Број 3607  петок, 17 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter

Легенда

Кокер си е Кокер

Легендарниот Џо Кокер го виде Скопје! Или обратно - скопјани го видоа и го слушнаа легендарниот пејач. Можеби не го дочекавме со исполнети места до крај, како што, на пример, ја дочекавме турбофолк-ѕвездата Цеца, но оние што присуствуваа завчеравечер во арената „Борис Трајковски“ во Скопје уживаа во звуците на мајсторот, кој во стил на вистински професионалец, прецизно и коректно си ја заврши работата за која беше дојден дури во Македонија.

Џо Кокер настапи во Скопје во рамките на својата промотивна турнеја на последниот албум „Hard Knocks“. Скромно облечен, во сако и црна кошула и панталони, Кокер уште еднаш покажа дека им пркоси на годините - настапот го започна со „Hitchcock Railways“, а атмосферата кулминираше со добро познатите хитови како „You Can Leave Your Hat On“, „Unchain Мy Heart“, „With a Little Help From My Friends“...

Во неговата музика и карактеристичен глас уживаа и министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, со сопругот, министерот за надворешни работи, Антонио Милошоски, со поубавата половина, поп-пејачката Каролина со момчето... Концертот беше во организација на „Авалон продукција“.


#
Статијата е прочитана 1148 пати.

Испрати коментар

Од: Depeche Mode
Датум: 17.06.2011 01:00:40
A Depeche Mode da gi vidime vo Skopje?
Од: dzo
Датум: 17.06.2011 09:11:54
Прекрасно што можам да кажам дека барем еднаш во животот сум го гледал во живо Гоемиот. Но, за тие пари што ги тешко се одвојуваат од паричникот во овие времиња, не слушнав ништо ѓто моше да се препознае, толку лоша акустика и озвучување имаше. Дури и не можеше да се препознае некогаш што пее. Физкултурна сала се користи за спорт, сепак.
Од: Sanja
Датум: 17.06.2011 12:39:26
Salata Boris Trajkovski ne e za koncerti ,neka e najgolema i neka site trcaat tamu ,ama salata ima prelosa akustika .Seriozno salata Boris Trajkovski bese izgradena za Evropskoto prvenstvo za zeni vo rakomet 2008 ,znaci za sportski nastan ,taa e sportska sala ,ednostavno se brzase da se izgradi i akustikata na salata bese na posledno mesto,sto e i normalno bidejki bese primarno izgradena za sportski nastan,tuka ne pomaga nikakvo ozvucuvanje ,kakvo ozvucuvanje ke pomogne koga nema akustika ,mozes najdobroto seme da go sadis ama ako pocvata ne e plodna djabe e se

Најди! во Утрински
Насловна
ММФ не' скенира, што ќе каже на крај?
Славата, митот и крвта на ВМРО (16)
Грција политички се распаѓа
Вардар заврши кај градските власти
МВР одговори, ништо не кажа
Преговорите меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ во ќор-сокак
Последната битка на Александар
Демонстрантите избркани од пред „Мајк�� Тереза“
Бунт на бродот што тоне
Практикувајте повеќе јога,а помалку политика
Звуците на филхармонијата се преточија во сликарски платна
МВР не ги разбра!
Финалето во 2013. повторно на Вембли
Јазикот на дипломатијата
Почнува запишувањето во средните училишта
Упорност комбинирана со жесток сексапил
Нова грчка влада, нов министер за надворешни Ставрос Ламбринидис
Сиромашни, а на хероин
Стил
Онлајн вести

"""