|
|
|
|
|
|
Грција
Нова влада, Ламбринидис нов министер за надворешни
17.06.2011, 9:44
Атина - По два дена породилни маки конечно утринава се роди новата реконструирана грчка влада. Министерот кој најмногу комуницираше со Македонија, министерот за надворешни Димитрис Друцас е надвор од грчката влада. Нов министер за надворешни работи е Ставрос Ламбринидис, европратеник и лидер на групата европратеници на ПАСОК во Европскиот Парламент.
Најважната позиција, министерството за финансии му е доделено на Евагелос Венизелос, кој до сега беше министер за одбрана. Венизелос ќе биде и вториот вицепремиер во грчката влада покрај Теодорос Пангалос.
Досегашниот министер за финансии, Јоргос Папаконстан��ину останува во составот на грчката влада како министер за животна средина. Нов потпарол на грчката влада е Илиас Мосхалос.
Покрај Димитрис Друцас, надвор од новиот состав на владата останаа и поранешната министерка за животна средина, Тина Бирбили и поранешната министерка за труд и социјала, Лука Кацели.
Новата грчка влада ќе даде заклетва денес попладне, а во следните денови Папандреу ќе побара Парламентот да изгласа доверба за владата. (М.П.)
|
#
|
Статијата е прочитана 1006 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: ivo |
Датум: 17.06.2011 22:59:38 |
|
Mene pak ne mi e jasna situacijata so izborite vo Makedonija?! Boskovski vo pritvor pod somnenie za izborni finansovi manipulacii! SDSM i edna od nacionalnite televizii koi gi pokrivaa izborite A1, posoceni , sosema seriozno od Sitel , deka storile kriminal , so nezakonita isplata sprema Sovetot za radiodifuzija, koj pak seriozno kako institucija e involviran vo izborniot proces. VMRO e posocen deka od drzavata koristel mozebi sredstva od MMF, koi se dadeni na drzavata za sosema druga namena!Navodno potrosil nesrazmerno poveke od drugite? Pa ako e taka, ako obvinuvanjata se seriozni , koja e taa "politicka volja" i cija e taa politicka volja za da doznaeme dali izborite , pri tolku izboren visokosofisticiran "kriminal"( kako sto samite ucesnici tvrdat) se voopsto regularni!?! Poarno seto toa , pred da se formira Vlada! Potoa, da ne bide rasprava dali imame "kriminalna Vlada izbrana na neregularni , finansiski lazirani izbori"! ? |
|
|
|
|
|
|
|
|