Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп Саботен магазин
Коментари
11.05.2012, 17:50

Писма - Терористичка група без порака

Златко Ангелески, Скопје


Има грешки во изјавите на Гордана Јакулоска што предизвикаа неоправдан оправдан гнев кај Албанците. Прво, ги фативме убијците... Од каде знае дека токму тие се убијците? Каде е пресумпцијата на невиност? Додека судот не прогласи некого за виновен, неговиот статус е невин! Како може да даде таква изјава! Свесна ли е какви последици може да има таква изјава, во така осетлива меѓуетничка атмосфера? Плус сите правни закони и норми ги прекрши со таа изјава, дури и навистина да се убијците. Што ќе се случи ако судот реши дека не се тие убијците? Или не се сите? Од свој џеб ли ќе им плаќа отштета за нарушен углед на уапсените кои ќе бидат ослободени? И како тоа веднаш пуштија дома голем дел од приведените за кои Јанкуловска веќе кажа дека сигурно се учесници во убиството.

Потоа, станува збор за терористичка група. Постои ли една терористичка група досега во историјата на светот која извршила злосторство, а не дала порака зошто прави злосторот? Знае ли Јанкулоска основи на фунционирање, цели и методи на терористички групи? Знае ли дека првенствени цели на терористичките групи се воени објекти, воени лица, офицери, полиција, државни установи, објекти и лица итн. Каква е таа нова терористичка група која убива деца отидени по риба? Која е нивната порака? Кои се нарачателите? Има ли некој кој стои зад групата? Или кои се тие терористи кои без давање отпор или без испукан куршум беа уапсени? Оваа е некој нов тероризам, пацифистички... Министерката нека гледа повеќе Фокс крајм, ќе научи нешто.

Се работи за радикални исламисти... Какви се тие радикални исламисти? Постојат ли и нерадикални исламисти? Од кој речник го извади овој израз? Сака да каже милитантни исламисти, џихадисти, вахабити... Што? Всушност, која е разликата меѓу радикален и умерен ислам? Постои ли?


Статијата е прочитана 628 пати.

Испрати коментар



Гудбај Лондон
Потребен е разум, а не емоции
По штедењето
По апсењето на Љубе, на ред е Љупчо
Реакција
Посма - До кога ќе се мачат граѓаните



zrak, 12.05.2012 06:39:00
TI zlatko,se ti e jasno,ama sega glumis hrabrost pa pisuvas gluposti,znaes deka nema nikoj da ti ja skrsi glavata,A da bese ti albanec i vaka da pisuvase za niv[da bea obratno rabotite] ke te videv togas,ako te ostavea da te vidime.
Leonid, 12.05.2012 10:55:15
Господине Златко, од таквите како Вас сега имаме протести во сред Скопје со изживување на малцинството врз мнозинството. Од експерти за се и сешто и се разбира од медиуми кои што им даваат публицитет на таквите како вас.
Стојан, 12.05.2012 11:48:36
Затоа Јанкуловска и нејзиниот заменик од ДУИ треба да си поднесат оставка. Тие директно ја сносат политичката одговорност.
ФЕЛИКС, 12.05.2012 12:25:14
Г-дине Ангеловски не мие јасна намерата со пласирањето на вашата ,,вистина,,.Дали некогаш сте чуле за ОСНОВАН СОМНЕЖ кон осумничените.Значи дави ги разбистрам работите тоа значи да се има докази за вината.Вие ниту еден доказ не пласиравте а осумничените ги прогласивте за невини жртви на неомилената ваша(со задршка) министерка а за сите други од македонскиот дел на општеството и за странскиот фактор добар извршител во откривањето на петкратните убијци.Таа има компјутерски докази за радикалниот ислам и неговите идни намери,има признание од уплашениот заштитен сведок кој се откажа од таа улога,а вие имате дупло голо ништо.А тоа што не се јавиле по телефон а е алиби за немање радикален ислам е никакво а извртено опозициско гледање на работите,само да се обезвредни успешнато апсење.Друг пат пласирајте мислење поткрепено сепак со докази да пишувањето не биде политикантско

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

Што прават денеска

 


Site Meter


Време
Скопје, 20°C

Делумно облачно

Среда
Обилни врнежи
Макс: 23°C, Мин: 8°C

Четврток
Обилни врнежи
Макс: 16°C, Мин: 6°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |