Број 3027  сабота, 04 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Размената се намалува, дефицитот расте

Во македонскиот извоз доминираат фероникел, производи од железо и челик, како и облека

Александрија Стевковска

Негативните економски движења го земаат својот данок. Трговскиот дефицит во првите пет месеци од годинава се приближи до една милијарда долари, поточно тој изнесува 951 милион долари. Можеби оваа бројка и не би била толку загрижувачка, со оглед на тоа дека минатата година во истиот период сме имале дефицит од една милијарда и 150 милиони долари, но проблем е што драматично се намалува обемот на размената. Според статистичарите, обемот на стоковната размена во периодот од јануари до мај 2009 година е за 36,8 отсто понизок од обемот на размената во истиот период од 2008 година, кога размената бележеше нагорен тренд. Во истиот период извозот се намалил за 43,4 отсто, а увозот паднал за 32,9 проценти.

Вкупната вредност на извозот на стоки од Македонија, во периодот јануари-мај 2009, изнесувала 951 милион долари, а на увозот била 1,9 милијарда долари. Покриеноста на увозот со извоз била 50 отсто.

Според статистичките податоци, извозот во мај, во споредба со истиот месец лани, се намалил за 44,5 отсто, а увозот за 46,3 проценти.

Во мај 2009 година, во однос на претходниот месец, извозот се зголемил за 9,3 отсто, а увозот е помал за 15,6 проценти.

„Зголемувањето на трговскиот дефицит е логична последица на кризата и сигурен знак дека ние со двете нозе сме влезени во виорот на кризата. Навистина, дефицитот е со помал износ од минатата година во истиот период, но тоа не треба да не' радува. Напротив, треба да не' загрижи падот на обемот на размената, кој најдобро покажува дека бизнисот не работи и оти не се увезуваат суровини и репроматеријали за работа, а и граѓаните стануваат се' поштедливи и помалку купуваат, како домашни, така и увозни производи“, вели професорот на Правниот факултет, Ванчо Узунов.

Според него, овие движења се сигнал дека во најкусо време треба да се преземат и краткорочни, но и долгорочни мерки за помош на стопанството кое тоне.

Трговската размена според производи, традиционално покажува дека во македонскиот извоз доминираат фероникел, производи од железо и челик, како и облека, а главни увозни производи се сурова нафта, електрична енергија и патнички моторни возила. Кризата најмногу се одрази врз обемот на производството во металскиот и во текстилниот сектор, кои извезуваат повеќе од 90 отсто од производите и имаат најголемо учество во вкупниот извоз на земјата. Според статистиката, извозот на суровините во изминатите месеци е повеќе од двојно помал од истиот период лани, а преполовен е и извозот на минерални суровини, како и на храна и на тутун. Како најголеми надворешно-трговски партнери на Македонија важат Германија, Србија, Русија, Грција и Италија.

Земјава отсекогаш регистрирала висок дефицит во размената со странство. Најголем раст на трговскиот дефицит е регистриран минатата година, од дури 2,8 милијарди долари. За споредба, во 2007 година дефицитот во размената изнесуваше 1,8 милијарди долари, што беше оценето како многу високо, бидејќи во 2006 и 2005 година, на годишно ниво дефицитот во размената се движеше малку повеќе од една милијарда долари. Односно, на крајот на 2006 година статистиката пресметала трговски дефицит од 1,3 милијарди долари, а во 2005 година близу 1,2 милијарди долари.

Како најголеми причинители за високи дефицит отсекогаш биле увозот на сурова нафта, на електрична енергија и на автомобили.

 


Статијата е прочитана 418 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Насловна
Плоштадот како гротеска
Јавниот простор не е сопственост на Владата
Прашање за милион долари
Премиерот експресно најде замена за Боцевски
Опозицијата во Бугарија е на пат да ги порази социјалистите
Кошмар со даноците
Политичка проституција на сметка на Македонија
Опозицијата се подели околу Владата
Американската амбасада во Скопје ги отвори портите
Пропадна и вториот обид за тестирање во Mедицинско
Кои сме ние?