|
|
|
|
|
|
МВР одговори, ништо не кажа
Младите што протестираат по убиството на Мартин Нешковски добија штури одговори за расветлување на случајот и згрозени се од иронијата и од цинизмот во јазикот на оваа државна институција
Бојан Шашевски
Демонстрантите се заблагодарија вчера на ажурноста и на брзата реакција од Министерството за внатрешни работи, кое одговори на прашањата за убиството на младиот Мартин Нешковски. Но, како што соопштуваат, како млада група ослободени од каков било притисок, воопшто не се задоволни со одговорите на МВР, туку се згрозени од иронијата и од цинизмот на одговорот што не прилега за една формална државна институција.
„МВР во едно од своите соопштенија за јавност во текот на вчерашниот ден призна дека до 2006 година работело п��д влијание на СДСМ, а од 2006 година е под влијание на ВМРО-ДПМНЕ, па оттука не ни е јасно со кој рационален аргумент може да се спротивстават на иницијативата за независен систем на контрола од страна на независна група граѓани“, се вели во вчерашното соопштение на младите демонстранти.
Исто така, во објавата стои дека се разочарани од нивото на свесност на МВР за концептот на човекови права. По добиениот одговор, демонстрантите велат дека произлегува оти за МВР човековите права се гарантирани затоа што сме добиле визна либерализација и затоа што Македонија членува во Поткомитетот против тортура при ОН.
„Тоа е точно ако човекови права значат закон за државјанство, Охридски рамковен договор и неколку стратегии за заштита на Роми (условите за визна либерализација под точка 4), и ако Буркина Фасо и Мексико ги сметаме за земји каде што се почитуваат човековите права, бидејки и овие две земји учествуваат во Поткомитетот против тортура при ОН“, велат незадоволните граѓани.
Младите сметаат дека својот одговор МВР повторно го насочува кон партиски војници и го потврдува својот став дека светот е црно-бел.
„Дали припадниците на МВР заборавија дека некогаш и тие беа млади, убави и независни? Во нашиот свет има многу бои и слободна критичка мисла, затоа во следниот период ќе доставиме коментар во однос на одговорите на нашите барања доставени од МВР“, велат демонстраторите.
Тие упатуваат уверување до Полицискиот синдикат дека воопшто немаат намера да го напаѓаат целиот полициски состав, туку дека во доставените барања јасно стои нивниот став за повторно регулирање одредени норми и правила кои, според нив, очигледно не функционираат во правниот систем.
„Критиката и преиспитувањето се основни човекови постулати олицетворени во максимата - повторувањето е мајка на знаењето. Затоа, ќе ве замолиме уште еднаш да ги прочитате нашите барања со здрав разум и чиста мисла и да ни се придружите во креирањето подобра иднина, бидејќи и ние сме ваши деца“, соопшти Координативното тело за односи со јавноста на граѓанската иницијатива против полициската бруталност.
Младите демонстранти за денеска најавуваат нови протести и блокирање на улиците се' додека не добијат соодветни одговори и реализирање на барањата.
За потсетување, еден ден откако револтираните граѓани ги дефинираа и ги доставија своите барања до надлежните институции, младите демонстранти, но и македонската јавност добија од Министерството за внатрешни работи штури и неконкретни одговори за расветлувањето на убиството на Мартин Нешковски.
По побараните оставки на министерката Гордана Јанкулоска и на портпаролот на МВР, Иво Котевски, но и праведна казна за осомничениот „тигар “ и кривична одговорност за сите лица кои се обидоа да го прикријат случајот, МВР соопшти дека одговорноста за трагичниот настан е индивидуална, а поголемиот дел од барањата се веќе исполнети.
