Идејата за изградба на црква на градскиот плоштад во Скопје, се чини, ја отвори Пандорината кутија полна со желби што се' треба да содржи центарот на главниот град. Како домино-ефект почнаа да се редат идеите за нови и нови градби. Општина Центар ја почна постапката за измена и дополнување на Детаљниот урбанистички план „Мал ринг“. Уште еднаш, по трет пат за нецели две години, се менува урбанистичкиот план за центарот на државата. И тоа не затоа што навистина има некоја неодложна потреба, туку само поради задоволување нечии желби.
Потегот не е изненадувачки, ако се има предвид кој е и како дојде на функцијата градоначалник на Општина Центар. Изборот на бизнисменот Владимир Тодоровиќ никого не возбуди, бидејќи секому во Скопје, па и пошироко му беше јасно дека таков човек е потребен за да биде нечија продолжена рака во исполнувањето на целта. А, таа, веќе сега, на само три месеци по устоличувањето на градоначалничката функција, станува видлива. Да се изгради се' што некому му се сонило.
Џамија, црква, триумфална порта, скулптури, споменици. Сето тоа ќе никне во догледно време на плоштадот „Македонија“ во Скопје. Барем засега. Во што ќе се претвори градскиот плоштад? Во гротеска. Никој веќе не верува дека нешто од сето ова нема да се изгради.
Однесувањето со просторот како да е нечија дедовина, ветувањето локации, од ракав истресени, па вметнати маркички за идни објекти во урбанистичките планови, во последниве години стана редовна појава. Тоа веројатно и би поминало без многу прашина, па дури и со одобрување доколку се работи за издржани потези. Но, вака, како што сега се прави е вистинско урбанистичко силување на плоштадот.
Личните и политичките желби се моторот што ги движи извртените идеи што треба да се гради и се отфрла идеја да се слушнат паметните и стручни мозоци оти урбанизмот е наука, а не забава за лечење фрустрации. Плоштадот во Скопје не е плажа на која деца може еден ден да си прават замоци и цркви од песок, а веќе наредниот на нивно место да направат нешто друго.
Плоштадот е јавен простор на кој се градат објекти кои треба да останат долго, ако не и вечно, објекти кои ќе бидат симбол на едно време. Се прашува ли некој што ќе им оставиме во наследство на идните генерации?
Црквата, џамијата, триумфалната порта, бројните скулптури, како и споменикот на Александар Македонски, несомнено ќе бидат објекти кои на свој начин ќе имаат некаква вредност. Но, нивното значење во поширока смисла, дефинитивно, ќе го носи печатот на политичкиот волунтаризам од времето на владеењето на едни „големи Македонци“, наспроти сите други кои сакаа да гледаат во спротивен правец од нив.
Мултиетничноста на општеството, соживотот и заедничката иднина не се покажуваат и докажуваат со исполнување желби. Дотолку повеќе ако тие желби реално не може да се остварат. Владата, се чини, се залета кога на големи ѕвона најави дека ќе гради црква, бидејќи очигледно не сметаше на одиумот во јавноста за несреќно избраната локација. За среќа, реакциите во државава беа големи кои, главно, оди во една насока - дека идејата е лоша и дека ќе има последици.
Но, што од тоа? Прашање е дали власта воопшто е свесна дека со едни темелно недемократски процедури повлекува потези кои можат од темел да го разнишаат токму соживотот меѓу различните етникуми во Македонија. За жал, принципот на спроведување императорска сила во остварувањето на целта и исфрлањето на секој демократски аспект во одлучувањето е уште попоразителен кога е надополнет со незнаење и ароганција. А, токму тоа му се случува на плоштадот. И на Скопје, но што е најстрашно, на целата држава.
Neka ne se gradi crkva koga tolku ste zapnale, aj i toj keif da se napravi! Neka se gradat samo trgovski, ni Krst-po koj Skopje stana prepozantlivo, ni Plaosnik-po koj Ohrid se istaknuva, ni skulpturi-po koi sega se fotografiraat, ni jarboli so znaminja-po koi pocustvuvav deka ziveam vo MKD, ni teatri, ni dobri koncerti na filharmonija, ni mnt, ni mob, ni kic, nisto, samo pari za filmovi po merak na Bage. Aman veke, gledate deka nesto i vo toa gradbite i kulturata e dobra i se vi smeta, sto lugje bre ke bevte!
