Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп Саботен магазин
Коментари
24.02.2012, 18:36

Мислења

Добар и лош дефицит

Роберт Скиделски

Монетарната политика ќе треба да направи многу повеќе отколку што тоа беше случај пред 2008 година

„Деф��цитите се секогаш лоши“, се закануваат фискалните тврдокорни струи. Не толку, одговара аналитичарот за стратешки инвестиции Х. Вуд Брок во интересната нова книга, „Американски ќор-сокак“. Правилната проценка, вели Брок, зависи од „составот и квалитетот на вкупните владини трошоци“.

Владините дефицити направени на тековните трошоци за услуги или трансфери се лоши, затоа што тие не генерираат приходи и се придодаваат на државниот долг. Дефицитот што е резултат на капитални расходи, пак, е - или може да биде - добар. Ако мудро се управува, таквите трошоци произведува прилив на приходи што сервисираат и на крајот го отплаќа долгот; и уште поважно, ја зголемува продуктивноста, и со тоа го подобрува долгорочниот потенцијал за раст на земјата.

Од оваа разлика следува важно фискално правило: сегашните владини расходи, нормално треба да бидат доведени во рамнотежа со даноци. Во оваа смисла, напорите денес за намалување на дефицитот во тековните трошоци се оправдани, но само ако тие се целосно заменети со програми за капитални расходи. Всушност, со намалување на тековните трошоци и зголемување на капиталните расходи треба да се спроведат симултано.

Аргументот на Брок е дека, со оглед на состојбата на економијата САД не можат да се вратат на целосно вработување врз основа на тековната политика. Закрепнувањето е премногу слабо, и државата треба годишно да инвестира дополнителни еден билион долари во следните 10 години во транспортот и образованието. Владата треба да формира Национална банка за инфраструктура за да обезбеди финансии со директно задолжување, привлекувајќи средства од приватниот сектор, или мешавина од двете. Разликата меѓу капиталните и тековните трошоци (а тоа значи, меѓу „добрите“ и „лошите“ дефицити) е својствена за едно дамнешно време за секој студент по јавни финансии. Но, ние го забораваме знаењето со толку алармантна брзина што вреди повторно да се нагласи, особено со тврдокорните струи за дефицитот кои се на власт во Велика Британија и Европа, но за среќа (се' уште) не во САД.

Според предлозите договорени на неформалниот состанок на Европскиот совет на 30 јануари, сите земји-членки на ЕУ ќе ги променат своите устави за да постават правило за балансиран буџет што го покрива годишниот структурален дефицит од 0,5% од БДП. Овој максимум може да се зголеми само во длабока депресија или други исклучителни околности, доколку се овозможи контрациклична политика се додека биде постигната согласност дека дополнителниот дефицит е цикличен, а не структурален. Во спротивно, непочитувањата на правилата автоматски ќе предизвикаат парична казна до 0,1% од БДП.

Велика Британија е една од двете земји на ЕУ (заедно со Чешката Република) која одби да го потпише овој „фискален договор“, чиешто прифаќање е потребно за добивање пристап до Европските фондови за помош. Но, британската влада има идентична цел, да го намали тековниот дефицитот од 10% од БДП на речиси нула во рок од пет години.

Аргументот кој обично се слуша при поддршка на таквите политики е дека „оние што внимаваат на обврзници“ нема да бараат ништо помалку. Финансиите на некои европски влади (и на латиноамерикански влади до неодамна) беа толку опасни што оваа реакција е разбирлива.

Но, ова не се однесува на САД и Велика Британија, и двете имаат големи буџетски дефицити. И повеќето земји се придржуваат до релативно цврста фискална дисциплина пред кризата од 2008 година да ги поткопа нејзините банки, да ги намали даночни приходи, и да изнуди зголемување на владиниот долг.

Во исто време, не треба да го припишуваме сегашниот ентузијазам за намалување на фискалното органичување на такви евентуалности. Тоа се базира на верувањето дека сите владини трошоци што се над неопходниот минимум се нерентабилни. Европа има свои Ти парти ексцентрици кои ја презираат социјалната држава и сакаат да се укине или радикално да се скрати, и кои се убедени дека сите капитални расходи спонзорирани од државата се „залудни“ - толку многу патишта, мостови и пруги кон никаде, што ги топат нивните пари во корупција и неефикасност.

Оние кои веруваат во ова не се вознеминери од корупцијата и загубата кои ги карактеризираат голем број на трошоци во приватниот сектор. Тие преферираат тотална загуба со што ќе се дозволи милиони луѓе да седат без работа (Брок смета дека 16% од американската работна сила е невработена, недоволно ангажирана, или премногу обесхрабрена да бара работа) отколку евентуални делумни програми што работно ќе ги ангажираат, ќе ги нег��ваат нивните вештини, и ќе ја опремат земјата со актива.

Може да се критикуваат деталите од случајот на Брок: подлабоко разбирање на Кејнс ќе му дадеше поубедлив одговор на приговорот дека ако проекти финансирани од буџетот треба да се прават, тогаш и приватниот сектор треба да ги прави. Наскоро ќе треба да најдеме одговори на овие прашања, бидејќи предкризните фискални правила кои Европејците толку безуспешно се обидуваат да ги зајакнат не одговорија на задачата.

Далеку сме од тоа да изработиме пострецесиска теоријата за макроекономската политика, но некои елементи се јасни. Во иднина, фискалната и монетарната политика мора да соработуваат: ниту една сама по себе не може да ги стабилизира природно нестабилните пазарни економии. Монетарната политика ќе треба да направи многу повеќе отколку што тоа беше случај пред 2008 година да го контролира „ирационалното богатство“ на финансиските пазари. Потребен ни е нов, недвосмислен систем на фискално сметководство што ќе прави разлика меѓу владините трошоци финансирани од даноци и јавните трошоци кои сами се исплаќаат.

Пред се', ние мора да признаеме дека улогата на државата оди подалеку од одржување на надворешната безбедност и внатрешниот ред и закон. Како што Адам Смит напиша во „Богатството на нациите“:

„Третата и последна должност на една власт.... е кревање и одржување на овие јавни институции и тие јавни работи, за кои се смета дека можат да бидат многу корисни за извонредно општество, но сепак, се од таква природа што профитот не може да ги исплати трошоците на кој било поединец или мал број на луѓе; и од кои, според тоа, не може да се очекува дека секој поединец или мал број на луѓе може да се кренат или одржат“.

Главни меѓу овие јавни работи, за Смит, се оние кои „го олеснуваат прометот на која било земја, како што се добрите патишта, мостови, пловни канали, пристаништа, итн“. Друг дел од заборавеното знаење што Смит, исто така, го спомена е важноста на образованието. Тој има право да го стори тоа, но многу од денешните тврдокорни струи во однос на дефицитот, се чини, барем според нивното однесување, го докажуваат спротивното.

(Авторот е член на британскиот Горен дом, професор емеритус по политичка економија на Универзитетот Варвик и пишува за „Проект синдикејт“.

„Утрински весник“ е дел од мрежата на „Проект синдикејт“.)


Статијата е прочитана 528 пати.

Испрати коментар



Карикатура
Тонењето на „Охридско лето“
Еден лидер... далеку одовде
Холивудски манири

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

"""

  


Site Meter


Време
Скопје, -4°C

Ведро

Вторник
Облачно
Макс: 2°C, Мин: -5°C

Среда
Обилни врнежи
Макс: 8°C, Мин: -3°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |