Број 3027  сабота, 04 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Премиерот експресно најде вицепремиер

Новиот вицепремиер Васко Наумовски, најверојатно, ќе биде избран идната недела

Оливера Војновска

Многу брзо по обелоденувањето на оставката на вицепремиерот за европски прашања, Ивица Боцевски, премиерот Никола Груевски ја расчисти мистеријата околу неговиот наследник, определувајќи се оваа функција да му ја понуди на Васко Наумовски, доцент на Универзитетот Њујорк, по меѓународно право и политика.

Изборот на Наумовски, најверојатно, ќе се случи наредната недела во Собранието, во пакет со констатирањето на оставката на Боцевски. Европската комисија деновиве му порача на Груевски поскоро да го пополни овој значаен владин сектор.

Наумовски има 29 години и во неговата биографија е запишано дека магистрирал во Германија на тема европско право, а неодамна одбранил и докторат на Правниот факултет во Скопје на тема за проширувањето на Европската унија со земјите од Западен Балкан. Младиот доктор на науки не е член на ВМРО-ДПМНЕ, но важи за близок на Груевски. На јавноста и' е познат како познавач на евроинтегративните процеси, а се произнесувал и за други актуелни теми. Наумовски ја бранеше владината идеја за црква на скопскиот плоштад и во колумни заговараше забрана на абортусот.

Сепак, со пополнувањето на испразнетото заменичко место во Владата, остана енигмата дали Груевски ќе прави летна реконструкција или проветрувањето на владиниот кабинет ќе го остави наесен. Партиски извори уверуваат дека отпаѓаат најавите за реконструкција и засега нема да има поголеми промени во Владата. Неофицијалните информации говорат дека ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ се договориле да не се бранува јавноста дополнително, а доколку, сепак, се случи некакво рекомпонирање на владиниот кабинет, коалициските партнери да ги задржат ресорите.

Членот на Претседателството на ДУИ, пратеникот Сафет Незири, информациите за владина реконструкција ги квалификува како шпекулации. „Досега немало официјални разговори за реконструкција. Ние сме задоволни од работата на министрите на ДУИ. Сите имаат резултати во ресорите со кои раководат, независно дали повеќе или помалку медиумски се експонираат“, ни изјави Незири.

Лидерот на Нова демократија, Имер Селмани, кој вообичаено е воздржан во однос на владините проекти, особено во однос на потезите кои ги влече неговиот поранешен шеф, премиерот Груевски вчера излезе со сериозни критики околу оставката на Боцевски. „Со оставката се испраќа една лоша порака во моментот кога очекуваме позитивен извештај за отпочнување на преговорите со ЕУ и визната либерализација. Мислам дека за оваа работа треба да се подзамислат политичките партии во власта. Постоеше една доза голема нетранспарентност околу преговорите за НАТО и ЕУ. Нешто што можеби неколку месеци се случува внатре во Владата, сега кулминира со една таква состојба кога првиот човек дава оставка“, изјави Селмани.

Тој вчера беше прилично експлиците�� дека неговата партија нема да стане дел од власта. „Апсолутно не преговараме, ниту имаме намера да разговараме за влегување во Владата. Нова демократија може далеку повеќе да придонесе како конструктивна опозицска партија“, тврди Селмани.

Според Либерално-демократската партија, пак, оставката на Боцевски нема да промени ништо во исполнувањето на обврските што треба да ги направиме за интегрирање во ЕУ. „Во изминативе три години се покажа дека европските интеграции не се високо на листата на приоритети на оваа Влада и воопшто не е важно дали на чело на Секторот за евроинтеграции е Боцевски или, Наумовски, или некој друг се' додека овие прашања не се вратат на врвот на приоритетите“, констатира Едмонд Адеми на вчерашната прес-конференција. Според него, оставката на Боцевски ќе имала ефект доколку ја поднел кога со последниот ребаланс на буџетот за 32 отсто била намалена владината програма „интеграции во Европската унија“.

СДСМ завчера побара одговор од Груевски за вистинските причини за заминувањето на Боцевски. Социјалдемократите повлекувањето на вицепремиерот го лоцираа во наводни негови тајни контакти со грчки дипломати. Од ВМРО-ДПМНЕ одговорија дека тоа се шпекулации.


