите археолошки локалитети. Доволно е да ги прашаме грците и тие ќе ни ја кажат и нашата и светската историја. Старците од Ману може и натаму спокојно да си спијат во фотелјите. Евентуално да напишат уште некоја книга за петтата непријателска офанзива и нејзините последиците во промената на имињата на говедата во Малешевијата за време на социјалистичкото самоуправување.
Од: ni nema spas
Датум: 13.07.2009 09:14:01
Вие дежурни ВМРО-вци што предавничко видовте во написов, не ми е јасно! А ти лавице резонираш како 15 годишна. Може ли да ти ги донесам учебниците за историја, онака како што ја учевме во социјализмот, со други зборови, ништо од тоа што го тврдиш (ако се писмени твоите родители, би можеле и тие да ти ги покажат). Се си беше како што е во светската наука и историја. А се додека не се најдат нови докази, така и ќе биде. Не може бе секој Митко, Трпе, Аце, Сања да си пишуваат своја сопствена историја! А ти Аце, каде ти е тоа Филипово, живти бога, во денешна Македонија? И кој воошто тврди дека античка Македонија не постоела???Измешавте баби и жаби и пак не ви иде паметот.
Од: Philosoph
Датум: 13.07.2009 09:16:17
Potpolno se soglasuvam so akademikot. A sega za dezirformaciite od nekoi komentatori kako na primer Ace; Ap. Pavle bil roden vo TARSUS kade vo togasno vreme ziveele Grci, bil po poteklo Evrein a imal rimsko drzavjanstvo. Vo Dela na Apostolite (bibliska kniga) 16:9 stoi zosto bil vo Makedonija. Deka vo Solun togas ziveele Grci (kako i Rimjani i Evrei ama ne Makedonci) pokazuva istata kniga vo 17:1-5
Од: protozoa
Датум: 13.07.2009 09:22:23
Pod hitno da se uapsi covekov (koga veke ne mozeme tie sto ograbuvaat banki).Prvo toj ne e golem Makedonec (treska gluposti, neli), a vtoro toj nas ke ne uci koi sme nie.Plus siri nevistini, kako li samo na toa ke gledaat GOLEMITE Makedonci (onie so partiska kniska de, alo ne sum za SDSM- ova e za golemite).Toj nas ke ni kazuva koj sme, a ni samiot ne znae. Prvo nie, pa potoa se ostanato..... pa se naseliva amebite....
Од: baba vanga
Датум: 13.07.2009 09:27:52
Makedonija postoi kako drzava od 1945 godina i kazete na Tito Golemo Blagodaram za toa,a ne kako sega mozebi ke se ubeduvame deka Makedonija e postoele pred DINOSAURUSI
Од: Donald Duck
Датум: 13.07.2009 09:50:34
Do: Lavica i slicni nepismeni chitateli
Prvo i osnovno: da ne bea komunistite, kje nemase Makedonija. Toa e istoriski fakt koj kolku i da ve iritira e vistinit. Da pobedea chetnicite, a ne partizanite, sega (seuste) kje bevme vardarska banovina. Vtoro: da ne bea pak tie istite komunisti, kje nemase MPC...koja avtokefalnosta vo ramkite na SFRJ ja dobi vo 60-te godini na minatiot vek. Da ne me svatite pogresno, jas ne sum komunist, no istoriskite fakti nemozat da se menuvaat za dnevno - politichki potrebi.
Smesno e a voedno i tragicno da si gi barame nasite koreni vo antikata....toa mu doagja isto kako turcite da kazat deka se bibliski narod (iako dosle na podracjeto na denesna Turcija vo 12 vek), ili amerikancite (severni i juzni) da kazat deka otsekogas ja naseluvale Amerika.
Slovenite (kako i germanite), bile divi nepismeni pleminja (edinstveni dokazi na koj se potpira denesnata istorija se zapisite od Rim i Vizantija, koj vo toa vreme bile visoko civilizirani opstestva)....
Од: do ace avstralija
Датум: 13.07.2009 10:21:53
ace koga albancite bile tuka ti uste si se kacil po drva zad karpatite
Од: Apostol
Датум: 13.07.2009 10:23:57
Citajki gi komentarive iznenaden sum kolku "istoricari" imame koi "naucno" so "nepobitni fakti" ni kazuvaat ne samo nam, na citatelite, tuku i na akademicite vo MANU, koja e "nasata istorija". Samo napred "istoricari", ocekuvam i knigi ili ucebnici da izdadete za nas "neukite" citateli i akademicite.
