11.05.2012, 17:54 Мислења
По апсењето на Љубе, на ред е Љупчо
Ѓорѓи Спасов
Нов бран, стари методи - останува уште Љупчо Георгивски и Црвенковски да бидат уапсени со цел власта да овозможи „освежување“ и на опозицијата
Последниве години фати некој нов бран во Европа. Силвио Берлускони замина од политичката сцена. Николас Саркози ги изгуби изборите. Иво Санадар се најде в затвор. А конзервативците на Дејвид Камерон само по 2 години власт се поразени од лабуристите на локалните избори. И во соседството се случуваат промени. Сегрчкото социјалистичко движење на Папандреу, како движење освои само 13% од гласовите, иако само пред три години тоа движење, имаше поддршка дури од 43% на Грците, a како што е познато, и Движењето на царот Симеoн Втори исчезна од политичката сцена во Бугарија. Економската криза го наплаќа својот данок пред се' од оние што се на власт независно од тоа дали себе се нарекуваат партија или движење.
Само во Македонија е мирно. Според изјавите на премиерот Груевски, за таа спокојност постојат најмалку две причини. Првата е што неговата влада со економската криза се справувала подобро од владите на многу други европски земји. И втората е што според неговото тврдење, кај нас веќе 20 години СДСМ е на власт. Доказ за првото тврдење е фактот што Македонија можела уште да се задолжува во странство, дури и за садење врби во Вардар. А доказ за второто се платените огласи на ВМРО-ДПМНЕ во сите клучни медиуми, со фотографии на луѓе од СДСМ кои 20 години „ја цицаат крвта на својот народ“.
Кога се знае дека Никола Груевски во последните 14 години веќе 10 години е на власт, и тоа четири години како министер, а уште шест години како претседател на Владата, тврдењето за 20-те години власт на СДСМ се пласира вер��јатно не поради тоа што се' уште никој не му јавил на премиерот дека тој е на власт. Тоа се тврди, најверојатно, поради убедувањето дека народниот револт може да се ублажи со две пропагандни алатки. Првата е приказната за тоа дека има и полошо од ова (дури и кај членки на Европската унија), односно нам ни е подобро, пред се' поради добрата економска политика на владата од 2006 година до денес. А втората е дека дури и ако ни е лошо, за тоа не е виновен Груевски, туку оние кои веќе 20 години се на власт, односно „владеат со земјата преку нивните инсталации независно од тоа како народот гласал на избори“.
За да ја илустрира вторава приказна, според која СДСМ е уште на власт, преку своите скриени инсталации во сите важни институции, на Груевски не му се веќе доволни ниту законот за лустрација, ниту државната антикорупциска комисија, ниту судството, ниту полицијата. Како контраст на неговата кадровска политика за перманентно подмладување и освежување, неговата партија објавува во медиумите еден вид полициски потерници, за 20-ина личности сврзани со политиката на главната опозициона партија во земјата во времето кога била на власт. Во тие досиеjа, Груевски за дузина професори, академици и угледни дипломати, ќе напише дека „за 20 години тие луѓе, (за разлика од него) не оставиле ниту едно трајно дело“, а дека секој од нив е виновен и за некое посебно злосторство.
По речиси истоветен модел по кој кодошите во времето на Информбирото клеветеле за да добијат некаква корист или за да останат на власт, пишувајќи кој што кажал од „непријателите на режимот“, што згрешил и со каква „субверзивна активност се занимавал“, денес партијата на власт води и објавува досиеја за своите политички неистомисленици во кои тие се обвинети за дела кои никој не ги докажал.
Во некои од нив под фотографијата и биографијата, што ги објавуваат некои дневни весници, пишува дека „склучувале договори во четири очи вредни над два милиони евра“, „биле предводници на белата мафија“, „биле предводници на урбаната мафија“, „биле поврзувани со примање поткуп во врска со името“, „набавувале непостоечки софтвери“, „се споменувале во медиумите за шверц на цигари“ и други тешки кривични дела. На за ниту едно од тие лица делата што им ги припишува владејачката партија не се докажани на суд и се обична клевета на личности кои веќе и не се многу активни во политиката. Но никој во земјава не се потресува поради ваквите постапки од страна на партијата на власт. Напротив. Министерката на полицијата, која треба да се грижи за заштита на човековите права и слободи, земајќи ја на себе улогата на партиски идеолог, откако утврди дека Македонија е нападната од „радикалниот ислам“, изјавува дека „СДСМ е на страната на криминалот, а ВМРО-ДПМНЕ на страната на правдата“.
