Број 3607  петок, 17 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter

Вардар заврши кај градските власти

За нов претседател на клубот е избран Зоран Шишковски, раководител на Секторот за спорт при Град Скопје

Сашко Ѓ. Димовски

Зоран Шишковски, раководител на секторот за спорт при Град Скопје, е избран за нов претседател на фудбалскиот клуб Вардар на најновото Собрание што во средата вечер се одржа во хотелот „Стоун Бриџ“. Притоа беа промовирани и новите колективни членови во највисокото тело на клубот кое во иднина ќе брои 10 делегати. Шест ќе има Град Скопје, а четири Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор (ЈПССДП). И тоа е се што е официјално засега. Останатото останува во доменот на шпекулации до најавеното ново Собрание што треба да се одржи наскоро. Тогаш треба да се откријат сите имиња или барем дел од нив кои ќе фигурираат како помагатели, спонзори, поддржувачи, кој ќе биде тренер на екипата, составување на играчкиот кадар, рангот во кој ќе се натпреваруваат црвено-црните во наредната сезона, итн...

„Благодарност за довербата што ја добив да бидам претседател на Вардар, наш најреномиран спортски колектив. Верувам дека со заеднички сили со Град Скопје и со другите домашни институции што ќе изразат интерес за помош ќе го вратиме стариот сјај на клубот и негово повторно движење по шампионски патеки“, изјави Шишковски, поранешен кошаркар, сега градски службеник и прв човек на црвено-црните, непосредно по неговото назначување.

„Можам да ветам дека ќе се обидам што е можно поуспешно да раководам со Вардар во желбите и амбициите за остварување на зацртаната цел, а таа е создавање на силен колектив во организациска смисла и силен играчки состав преку користење на одредени субвенции од Град Скопје меѓутоа и од акционерите и некои финансиери. Се надевам дека во скоро време клубот ќе добие квалитетни екипи за работа од пионерските и младинските школи, па се до сениорската екипа“, дополни Шишковски.

Вардар доби нов претседател, во наредниот период се најавува и целосно нова структура во клубот. Се шпекулира дека тренерското место ќе му биде доверено на Илчо Ѓоргиоски, дека клубот ќе влезе во преговори со неколку поранешни, повремени и стандардни македонски репрезентативци, дека финансиската конструкција на клубот ќе достигне до 800.000 евра на годишно ниво и што уште не. На такви работи се навикнавме во изминатите години кога станува збор за Вардар и неговата судбина.


#
Статијата е прочитана 1316 пати.

Испрати коментар

Од: Igor
Датум: 17.06.2011 07:16:31
Vo Skopje ima kolku sakas sportski klubovi. Nekoi pogolemi, so pogolemi ili pomali sportski dostignuvanja, a nekoi pomali klubovi. Sektorot za sport treba da se grizi za site niv, a ne da igra samo so Vardar. Slavnite vreminja se minato i ne se zivee na stara slava. Treba da im se dade sansa na site drugi koi mozebi so mnogu pogolemo srce go rabotat svojot sport. Ako mozete da dadete ili izvadite od nekade 800000 evra za FK Vardar, vlozete barem troska od toa za sekoj drug sport!
Од: Stojna
Датум: 17.06.2011 08:47:05
Bravo za ovoj poteg, i im pozeluvam mnogu, mvogu uspesi i sreka. Vardar e brend i ne smee da se ostavi da propadne. Dolzni se site koi mozat da doprinesat za negovo opstojuvanje da go dadat svojot pridones. Vardar e del od nasiot identitet . So sreka, na kraj sepak dojde do izraz patriotizmot i se nadevam deka ke opstojat vo ovaa namera.
Од: Mene
Датум: 17.06.2011 12:13:47
Sramota e za Vardar da e vo Prva Liga. A sto da kazat fudbalerite na Miravci? Igrale posteno i sega pak nisto nema da dobijat. Vardar da si odi u VTORA liga i ako e dovolno dobar da se vrati za edna godina vo prva. Jas sum od Skopje no na vbakov nacin sramota e!!. nEMA DA NAVAIVAM ZA VARDAR

Најди! во Утрински
Насловна
ММФ не' скенира, што ќе каже на крај?
Славата, митот и крвта на ВМРО (16)
Грција политички се распаѓа
МВР одговори, ништо не кажа
Преговорите меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ во ќор-сокак
Последната битка на Александар
Кокер си е Кокер
Демонстрантите избркани од пред „Мајка Тереза“
Бунт на бродот што тоне
Практикувајте повеќе јога,а помалку политика
Звуците на филхармонијата се преточија во сликарски платна
МВР не ги разбра!
Финалето во 2013. повторно на Вембли
Јазикот на дипломатијата
Почнува запишувањето во средните училишта
Упорност комбинирана со жесток сексапил
Нова грчка влада, нов министер за надворешни Ставрос Ламбринидис
Сиромашни, а на хероин
Стил
Онлајн вести

"""