Од: bobi
Датум: 13.07.2009 10:41:23
Istorijata ne se cita samo pred 2000 godini ,imalo istorija i od togas do denes.Ova se iskopuvanja kade vlasta se mesa vo istorijata.Istorijata ne moze da bide drzavna politika.vaka iskopuvale i nacistickite arheolozi koj sakale da dokazat deka se nadodredena nacija.
Од: do lavicata
Датум: 13.07.2009 10:59:04
Tesko e na covek da mu se objasni koga se stavil vo pozicija na "branitel na nekakva ideologija".Socijalizmot e nasa istorija i bese podobar od ova sto go ziveeme sega.Da se kaze deka togas se razjasnija nekoi raboti okolu nasata nacionalnost e tocno(toa go tvrdat i nasite komsii)i toa e del od nasata istorija i postoenje.Nazalos nas makedoncite uste pametot ne ni dosol.
Од: Petar,Germanija
Датум: 13.07.2009 11:09:06
I ovoj li...sto tolku se plasat i se stramat od Antikata PREDAVNICI!!!!fuj!!! ps. ako neste znaele...
nasite Sveti Braka "Kiril i Metodij" neja izmislile , nego ja obvnovile Azbukata od Antickoto vreme na Makedonija! da zivee Makedonija!!!
Од: Гостивар
Датум: 13.07.2009 12:17:27
Сакам Филм од Манчевски (нешто слично на кодот на да Винчи) во кој ќе се раскаже коренот македонски :-P
Никој наш академик неможе точно да ги потврди античките корени.ФАКТ!!! Ништо незнаат, муабети кои се вртат у круг накитени со други зборови...Истото се повторува, претпоставки "факти" но секо��аш со ниеден нов елаборат за дефинитивното наше ПОСТОЕЊЕ..
Тешко на нам кога тие што треба да се борат за нашата идентификација го минуваат животот во претпоставки и пишани некои нивни филозофии.РАБОТЕТЕ, ДОСТА СПИЕЊЕ!!!!
Од: bs
Датум: 13.07.2009 12:38:20
Убаво е да почне конечно и права дискусија а не дневно политичка историја, со нетрпение чекам одговор од останатите историчари, не би сакал да дојдеме во ситуација да се смееме кога некој скоро ќе откопа и фотографии во боја. Што се однесува до Руската црква тука не очекувам помош, за жал ако нивниот став ко н МПЦ се смени, тогаш треба и Украинската црква да ја признаат како основач на руската
Од: rasko_gv
Датум: 13.07.2009 13:32:10
zosto nikogas ne ja priznavame vistinata ...sme staromakedonci ama slovenizirani so poteklo iliri vo celata teritorija na starata makedonija vo komsiluk so grcite koi se lokalizirale vo dvata grada atina i sparta i nekoi ostrvi..sto znaci tie sto ja prifatile osmanskata vera islamot stanale na albanci, drugite sto opstana hristijani sme nie makedonci...vo balkanot se menuvase istorijata...toa se mnogu vekovi..neka nas gospod pomogne .licno ocekuvam replika..so argumenti ke vi odgovaram, ubav pozdrav..z..
Од: arheolog
Датум: 13.07.2009 14:37:17
Veke 11 godini Pasko Kuzman ( i negovata mnoguiljadna svita), so nebroeni pari od drzavata, kopa i naoga ,,epohalni, otkritija. Kade se istite, koj gi cuva, zosto ne gi obrabotuva, publikuva, dade na uvid na makedonskata i svetska javnost. Zatoa sto ubavo kazuva Grozdanov, vo svetot na naukata, ona sto ne e objaveno ne postoi. No toa ne go amnestira od negovata anemicnost kako aktuelen pretsedatel na Sovetot za kultura na ministerkata Kancevska. Ima pozicija od koja javno moze da pobara uvid sto e iskopano, kolku e epohalno i kade se cuva. I zosto dosega ne e publikuvano.
Од: janev
Датум: 13.07.2009 14:38:00
G-ne grozdanov, fakt e deka za prv pat se odvojuvaat sredstva za arheoloski iskopuvana i konzervacija, a vie dokolku ste istoricar toa treba da ve raduva bez razlika koj lokaliteti se istrazuvaat. Se nadevam deka skoro ke imate moznost da se dokazete i vo lokaliteti od sredniot vek, iako ste akademik so godini pa ne ste mrdnale niti so mal prst za toa