Во светот на возрасните и сериозните, и во државите во кои владее правото, е познато дека поднесената кривична пријава, па и обвинение, не се доказ за вина, а најмалку пишувањето на печатот. Но, кога власта сака да ги користи токму тие „докази“ за перманентно оцрнување на определена група или на голем број на поединци, не само во време на изборни кампањи, туку како постојан модел на политички пресметки, тоа станува закана за демократијата. Замислете, на секој што има пари за клеветење преку весниците да му биде дозволено кога ќе посака да може да објави ваша фотографија, без ваша дозвола и под неа да напише нешто во стилот: „Овој е национален предавник затоа што слушнав во кафеана како зборува дека треба да се најде компромис во спорот со Грција, со што докажува дека е подготвен за пари да ги продаде најсветлите интереси на нашите предци“. Може со таквата кампања на некој болен ум да му ја поттикне мислата дека на таквите предавници не треба да им биде дозволено да живеат и реално во својата „битка за останување на власт“ да поттикне насилство и да поттикне злосторство, ако веќе не е злосторство ваквото јавно плукање и кодошење со кое медиумите се сведуваат на огласни табли на кои секој што може да плати може да закачи што сака.
Во однос на ова што го прави партијата на власт, прогласувањето национални предавници од страна на еден новинар кој е нејзин миленик, а познат како Милениче Недоделкано, е само детска играчка. Истиот тој шоумен, на едно прашање кое гласеше вака - зошто не формираат и одреди за убивање на „националните предавници“ одговори самуоверено дека „и тоа ќе дојде на ред“.
Но, ако Штефан Филе гледа напредок во подготовките на земјата за членство во Европската унија, тогаш веројатно темелно не' подготвуваат, а ние дури не сме ниту свесни за тоа. Еден од доказите за тие подготовки е секако напредокот не само во сферата на слободата на медиумите, по затворањето на А1, туку и напредокот во слободата на политичкото организирање и дејствување. Партијата на власт не само што говори дека посакува здрава политичка конкуренција и силна опозиција за и таа да била помотивирана, туку и „прави се' за тоа да се случи“.
За таа цел, најжестокиот лидер на опозицијата, првиот ден по победата беше затворен, а потоа и осуден со доказите од „заштитен сведок“ на 7 години затвор. Осуден е за „нелегално финансирање“ на партијата со непотрошени сто илјади евра, во земја каде што партијата на власт должи три милиони на сметката за финансирање на изборите, која според законот е веќе затворена. Лидерот на ЛДП Јован Манасиевски е на суд за „тешка клевата“ против Љубисав Иванов- Ѕинго изречена за време на изборната кампања во Кратово. Стојанче Ангелов јавно раскажува со какви закани од страна на власта се соочувал до сега, Љупчо Георгиевски е оневозможен од судот да биде регистриран за претседател на опозициската партија, а Антикорупциска комисија му има поднесено кривична пријава на Бранко Црвенковски за криење имот од сопругата, која го наследила од нејзиниот татко пред да се омажи. Истовремено и јавното обвинителство го држи лидерот на опозицискиот СДСМ под обвинение за „случајот надеж“.
Со други зборови, освен новинарите против кои власта има покренато низа обвиненија пред судовите, сите политички лидери од опозицијата се веќе обвинети или осудени за тешки кривични дела. Останува уште некои од нив како Љупчо Георгивски и Црвенковски да бидат уапсени со цел власта да овозможи „освежување“ и на опозицијата. До тогаш СДСМ кој е веќе „20 година на власт“, и другите опозициони лидери, нека ја гледаат кампањата на владата, за толеранција, меѓусебно почитување и култ��рно однесување. И така никој нема впечаток дека нешто прават за работите да се сменат. Ниту, пак, сериозно се бунат. Ним народот не им чини. Бил уплашен и недоволно храбар.