Од: Galijamatijas
Датум: 04.07.2009 00:40:01
Пред 15-тина години, К. Глигоров заедно со покојниот Ото Ташковиќ најавуваа градба на луксузен хотел на Плоштадот! Меѓутоа, по негативните реакции на јавноста, К. Глигоров се откажа од оваа идеја! Премиерот Груевски своите фикс идеи, без оглед на мислењата на јавноста, ги натура како јуне! Нема сомнение дека тоа ќе му се врати како бумеранг!
Од: pero
Датум: 04.07.2009 06:32:24
А што друго и да се очекува од нашиот Грујица???
Од: mitko za bogougodnosta
Датум: 04.07.2009 07:56:03
Vaka braka Bukefalci: ako se izgradi crkva ke mora da se izgradi i djamija. Koga ke zavrsat gradeznite raboti poveke ke vi skodi djamijata, otkolku sto ke vi godi crkvata. Zatoa najdobro ostavete gi rabotite kakvi sto se!
Од: Мартин
Датум: 04.07.2009 08:59:36
Предлагам на плоштадот покрај црква и џамија, да се изградат и католичка и протестантска црква, будистички и хундистички храм, синагога итн. Да изградиме религиозно село и привлечеме туристи од целиот свет!
Од: до Мартин
Датум: 04.07.2009 10:26:35
Предлогот за релогиозно село на плоштад би го дополнил со методистичка црква (поради Трајковски), хала за евангелистите (американците), суботарска, јеховини сведоци а може и сајентолошка (да ни дојдат Траволта и Томче), кабалистичка (ќе дојде Мадона), како и масонска ложа. Џамии една за Сунити друга за Шиити. И така у бескрај.... Reductio ad absurdum.
Од: Трпе
Датум: 04.07.2009 10:32:26
Човек по облекувањето може да се препознае дали има вкус за естетика.По облекувањето на мистер Рејтинг може да се каже се.Кич до ќич.Но таму каде има диктатура и на црното ќе се кажува дека е бело.На неколку наврати имам спомнувано дека ЕПП,владата во здрава нога шајка си забива а во последно време на својот народ во глава му ги кова.Дечкиве се крајно неспособни а им честитам на храброста што се обидуват и со глава ѕид да рушат,на штета на државата и народот.
Од: гледач од страна
Датум: 04.07.2009 10:48:06
по се изгледа владата сака македонија да ја направи религиски центар каде припадниците на сите религии во светот ќе доаѓаат тука на аџилак. се знае каде се оди за таа рабта
Од: realen
Датум: 04.07.2009 12:59:24
Predlagam raskosna fontana na plostadot, so dimenzii dovolni da gi prifatat site ocajnici, nevraboteni i cela plejada idni slucaji, so poseben del za damite i gospodata od vlasta i visokoto drustvo, koi tamu ke gi proteraat-koga togas.
Од: janev
Датум: 04.07.2009 13:42:58
izgradbata na plostadot treba da ja barame mnogu nanazad. Oti nikoj ne govori za markickata pred EVN, oti nikoj ne ja spomna markicata vo trevnikot pokraj plostadot na stranata sproti TIPO, oti nikoj ne govori za markickata pokraj Kej. Site tie se gradbi koi go zagusuvaat plostadot i plus se privatni objekti za koi nekoj ke napravi biznis. Spomenici i verski objekti siguno nema da znacat milioni vo neciv dzep
Од: Komentator
Датум: 04.07.2009 21:37:13
Go.podruzvam MARTIN genijalna ideja...uste da dodademe i i indijanski logor i ogin so lule na mirot..mozebi ako tamo zaednicki "ispusime" mislam luleto na mirot mozebi i konecno ke se osvestime...!!!