Број 3607  петок, 17 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter

Маја Фајнс

Практикувајте повеќе јога,а помалку политика

Македонска снаа во славното семејство Фајнс

Студиите по пијано ја одведоа на усовршување во Лондон каде што го запозна сегашниот сопруг, продуцентот Магнус Фајнс, со кого се венчаа во 1995 година. Моментно таа е една од најбараните јога-инструктори

Катерина Шекеровска

Она што го направи најпознатата готвачка на светот, Најџела Лоусон, за храната и за готвењето, тоа Маја Фајнс го прави за јогата и за релаксацијата - вака светските медиуми ја опишуваат една од најбараните инструкторки по кундалини-јога во Англија, а се' повеќе и во САД. Која, всушност, е Маја Фајнс?

Многумина ќе се изненадат кога ќе дознаат дека станува збор за Маја До��иќ (н.з. моминско презиме), македонска снаа во славното семејство Фајнс, сестра на еден од најпознатите пулмоалерголози кај нас, доктор Дејан Докиќ.

Потрагата по доусовршување на образованието или поконкретно - студиите по пијано ја носат во Лондон, каде што во 1995 година се венча со својот сегашен сопруг, Магнус Фајнс, по професија композитор и музички продуцент и еден од тројцата браќа, покрај Ралф и Џозеф, од славното семејство Фајнс.

Четириесет и осумгодишната Маја неодамна го напушти гламурозниот начин на живеење во Лондон и заедно со семејството - сопругот и двете ќерки - се пресели во Лос Анџелес, каде што ужива во тивкиот живот и е комплетно посветена на својата актуелна љубов – кундалини-јогата во чии рамки одржува работилници низ целиот свет.



Кога ја напуштивте Македонија и се преселивте во Англија? Што Ве одведе во Велика Британија?

„Тоа беше во 1989 година. Го подготвував мојот магистерски труд по пијано на Кралскиот колеџ за музика во Лондон“.



Од какво семејство потекнувате? Со што се занимаваат Вашите родители?

„Родена сум во Скопје, мајка ми беше земјоделски инженер, а татко ми директор во железницата во Скопје, и беше Србин. Имам брат во Скопје, кој е доктор и работи во главната болница“.



Свирите пијано, а токму класичната музика Ве одведе на усовршување во Лондон. Каде се имате настапувано како пијанистка?

„Учествував на голем број натпревари во Југославија додека бев тинејџерка, потоа имав концерти во Лондон, во зградата на ОН во Њујорк, во Белгија...“



Музиката Ве спои и со Вашиот сопруг Магнус Фајнс, брат на Ралф и на Џозеф Фајнс, со кого стапивте во брак во 1995 години и имате две ќерки. Како го запознавте Магнус, со што Ве привлече?

„Снимав во неговото студио и во тој момент почнав да компонирам музика и тој ми помагаше околу тоа... Тоа беше љубов на прв поглед“.



Дел сте од познатото семејство Фајнс. Каква комуникација имате со останатите членови?

„Се среќаваме секогаш кога ќе дојдат во Лос Анџелес, кога снимаат филм, секоја година заедно го прославуваме Божик, и секогаш кога сум во Лондон, заедно вечераме или одам на нивна филмска премиера, итн.“.



Ви беше ли тешко да се навикнете на британскиот начин на живеење?

„Во почетокот - да, но сега се чувствувам повеќе Британка отколку Македонка“.



Колку Фајнс знаеја за Македонија пред да станете дел од нивниот најтесен семеен круг?

„Не многу“.



Долго не сте биле во Македонија, следите ли што се случува во земјава? Се гордеете ли со своето потекло?

„Не сум била во Македонија најмалку 15 години. Не ме интересира политиката и не ми се допаѓа тоа што се случува таму. Себеси се сметам за државјанин на универзумот... Да се има „потекло“ е толку застарено... Тоа ве прави помали...“



Се занимавате со јога, а Вашата посветеност Ве доведе до тоа да станете една од најбараните јога-инструкторки во Лондон. Како се вљубивте и ја усовршивте јогата?

„Тоа бара дисциплина и посветеност, што ги усовршив во минатото со пијаното... па, затоа ми беше лесно да се префрлам на тоа... едноставно како менување ракавици... Таа ме смирува, ми дава мир и го подобрува мојот однос со сите, особено со моето семејство“.



Што значи да се биде професор по кундалини? Што е кундалини-јога?

„Кундалини-јога е многу директен начин на постигнување мир. Дури и по само еден час, ја чувствувате промената во телото и умот. Таа го комбинира дишењето, движењето и повторувањето, ослободувајќи кундалини-енергија низ телото. Работиме на забавување на процесот на стареење со нежно затоплување на ’рбетот, ослободувајќи ’рбетна течност и урамнотежувајќи ги хормоните во телото. Повторувањето ја отвора вратата до медитацијата со цел да се воспостави конекција со самите себеси. Сега се чувствувам многу поврзана со себе и со се' околу мене. Сакам да им помагам на другите и тие да ја направат таа врска“.



Го пропатувавте речиси целиот свет. Каде планирате да одите оваа година и кога Македонија ќе биде дел од Вашата маршрута?

„За неколку недели ќе заминам во Шпанија за да се оддалечам малку, потоа следуваат Санта Фе, Њујорк, Лондон, Москва, Рим и Норвешка... Македонија ќе дојде наскоро...“



Неодамна се преселивте во Лос Анџелес. Во Лондон водевте гламурозен живот, бидејќи да се биде дел од семејството Фајнс значи и многу премиери, доделување награди, забави со познати лица... Ви недостасува ли сиот тој гламур?

„Не, воопшто... Ми здодеа... Сега ја сакам природата, јогата и настани во кои не се нагласува толку егото“.

Дали имате некаква порака до македонскиот народ?

„Практикувајте повеќе јога, а помалку политика“.


#
Статијата е прочитана 822 пати.

Испрати коментар

Од: sladj
Датум: 17.06.2011 16:44:59
"drzavjanin na Univerzumot"..ubavo kazano! Arno ama, nie ne mozeme a da ne mislime na politika, sonuvame politika..nie sme opesdnati so politika, nasite snista se VMRO i SDSM, realnosta ni e anticko-slovenska..nie sme, nie sme mnoguuu seriozna nacija, nemame vreme za opustanje i za nekakvi si tamu jogi koi ke ne relaksiraat!

Најди! во Утрински
Насловна
ММФ не' скенира, што ќе каже на крај?
Славата, митот и крвта на ВМРО (16)
Грција политички се распаѓа
Вардар заврши кај градските власти
МВР одговори, ништо не кажа
Преговорите меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ во ќор-сокак
Последната битка на Александар
Кокер си е Кокер
Демонстрантите избркани од пред „Мајка Тереза“
Бунт на бродот што тоне
Звуците на филхармонијата се преточија во сликарски платна
МВР не ги разбра!
Финалето во 2013. повторно на Вембли
Јазикот на дипломатијата
Почнува запишувањето во средните училишта
Упорност комбинирана со жесток сексапил
Нова грчка влада, нов министер за надворешни Ставрос Ламбринидис
Сиромашни, а на хероин
Стил
Онлајн вести

"""