#
Статијата е прочитана 2926 пати.

Испрати коментар

Од: Daniela
Датум: 04.07.2009 00:27:54
mislam deka noviot vicepremier ke bide mnogu podobar od prethodniot, znaejki deka gi poznava rabotite, sum go pratela dosta vo minatoto. samo mladite kadri ke ja izvadat makedonija od blatoto vo koe ne zaglavija branko i kiro.
Од: Potceneto iskustvo
Датум: 04.07.2009 01:44:38
Za ovolku cuvstvitelen resor e potreben nekoj so mnogu povekje diplomatsko, rabotno i zivotno iskustvo. Kolku i da e talentiran i obrazuvan gospodinot Naumovski, nemal dovolno vreme da go stekne iskustvoto koe e potrebno za ovoj golem predizvik. Postavuvanje na covek bez soodvetno iskustvo na ovakov polozaj dovolno zboruva kolku vlasta navistina e zainteresirana za evrointegracijata. Uste eden kadrovski promasaj!
Од: Ljubotan
Датум: 04.07.2009 04:29:19
So 29 god na takov polozaj Mozda Deteto e pametno,ama Diplomatija se naucuva posle 40god.Uciliste e nesto drugo ,a iskustvo e krajot na diplomatijata,bar taka nauciv od moeto dete,sto pomina cista diplomatija. Neznaene Ve Otepa! Pomedju ;New York University -=PariskA SORBONA i UNIVERSITY OF NEW YORK RAZLIKA KAKO pRISTINA I PARIS. ludje, i nie nesto znaeme naucivme od decava nasi. Mozebi sirotiot Naumovski go primile vo University of New York raven na pristinski vo graduate school.[post diplomski] i ce bide demonstrator, kakov Docent kakov Bakrac,Ako nekoj ne mi veruva neka odi na Teaching Stuff at Universiti of New York pa samite ce si vidite.
Од: kole
Датум: 04.07.2009 06:38:24
Од кој ли нафталин го извади???
Од: ovoj ke bide beter od Bocevski
Датум: 04.07.2009 07:44:39
Pa sigurno deka Premierot ekspresno ke si najde nov vicepremier i ke stavi bilo koj zarem mu e gajle za Makedonija??!! Isto kako i Bocevski taka i ovoj ke se nafatira i ke si ja duvne za Amerika ili Bugarija. Od takvi "patrioti" veke ni e preku glava. Da bese aren Bocevski nemase da go izbrkaat od SDSM za da go pribere Grujo tamu.Pa za da dojde do vicepreimersko mesto trebase da mu se ligavi na Grujo i da pluka po Branko i po SDSM a kolku bese sposoben Bocevski i do kaj ja dovede Makedonia zaedno so Grujo eve se vide. Pa taka i ovoj koj znae od kade go pribraa i kojznae kolku ke mu se ligavi na Grujo i ke mu go kreva rejtingot isto kako Bocevski jer ustvari takvi mivki mu trebaat na Grujo za da si gi vrti kako ovci a ne za nesto dobro da napravat za Makedonija. Da imase mozok Bocevski nemase da dozvoli eden Grujo da si igra so nego. Mu dade vicepremiersko mesto go zalaza kako dete so lizavce i toj dusata si ja prodade na gavolot od pust prostotilok i lakomost pa sega ke bega ke se krie
Од: mitko za silinata na grcite
Датум: 04.07.2009 08:09:39
Braka Bukefalci kolku i da ste vo zabluda, koga togas ke mora da se soocite so vistinata. A vistinata e navistina bolna. Samo Dora Bakojani e sto pati pointeligentna i poitra od Milosovski, Grujo, Djole, Bocevski, Vase Naumovski i cela makedonska Vlada zaedno, a sto da kazeme za drugite Grci. Se dodeka potprosecni luge kako navedenive ja vodat diplomatijata na ovaa drzava taa drzava nema nikade da odi, najmalku vo privilegirani i elitni zaednici kako EU i NATO.
Од: ЗР - Скопје
Датум: 04.07.2009 08:19:31
Само развојот на демократијата и почитувањето на правото не водат во ЕУ.Ние се движиме во спротивна насока. ЕУ одамна веќе сфатила дека треба силно да не тресне за да сфатиме каде одиме.
Од: mone
Датум: 04.07.2009 09:16:41
eee, abre makedonce, epa corba... sakaat decata da si igraat drzava... neka... samo do koga?!
Од: Ne e vazno od koj e, vazno e so e
Датум: 04.07.2009 09:24:57
Nasava e edinstvena drzava vo svetot kade iskustvoto i znaenjeto se minus. Mi se povrajca koga citam kako mladite ke ne izvadele od kalta..i kako nekoj go znae Vasko kako sposoben.. A kade se pokazal kako takov..neli samo ucel dosega..Gluposti....vo sekoj slucaj tesko nas..
Од: BOZO
Датум: 04.07.2009 09:31:20
Nisto , uste edna promasena investicija, neznam zosto grujo se izbrza za ova mesto, za ova odgovarase samo latas, bidejki i toj go ima istiot kvalitet - SONCOGLEDTKA-kako bocevski duri e i podobar.
Од: Najootvetna licnost
Датум: 04.07.2009 11:28:22
