Број 3027  сабота, 04 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Забава

СТИЛ

Не женете се со Русинки!

Дагестанските алими им порачуваат на своите земјаци да не се женат со девојки од друга вера

Од нашиот дописник
Бранко Влаховиќ

На муслиманите во Дагестан, руска република на северен Кавказ, им се обратиле алимите (богослови) со барање да не се женат со руски девојки. Поради големата миграција на граѓаните на Дагестан, се' повеќе се оние што се женат со Русинки, па муслиманските верски учители се загрижени да не дојде до „дефицит“ на мажи за нивните девојки. Колку младите Дагестанци ќе се придржуваат до наредбите на своите алими - тешко е да се каже. Оние што отишле на север во некој руски град и таму се вљубиле, најверојатно, и ќе останат да живеат каде што си нашле животна сопатничка. Само оние кои од Дагестан си отишле со цврста желба да се вратат по неколку години можеби и ќе ги послушаат алимите.

Во време на СССР, со гордост се истакнуваше дека во таа земја има многу мешани бракови и дека тоа само ја зајакнува повеќенационалната земја. Со распадот на СССР, во јужните републики се распламти „националниот пубертет“, па многумина почнаа да водат сметка за многу нешта што беа неважни за време на советската власт.

Недостигот од работа во новонастанатите муслимански држави во Централна Азија, како и на Кавказ, влијаеше на големите миграции на тамошното население на север. Многу млади луѓе заборавиле на советите на своите верски учители по селата, па се вљубуваа и женеа со млади Русинки или девојки од други националности во Русија. Децата во таквите мешани бракови најчесто не се религиозни и без оглед од каде им дошле родителите полека стануваат Руси.

Интересна е приказната од едно сибирско село, каде што еден Узбекистанец среќно живее со две жени. Селаните од Верхње Јесауловка, Узбекистанецот Бахти Давлјатов го викаат „султан“. Тој има две жени и со секоја по три деца. Сите живеат заедно. Кога готви Дилја, таа на мажот му подготвува плов (пилав), а кога е на ред Тања, таа готви руски боршч (густа супа од зеленчук).

„Кај мене во Узбекистан многуженството не е реткост. Се оженив во Узбекистан на 22 години, а Дилја имаше 18. Подоцна добивме син и две ќерки. Поради тоа што немаше доволно работа, морав да заминам во Русија. Судбината ме доведе во рускиот Краснојарск. Таму на градилиштето се запознав со Русинката Тања во 2001 година. Таа работеше како молер. Беше многу убава, со големи сини очи. Признавам дека ми се заврте во главата кога ја видов. По многу додвор��вање успеав да го освојам срцето на Тања“, раскажува Бахти.


Недостигот од работа во новонастанатите муслимански држави во Централна Азија, како и на Кавказ, влијаеше на големите миграции на тамошното население на север

Подоцна, Бахти и' кажал на Татјана дека има семејство во Узбекистан, а таа му објавила дека има двајца синови, кои се наоѓаат во дом. Бахти и' предложил на Татјана да почнат да живеат заедно и таа да ги земе од домот двајцата синови. Татјана била шокирана кога Бахти и' рекол дека ќе го доведе и своето семејство од Узбекистан за да живеат заедно. Сепак, Татјана се согласила, зашто веќе била бремена со Бахти. Така, Татјана и Бахти почнале да живеат заедно во Верхњој Јесуловка.

Во почетокот, жената на Бахти од Узбекистан - Дилја се срамела, зашто не зборувала руски. И така, во едно семејство, тие живеат веќе осум години. Во меѓувреме, Тања му родила три деца на Бахти. Синовите на Татјана од првиот брак веќе се возрасни и живеат во Краснојарск.

„Во почетокот беше тешко, зашто во селото гледаа со чудење на нас. Постојано нешто шепотеа и коментираа. Сега веќе никој не се потсмева со нашето сложно семејство“, раскажува Татјана. Што се однесува до сексот, додава Татјана, Бахти ни е сосема доволен и мене и на Дилја. Бахти тврди дека сега и двете жени му се бремени и дека сака да има уште по две деца од секоја жена.

Бахти и понатаму работи на градилиштата, а жените и децата се занимаваат со земјоделство на село за да си помогнат нормално да преживеат.

Дмитриј Труфанов, доцент по социологија на Сибирскиот универзитет, вели дека во Русија ретко се јавуваат бракови како што е тој на Бахти. Во овој случај многуженството е предизвикано од тешката материјална ситуација. Жените се подготвени да делат еден маж ако тој може да го храни нивното семејство.

Иако во Русија не се дозволени „хареми“, на Кавказ тие не се реткост. Претседателот на Чеченија, Рамзан Кадиров, предложил браковите на еден маж со повеќе жени да се официјализираат.

Интересно е дека и Владимир Жириновски, лидер на Либерално-демократската партија на Русија, не толку одамна предлагал со закон да се дозволи многуженството. Жириновски лаконски го објаснил тоа: на оној што може да прехрани две и повеќе жени и нивните деца, нека му се овозможи тоа. На тој начин, според Жириновски, би можеле да се решат многу проблеми.


Статијата е прочитана 1410 пати.

Испрати коментар


Најди! во Утрински
Забава
Нема милост за „бегалецот на столетието“
Светска тага за „месечевиот танчар“
„Боеми“ - 20 години музички мераци
Атмосферата во „Св Пантелејмон“ ме повика да направам изложба
Извор на животот и здравјето
Нова раскошна вила во Лос Анџелес
Концерт на Вања Лазарова и „Нав“
Најсекси славеничка во Британија