|
|
|
|
|
|
Протести
Демонстрантите избркани од пред „Мајка Тереза“
17.06.2011, 15:22
Демонстрантите да стојат подалеку од споменикот на мајка Тереза. Министерството за култура, им забранува на младите да се собираат пред споменикот, местото од каде тргнуваа на сите досегашни протести.
На протестот закажан за денес во 12, групата се изненадила кога обезбедувањето им пришло и им соопштило, дека не може да стојат во кругот на музејот.
Од обезбедувањето, велат дека така им било наредено затоа што младите фрлале ѓубре. Младите пак реагираат - тие пред споменикот се задржувале кратко,а ѓубрето го чистеле сами.
„Јас значи лично секоја вечер чистам. Знаат они многу убаво. Ова го прават за да не уништат, да не тргнат али мислам дека џабе им е“, рече Даут Бислими.
Сепак, велат оваа одлука на министерството нема да ги обесхрабри. Протестите продолжуваат и ги повикуваат сите граѓани да им се придружат на големиот протест закажан за недела на пладне.
„Ги повикуваме граѓаните од цела Македонија во недела во 12 часот на пладне, на голем масовен протест. Се собираме исто од тука од позади спомен куќата на „Мајка Тереза“, вели Стефан Бошковски.
Се протестира веќе дванаесетти ден. Секој ден протестите започнуваа пред споменикот на мајка Тереза на улица Македонија. Младите велат дека се збунети и револтирани од одлуката да им се забрани пристап во делот на споменикот, а од министерството за култура ќе бараат и писмено образложение.
|
#
|
Статијата е прочитана 2584 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: Именка |
Датум: 17.06.2011 15:59:14 |
|
Очајни се. И МВР и култура, сите до еден се очајни. Се обидоа да го излажат народот, се обидоа да го замолчат уништеното семејство, се обидуваат да не’ етикетираат нас, обичните граѓани со поразвиена свест кои сме загрижени за иднината, нашата лична иднина и онаа на нашата Земја. Покажаа дека се способни да лажат, да притајуваат тешко кривично дело, да заштитуваат убијци и нивни соучесници, а сега го покажаа и својот СТРАВ од евентуалното барање за демократија. Протестот е најдемократската алатка во рацете на еден народ! Тие сакаат само полтрони и безживотни куклички кои слепо ќе ги слушаат за суво корче леб! А такви се покажа дека има многу, за жал, за жал, за жал. |
|
|
|
|
|
|
Од: jean luc picard |
Датум: 17.06.2011 16:07:22 |
|
ова е последна опомена од „демократската“ власт. следниот пат џандарите „културно“ со пендраци ќе ги „замолат“ да не се збираат веќе. |
|
|
|
|
|
|
Од: Filip |
Датум: 17.06.2011 16:24:23 |
|
Rezimot prodolzuva, no do KOGA?! |
|
|
|
|
|
|
Од: eu |
Датум: 17.06.2011 16:38:14 |
|
tepaj, brkaj,koloni nas garanici... vmro seuste zivee vo komunizam kakva tranzicija kakvi bakraci |
|
|
|
|
|
|
Од: Band-22 |
Датум: 17.06.2011 17:09:50 |
|
12 dena i nisto od novite pratenici. Tesko na narodot so niv. Mu preporacuvam na narodot da se zafati so gradinarstvo, kolku za sebe, da se prezivee. Od tolku mnogu VMRovci, SDSMovci i razno razni drugi partiski ovci, nisto. Barem volna da im rastese na grbot, pa stocarstvoto i tekstilnata industria na Makedonija ke procvetaa. Vodacite na vodeckite partii bez nikakov sram nitu cest nitu dostoinstvo. Grujo molci kako riba, a pa da povika na odgovornost minister ili nekoj od MVR ne mu paga na pamet. A pa Crvenko se drzi na celo kako krlez, ke cica do smrt, sto ako gi izgubija izborite, ne e negova vina, nego site go "sakaat", samo toj ne moze da "postigne" Pa ni se izvine na site, i toa javno na miting. Neka ni e so sreka i motikata vrace. Ako navistina sakame nesto poveke ke treba da gi prasame decana sto se sobiraat kaj Maka Tereza. Ako veke resite da se pridruzite, donsete nekoe cveke na spomenikot da im ja zatneme ustata na onie od ministerstvoto za kultura. |
|
|
|
|
|
|
Од: Mary |
Датум: 17.06.2011 23:36:46 |
|
Mladive na raspust se, neka protestiraat i seuste neka gi voznemiruvaat roditelite na poginatiot clen na VMRO, najdovte so sto da se zabavuvate, namesto da mislite nekoj dinar da zarabotite, sega se vlecete po ulicite so nekoi zbesnati od opozicijata, podbucnati od tie povozrasnite sto ne se pojavuvaat, ama jas da sum kako Jankulovska ne ja pustam policijata , pa ispotepajte se tamu, iskrsete , po izlozi, ke izigravate kako "evropska mladina", od kade pari za cigari i pikavci da frlate?
Odete nekoj ispit polozete ili kniga procitajte, nema sto da vikate na povik, neznaete sto sakate! Eve policaecot neka bide dozivotno kaznet, taka jas predlagam, i priberete se doma. |
|
|
|
|
|
|
Од: jas |
Датум: 17.06.2011 23:40:41 |
|
Zemete foto aparati i slikajte se kako turisti. Taka nema da mozat da vi recat deka ne smeete da bidete tamu. I onaka na tolku spomenici sega im falat turisti. |
|
|
|
|
|
|
|
|