Број 3034  сабота, 11 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Прва победа на Вебер во 130. обид!

Австралиецот и Фетел во Нирбургринг му донесоа нов еден-два триумф на Ред бул

Марк Вебер чекаше долго и дочека во својата 130. трка во Ф1-кариерата, Големата награда на Германија, да стигне до првата победа, тргнувајќи од пол-позицијата, но и одработувајќи казна со минување низ боксот поради колизијата со Рубенс Барикело на стартот! Неговиот тимски колега Себастијан Фетел финишира втор во новата еден-два победа на Ред бул, трета во годинашната сезона во Формула 1. Обајцата го потиснаа Барикело од Браун од второто место во вкупниот поредок, при што Фетел ја намали разликата во однос на лидерот Џенсон Батон исто така од Браун на 21 поен. Батон заврши петти и сега има 68 поени, Фетел е втор со 47, Вебер трет со 45,5, а Барикело сега е четврти со 44. Подиумот во Нирбургринг го комплетира Фелипе Маса, како своевидна утеха за Ферари по откажувањето на светскиот шампион од 2007, Кими Раиконен.

„Извонредно! Толку многу посакував да победам по Силверстоун. Единственото нешто што мислев дека би можело да ме победи беше дождот“, не ја криеша возбудата Австралиецот. „На стартот целосно го загубив од видот Рубенс и удрив во него. Тоа, нормално, не е мој стил, па добив казна ’драјв-тру‘, но се вратив. Ова е голем ден за мене. Зимата беше тешка, но имав извонредни луѓе околу мене“.

„Марк Вебер, ти си гран-при победник! Добро направено, брилијантно возење“, му рече шефот на екипата Кристијан Хорнер преку тимското радио, чекајќи трпеливо неговиот возач да престане да вреска зафатен од еуфорија.

Пред очите на својот горд татко Алан, Марк вдиши длабоко и уживаше во атмосферата додека на победничкиот пиедестал во негова чест се свиреше австралиската химна. Тоа првпат му се случи на еден Австралиец во Формула 1 по речиси три децении. Последен што ја имаше таа привилегија беше Алан Џонс во Лас Вегас во далечната 1981 година.

Вебер (32) постави и рекорд во поглед на јазот меѓу дебито и првата победа. Досегашен рекордер беше Бразилецот Барикело, кој мораше да чека 124 трки пред својот првенец како возач на Ферари во 2000.

Голем пех му се случи Германецот Адријан Сутил, кој во обид да ги освои првите поени за Форс Индија стартуваше седми, дотурка дури до второто место, но се судир со Раиконен и тука завршија надежите.


Статијата е прочитана 431 пати.

Испрати коментар

Од: Petre
Датум: 12.07.2009 23:44:42
navidum interesna trka, no me iznervira totalno mizerniot komentator na Kanal 5, koj izmisluvase nekoja strategija so 3 boxa na Brown, a vsusnost se rabotese za (ne)Namerni greski za Weber da osvoi prv pat pehar i Masa podium..
Од: Трпе
Датум: 13.07.2009 09:37:17
Тоа е човек ,кој знае да се радува.Но и вреди да ббиде радосен после толкугодишен напор.Честитки за победата.

Најди! во Утрински
Насловна
Поништен тендерот за автобусите
Македонија не е најстара библиска земја
Дали ќе има иселенички бран кон ЕУ
Заштита од паника
Зденко
Македонија нема премиер за Европа!
Вистинска расправа во Собранието
Зошто нема туристички понуди за летување во Македонија
Зборуваме, но дали се слушаме
Ночентини нов лидер на Тур де Франс
Сантана го исполни ветувањето во Скопје
Пети Смит - незаборавен концерт