|
|
|
|
|
|
Филхармонијата преточена во сликарски платна
17.06.2011, 14:33
Многу намерни посетители, но и многу случајни минувачи беа дел од завчерашниот мултимедијален настан "Види музика, слушни слика, добиј книга", што се одржа во Градскиот парк во вечерните летни часови. Тревникот зад легендарниот споменик на Гоце Делчев го зазедоа луѓе од сите генерации, кои сакаа да бидат дел од концертот кој четири години го одржува Македонската филхармонија на отворено и на кој презентира програма со малку полесна содржина, која може секое уво да ја восприми. Публиката уживаше во звуците на Росини, Хачатуријан, Сарасате, Бетовен, Чајковски, Енеску, Берлиоз, Дворжак, овој пат одличен избор на дела од класичната музичка литература, изведени под диригентската п��лка на Саша Николовски-Ѓумар. Очекувано, и завчера, како и во минатите години, настанот што фаќа корени да прерасне во традиционален, а кој е, всушност, завршница на сезоната концерти од програмата на Македонската филхармонија, помина во пријатна атмосфера. Звуците што се распрскуваа над нашите глави, со своите сликарски четки во лет ги "фаќаа" ликовните уметници Касиопеја Наумовска и Томе Мишев. Нивните перформанси значеа во живо да ја пренесат, за времетраењето на музиката, својата инспирација од звучните аликвоти на големи платна што ја чинеа своевидната сценографија на целиот настан. Посетителите имаа можност да добијат и по еден бесплатен примерок од книгата "Како да се патува со лосос" од Умберто Еко, која беше разграбана уште во првиот половина час. (Т.И.)
|
#
|
Статијата е прочитана 306 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: Ајван Доктор® |
Датум: 17.06.2011 17:06:31 |
|
Имаше еден надарен млад ликовен уметник,кој одамна ја постави тезата,поттикната од сопствените чувства,за тоа дека музиката се доживува,само,ако можеш да ја видиш,а сликата (и било кое ликовно дело)само ако можеш да го слушнеш!Така и би!Овој свој говор го преточи воден од пијаното на славниот џез-пијанист Сесил Тејлор,и прекрасната поп-легенда Дејвид Боуви,директно во својата дипломска работа,која потоа се прераскажуваше на Ликовната академија во Скопје,како магично волшепство!Секое дело му беше насловено според некоја музичка секвенца,или цела музичка композиција!По него се јавија следни генерации на уметници,па дури и професори,кои почнаа да се водат според истата теорија!Човекот е сè уште признаен и ценет во светот,но не и во неговата родна земја!Сето останато е само идеја,грабната и превземена од него! |
|
|
|
|
|
|
|
|