(Авторот е универзитетски професор)
Наш став
Објавувањето колумни и мислења од надворешни автори е одраз на намерата на „Утрински весник“ да биде влијателен глас на заедницата. Но, напоменуваме дека не се согласуваме секогаш со ставовите што ги изнесуваат нашите колумнисти, особено кога станува збор за лични дисквалификации, етикетирања без основа и извртување на контексти со цел да се наштети на други личности од која било сфера. „Утрински“ се оградува од таквиот речник и конотации и ги смета за непримерни во јавната комуникација. |
|
Статијата е прочитана 4165 пати.
|
Испрати коментар
|
|
jovan, 12.05.2012 00:25:42 | Znaci samo Zingo e 20 i kusur godini vo Vlast bez niedna damka, bez razlika so kogo bil vo Vlasta. Cudno! Samo toj e 20 godini na vlast, bez razlika koja partija pobeduva. Uste pocudno! Koj e gazda na drzavava? ..... Znae li nekoj? |
| milko, 12.05.2012 02:52:31 | se slozuvam so nekoj raboti no so poveceto.ne
vo niedna zemja nee dozvoleno novinar da trese zeleni a za toa da ne odgovara pa makar bil toa licen stav(mislene).2.sekoj denar na profit e predmet na danocene i segde se plajka danok a toa a1 ne go pravese.3. sekoj e dolzen spored zakonot da potpolni ank.list sto ima a ako ne go stori istoto pravi preksok za koj treba da odgovara.5.organite zadolzeni treba da sija odrabotat svojata zadaca i na vreme da se proiznesat so stav za da ne se ostavi mesto za spekulacii i carsiski muabeti.poz |
| b k usa, 12.05.2012 03:03:14 | Profesore ! Vasite kolumni so zadovolstvo gi citam i prosto uzivam vo niv. Imam edna zamerka do vas i do postarite kadri vo R. Makedonija kako ste se zadovolile samo so pisuvanje a ne gledam nieden od vas aktiven vo politikata za sporedba od nekogas vo vaseto vreme i sega rabotite ni od blizu ne mozat da se sporedat, zatoa sto nekogas kade i da bevme se osecavme sigurni a sega ni doma ne mozeme da se osecame mirni. Zatoa vie i drugi od vasata generacija aktivno da se vratite vo politikata. Veruvam deka ce imate mnogu simpatizeri ,moze i nad stotina iljadi . Blagodaram za objavuvanjeto ! |
| zik, 12.05.2012 03:09:41 | за жал тоа е нашата вистина.народ кој паѓа на евтини турски серии,турбо фолк,на тотемите од скопје 2014,кој паѓа во транс за освоено петто место,кој дели црно-бели бумбари,јади евтин бурек...лесно може да им кажеш да скокаат во волната кога е магливо |
| Nikola, 12.05.2012 06:06:14 | Obvinenie ne znaci vinoven, se dodeka sudot toa ne go utvrdi! Zarem e problem ako postoi obvinenie da ve osudat vo makedonskoto sudstvo? Ne, duri za badijala gi placame sudiite, tie nosat odluki spored obvinitelstvoto, t.e. kako ce naredi vlasta! STRASNOOO... |
| Istocna Makedonija, 12.05.2012 07:36:16 | G-din Spasov,so celiot intelekt i akumulirano iskus
tvo sto go poseduvajte,neli treba da se,malku,
vnimava so vakvi ostri kolumni.Ili,se ima svoj kraj
pa sto da se plasime?!Ne ima mnogu,koi se izgu-
bivme ,osven najslapocenoto-dostoinstvoto.Ni-
koj ne e vece na vlast!I togas,nov fillm,repriza,
rimejk=revansizam.Samo,akterite se vo inverzio
ni ulogi.Kako profesor,diplomat.treba da znaete
deka,koga ,,vecniot,,pobednik-mladicot vo epo-
halnite vesterni,na krajot koga site gi pobeduva-
ubiva,ostanuva sam,osamen.Zavrsna scena,na
konj,odi vo nepoznat pravec i neizvesnost?! |
| bitola troa skolovan, 12.05.2012 08:30:11 | Odlicen tekst za onaj sto znae da cita.Sto pravime so onie sto ne znaat da citaat.Dali znaete kolku gordo zvuci titula magister?Vo ovie sest godini lokalnite lideri i rakovoditeli koi ne znaat seuste da citaat osven da aminuvaat i normalno dobro se nafatiraat so narodni pari,za rekordno vreme dobija univerzitetski diplomi i magisterski tituli.Eksper do ekspert.Niv ne im e vazno sto liderot e vakov ili onakov i tie ne sakaat da go vidat no ubavi im se mestata i parite,zatoa ovaj narod uste dolgo ke si ja srka ovaa corba. |
| percak, 12.05.2012 09:08:34 | ne da se ograduvate od ovaj stalinist tuku da ne gi objavuvate negovite kolumni. ajde da vidam sega dali i od mene ke se ogradite i ke go objavite komentarov. |