Младите, кои веќе единаесетти ден неуморно маршираат по улиците против полициската бруталност и бараат почитување на основните, универзални човекови прави од сите институции од системот, велат дека им возвратија со неконкретни одговори и политизирање на нивните барања. |
#
|
Статијата е прочитана 1676 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: Никола |
Датум: 17.06.2011 00:11:22 |
|
Уште од 2006 година бев згрозен од одговорите на Јанкуловска на новинарски прашања. Изгледаше како мајтап да си игра. Тие ја прашуваат едно, таа одговара сосем друго. Заради ова не треба да ја има во Владата. Јас заради убиството на Мартин не барам оставки, бидејќи мислам дека нема основа за тоа, но заради нејзиниот однос до јавноста - што побрзо да си замине и повеќе да не ја гледаме на телевизија. |
|
|
|
|
|
|
Од: Виктор |
Датум: 17.06.2011 05:44:57 |
|
Да, Никола е во право, Јанкуловска секогаш ги повторува истите фрази без разлика што ја прашуваат. Ама, овојпат МВР се обиде да прикрие убиство и барањето оставка не може да биде поосновано. |
|
|
|
|
|
|
Од: kiki makedonski |
Датум: 17.06.2011 07:41:22 |
|
Честитки за маладите кои собраа храброст да се спротистават на една многу јасна повреда не само на човековите права туку на правото на живот. Се прашувам? Како ќе се однесуваше МВР ако овие храбри млади луѓе не се појавеа на улиците. Како ќе реагираше МВР ако случајот не беше јасен како ден. Дали тој припадник на МВР сам се вработил, сам си ги определил способностите и дожностите? Сигурно не. МВР сигурно има процедура на вработување. Некој таа процедура ја пропишува, следи и ја реализира. Има многу НЕШТА во овој трагичен случај или намера. Мора некој да има одговорност, законот, МВР или пак поединци. Но сигурно не е крив само убиецот. Криви се и неговите претпоставени. Верувам и ги подржувам младите. Жал ми е што мораат да бараат спас со протеси, од СВОЈАТА ПОЛИЦИЈА. Луѓето кои се вработени да ги штитат. Срамота заодговирните во МВР. Замислете да се убие млад човек НА ПЛОШТАД. Познато е во историјата кои се убиени на плоштад.И се прашувам а никој не кажува ЗОШТО? ЗОШТО? . . |
|
|
|
|
|
|
Од: Dolar |
Датум: 17.06.2011 10:00:14 |
|
MVR i Portparolot Kotevski se LAZOVI.
Kotevski IZLAZA deka nema Prijava Protiv KONARTIS i GOCE Zelenkovaski,koj e vo Begstvo.
MVR Selektivno go Goni Kriminalot .
Cii Interesi stitat vo MVR za Kriminalot na KONARTIS i ZIMKES,nad 15 milioni evra?! |
|
|
|
|
|
|
Од: Beti |
Датум: 17.06.2011 12:23:44 |
|
DSugarcinja, premgogu ste blagi so baranjata. Kloci treba da im udrite na site tie koi nekako gi molite.. |
|
|
|
|
|
|
Од: Band-22 |
Датум: 17.06.2011 15:12:58 |
|
Vlasta e preokupirana so samata sebe, obiduvajki se da se otreznat od izbornata pobeda. A opoziciata? i tie se preokupirani so samite sebe treznejki se od izborniot poraz, So eden zbor i ednite i drugite vo kafana do besvest. A graganite? pa im bese dadeno da glassat, sto sakaat sega, a i gi nema mnogu. A pa onie sto protestiraat se uste pomalku. Nema sansa da ja smenat vlasta, a i da ja smenat koj ke dojde? onie od opozicija, a tie se isti kako ovie vo pozicija, samo imaat edno 'o' napred, za kamuflaza. Zatoa i ednite i drugite molcat.
Im se voshituvam na tie sto protestiraat i tie sto gi podrzuvaat vo mediumite. Davaat nadez deka ne celoto makedonsko tkivo e kancerogeno. Bez razlika na rezultatot, nivnata upornost e lekcija za site. Ve molam site svesni gragani pridruzete se, uspehot na ovoj protest e golem cekor kon demokratso i odgovorno odnesuvanje na site nas, a to ke vodi kon podobro utre. So pocit do site |
|
|
|
|
|
|
|
|