Cudno sto za vicepremier za evropska integracija ne gopostavi svojot koalicionen partner Amdi Bajram. Kako se vodi taa integracija, mislam deka najsootvetna licnost e Amdi.
Од: јас
Датум: 04.07.2009 11:56:13
До Daniela : И вчера имаше слична изјава од тебе , мислам?!Од каде мори си го пратела детето и било одличен избор на тоа место???Па тоа детиште е ТОТАЛЕН АНОНИМУС !!!!И си го пратела во минатото!!!!Леле глупости , нарачани по диктат на твојот овчар...На вакво место треба искусен дипломат, познавач на работите и човек кој е запознаен со тоа како стојат работите..УПССС , заборавив дека немате таков , зошто сите ви се излезени пред некоја година од детска градинка...
Од: Стојко
Датум: 04.07.2009 12:23:53
ЗА овој и нему склични само цитат од Балканкан: "Ко си бре ти?"
Од: emil
Датум: 04.07.2009 13:07:30
DO OVOJ KE BIDE BETER OD BOCEVSKI. Vakvi zlobnici i nepismeni koi pisat JER, mi biduva loso da gi citam.Nie sme mlada drzava i od kade da najdeme stari politicari. Tie si se povlekle i si go gledat domasniot mir i spokojstvo. Ovie generacii mora da ja spasuvaat Makedonija.
Од: janev
Датум: 04.07.2009 13:30:19
Bidejki ni se brza, mnogu normalno e da se izbere brzo zamena za toj resor, dotolku poveke sto se napravi odlicen izbor. Naumovski e poznavac na taa problematika a plus e mlad i ambiciozen covek. Ne mozeme da stavime na taa pozicija nekoj star socijalisticki kov na covek da ni gi tera evrointegraciite
Од: zore
Датум: 04.07.2009 13:34:40
odlicna zamena
Од: забеган.
Датум: 04.07.2009 14:16:39
абре ВАСКО сум читал дека си било учено ЧОВЕЧЕ па би ти дал еден совет,Човек се учи се додека е жив.Немој бе батка не наседнувај дали знаеш со кого си имаш работа???Не сиго губи АВТОРИТЕТОТ.Ќе бидеш за еднократна употреба,Овие што те павтат им се ближи крајот,Не се прљај.
Од: koki
Датум: 04.07.2009 14:27:27
Kako moze da se postavi covek koi javno se ima izjasneto deka,'"Makedonija nema da ima nikakov problem ako vo skoro vreme ne go resime imeto i deka mozeme bez nikakov problem da opstaneme duri i da ne vlezeme vo EU i NATO".I sega nie treba da ocekuvame da sorabotuva direktno so niv, a tie mu gi znaat javno izrecenite stavovi? Vo Makedonija se e mozno pa i luge so javo iskazani anti EU i NATO stavovi!!!!!!!!!!!!
Од: Od Orce -AUSTRALIJA
Датум: 04.07.2009 15:44:47
Do JAS mn0gu odis kontra propiv komentatorite.pozz -orce.
Од: gragjanin na RM
Датум: 04.07.2009 15:53:33
Da zivee detskata gradinka " Veseli ministercinja"... A za drugoto, ke vidime.
Од: Evgenija
Датум: 04.07.2009 23:50:43
Професоров е одличен избор, и е компатибилен со целата млада екипа. Не го потценувајте пред да почне со работа. Какви се овие критики, а човекот не ни седнал на работното место? Ако се суди така, еве, јас ќе кажам дека е бар постимпатичен од Боцевски:) Уште оној Михајло да го сменат, и може да се извадат.
Од: Gigo
Датум: 05.07.2009 13:59:39
Prerodbata prodolzuva!Citajki gi kolumnite na Vasko vo Nova Makedonija (samo Musso mu se divi),se potsekam na INKVIZICIJATA (ne sum ziveel vo toa vreme no Vasko mi go "ozivea") bidejki istiot so svojot stav, gledista, komentari i ne e daleku od INKVIZITOR.Od takvite kako nego ne bi me iznenadilo za da zapalat nekogo na plostadot ako e protiv gradba na crkvata.Citajki gi negovite kollumni jas se "osoznav" samiot sebesi na 52 godini, bidejki DR Vasko mi gi "otvori ocite" pred i se vo bogoslovijata i me "nauci" sto i vo kogo treba jas da veruvam. Me nauci deka jas ne sum Makedonec bidejki ne sum so negovo mislenje, a i politicki sum neopredelen.Go zalam doktorov zosto se rodil vo malku "pogresno" vreme, pa ne pozivea malku vo "mrakot" na SFRJ, a vaka toj ni objasnuva sto, kako i zosto.No zatoa Vasko e vistinski, GOLEM Makedonec i toj ke se "spravi" so problemite.Tesko samo na nas koi ziveeme vo Makedonija so vakvite "PRERODBENICI".

Најди! во Утрински
Насловна
Плоштадот како гротеска
Јавниот простор не е сопственост на Владата
Прашање за милион долари
Размената се намалува, дефицитот се надувува
Опозицијата во Бугарија е на пат да ги порази социјалистите
Кошмар со даноците
Политичка проституција на сметка на Македонија
Опозицијата се подели околу Владата
Американската амбасада во Скопје ги отвори портите
Кои сме ние?
Пропадна и вториот обид за тестирање во Mедицинско