| boris, 12.05.2012 09:22:30 | Odlicno spakuvano i vo kontekst na ova sakam od licno iskustvo da kazam deka koga veke na sud te melat so obvinenie od organiziran kriminal,kako sto e obvinenieto taka zavrsuva se do vrhoven,bez izmena nitu na edna tocka ili zapirka od obvinenieto.Samo se prepisuva istoto ,dzabe se rocista,vestacenja i eden kup svedoci.Se e vo programata na VMRO-DPMNE iako sudskite procesi ne bea nitu pocnati.Se e pod nivna kontrola,Osnoven,Apelacija i Vrhoven.Tesko na toj sto e vo barabanot na ovaa vlast. |
| Leonid, 12.05.2012 10:30:50 | И се ќе беше во ред господин Спасов, ако она што го наведувате во наводници не е вистина. Најголем дел од одговорноста за сегашната состојба (неамнестирајќи никого) сепак има СДС, односно партијата на транформираните комунисти, која се повикува на континуитетот на СКМ. Преку криминалната приватизација во интерес на нивни структури кои и денес владеат со капиталот во Македонија, а се неспособни да го оплодуваат истиот, преку еднопартиските комунистички инсталации во судството, преку партизацијата и контролата на медиумите практики што СДС ги воспостави и преку сервилноста кон надворешниот фактор и предавството на македонските национални интереси. |
| mitre, 12.05.2012 10:34:26 | Професоре, изборот си е на овој шутрачки народ.......... следните избори верувајте пак ќе добие оваа постава од луѓе кои буквално ќе ја држат Македонија во заложништво..........верувам дека за ова и Феликс е свесен........ |
| девер, 12.05.2012 11:01:15 | Конечно сфативте дека си имате работа со еден тоталитарен режим и дека пред него никој не е сигурен. Единствено решение е привремено да ги заборавите вашите лични нетрпеливости и целата опозиција да се сплоти со единствена цел да се собори оваа диктатура. При секоја прилика информирајте ги меѓународните претставници да знаат дека во Македонија владее еден терористички режим. |
| mene, 12.05.2012 11:14:24 | Profesore vi cestitam na hrabrosta. |
| ФЕЛИКС, 12.05.2012 12:12:33 | Значи имаме манифестирање на перцепција за пооделни политичари од аспект,,непријател на мојот непријател е мој пријател,,Токму писателот се утепа од пишување за Окта и кој тоа ,,лапи,, провизии,па за ноторното бугарофилско некогашно водство во периодот 1998-2002г.Па вината за неуспешната војна 2001г. иако кампусот на писателот беше дел од широката влада за национален спас и т.н Одеднаш ,,леле отиде Љубпчо во зандани,, како и певливиот лидер на ОМ од кого писателот беше запрепастен како тоа се вперува пиштол на предсетал на републичка изборна комисија.По се изгледа грижата за нивната судбина во дадениот момент е коњуктурно да се застапува,исто како и предходната коњуктурност да се напаѓа.Додека козистентноста на политичкото согледување на состојбите е мислена именка. |
| Hari, 12.05.2012 15:26:55 | Do Leonid ili Felix.... najgolemite tranziciski politicari za koj zboruvate momentalno se vo Vladata na dpmne, sto pravime so novite tranziciski politicari kopucite od dpmne koi pljackosuvaat se po drzavata??? Za toa nemate odgovor??? I Vladata na Ljupco bese demokkratska za razlika od ovoj klacicen nacional fasizam koi opstojuva edinstveno so propaganda i zakani. |
| девичанецот, 12.05.2012 15:40:41 | Почитуван професоре,
Многу придонесовте за Македонија како амбасадор во Лондон, уште повеќе како амбасадор во Софија, ама изгледа најмногу придонесовте за нашата земја како министер за Правда, со плата на амбасадор.
Е, ама сепак после толку многу тешка патриотска работа и огромни придонеси од Ваша страна за Република Македонија, Ви остана единствено само колумни да пишувате... |
| zz, 12.05.2012 22:26:31 | e sega eve vi kazuvate sto treba da pravi nikola . pa koga ja zede vlasta sdsm posle konfliktot ., zosto gi zatvori ocite samo za lubco oti togas zatvorase samo nebitni luge kako na pr poranesniot precedatel na ffm ili togas sklucivte dogovor narodot da go plati jadenjeto i pijaneto vase za vreme na vladeeneto na predavnicite. |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 30°C
Ведро
|
Недела
Сончево
Макс: 41°C, Мин: 18°C
|
Понеделник
Сончево
Макс: 34°C, Мин: 16°C
|
|
|
|
|
|