27.02.2012, 17:24 Мое ќоше
Како да се голтне жаба
Ерол Ризаов
Кој што проголта на патот за Европа
Секогаш кога државите кои сакаат да влезат во НАТО и во ЕУ ќе прерипнат една висока препрека, ми текнува на една мисла на Зоран Дограмаџиев, еден од ретките македонски новинари кој направи успешна меѓународна кариера. Дограмаџиев пред повеќе години напиша во „Утрински“ дека на трнливиот пат за Европа сите кандидати мора да голтнат по една жаба. Со јасна алузија дека тоа е многу полесно кога е во прашање мало жапче, а многу потешко кога ќе порасне. Колку побрзо, толку полесно, напиша тогаш до бесвест едноставно, а филигрански прецизно Зоран Дрвце. Деновиве на тоа патување тур де Еуроп по една голема жаба-крекачка одвај голтнаа Србија и Косово кога потпишаа договор како ќе се претставува во регионот поранешната покраина на Србија, Косово и Метохија, а по прогласувањето независност - Република Косово. Кога беше жапчето мало, или полноглавец, ќе беше помалку непријатно да се голтне, сега кога стана големо жабиште, само што не се задушија и Србите и Албанците, а повеќе или помалку им стана мачно на сите во околината.
Србија и Косово ја прерипнаа првата голема пречка. Потпишаа меѓу себе историски договор како самостојни независни држави. Потоа, двете страни прогласија без малку победа, смирувајќи ја сопствената јавност дека тоа е добро за Србија, односно за Косово. Меѓународната заедница, големите сили и соседите веднаш испратија честитки и охрабрувања, а радикалите и патриотите од двете земји го нарекоа ова предавство, капитулација и повикаа на востание. Од Германија и од Франција експресно стаса веста дека од утре Србија ќе биде кандидатка за ЕУ без нови ограничувања за почнување на преговорите, а Клинтонка од Вашингтон кажа дека и Косово е поблиску до ЕУ. Црна Гора ги почнува преговорите во јули, најверојатно, заедно со Србија.
Борислав Стефановиќ, шеф на српскиот преговарачки тим на дијалогот со Приштина, изјави дека со овој договор не е призната независноста на Косово. Тој вели дека Косово со ѕвездичка во фуснота е јасна назнака дека ова е за употреба само во регионот и само во два документа, а не е признав��ње независност. Едита Тахири, шефицата на косовскиот тим, мошне сугестивно објасни пред својата јавност дека ѕвездичката ќе се истопи како снегулка додека помине зимата. Така и ние мислевме дека ѕвездичката што ни ја ставија врз БЈРМ како фуснота само за употреба во рамките на Обединетите нации брзо ќе се истопи, ама еве ја остана речиси 20 години, иако во меѓувреме не' признаа 130 држави со уставното име.
Како и да е, Србија полека се ослободува од заробеништвото на веќе одамна изгубената територија и го почнува процесот за подготовка на амбиент и поволна клима, конечно, да се совлада реалноста дека некогаш светата српска земја е нова држава Република Косово. Албанците, пак, се соочија со вистината дека од независност до меѓународно признавање е долг патот и дека тој не може да се совлада без дијалог со Србија. Допрва Косово ќе мора да плати дел од цената за прогласувањето самостојност. Србија ќе ја испорача целата фактура откако ќе стане членка на НАТО и на ЕУ и кога за косовските евроинтеграции ќе треба да даде согласност.
Словенија навреме како и секогаш прва голтна мало жапче со италиј��нските имоти на Истра.
Хрватска голтна голема крастава жаба отстапувајќи и' на Словенија дел од морето во Пиранскиот Залив.
И Бугарија мачно проголта, ама затвори нуклеарна централа, една од своите најголеми инвестиции.
Романија ја наведна главата и направи сериозни отстапки за унгарското малцинство, што не би ги направила никогаш.
Црна Гора помина најлесно.
И така со ред дојдовме до Македонија и до Грција. Нашата жаба стана троглав змеј што ќе не' голтне сите. Аждерот е надвор од контрола. Блуе оган и нема јунак што може да го скроти. Напротив, оној што ќе го нахрани со тазе предавници и ќе го јавне станува вистински патриот. Се' така до оној ден кога ќе нема повеќе со што да се храни змејот. Од тој ден ќе почне да ги јаде своите јавачи. Така завршуваат оние што сакаат да одгледуваат и да јаваат змеј. |
|
Статијата е прочитана 3114 пати.
|
Испрати коментар
|
|
Zaba, 27.02.2012 22:12:17 | Moshne slikovito i humoristichno, iako rabotata i ne e bash za humor. Vo sekoj sluchaj, sekoj da razbere i svati. Aj da vidime shto ce kazat patriotite, mada nivnata agenda e poznata. |
| Orta ...., 28.02.2012 01:55:18 | Erole ,kupuvam Utrinski ,poradi vas.Udostejte gi vasite verni citateli,so predlog ,kako, vie bi go resile
sporot so Grcija, okolu imeto??Se nadevam deka nema da se ogradite ,i ke dadete pristoen predlog!
Pozdrav! |
| P.Petar, 28.02.2012 06:05:28 | Goltnuvanjeto na zabata ne e nisto vo sporedba so prdhodnata pripremna metoda koja se vika TERAPIJA NA SISTEMATSKO IZVITKUVANJE NA KICMATA!! |
| pameten, 28.02.2012 06:55:55 | Za drugite drzhavi zhabchinjata bea realni. Makedonija svoeto sama si go izmisli! Kje go nemashe problemot so imeto, ako imashe spremnost istorijata da se prifati takva kakva shto bila. Ako Makedonskito stav od pochetokot na sporot beshe: Nemame vrska so Antichka Makedonija, no ovie prostori (i bliskoto sosedstvo) barem od 19 vek se narekuvat (po golema pauza) Makedonija. Site etnikumi vo zemjava se narekuvale MakedonCI, MakedonOS, MakedonLAR i.t.n. no po tragichni sostojbi mnozinskoto naselenie, koe shto bilo Bugarsko evoluiralo poseben Makedonski identitet... Da beshe ovo oficialniot stav, svetskiot pritisok kje bideshe ...Grcija da popushti. A i taa samata milslam nemashe da go postavi problemot ako nemashe pochetok na antokvizacijata - izbor na dzvezdata od Kutlesh (Virkina), koja shto nikoj ne ja videl do 1976 za nacionalno zname, govor za kongres na VMRO vo Solun i t.n. |
| Македонец патриот, 28.02.2012 07:50:06 | Тоа што е за Ерол и неки „македончиња“ е жаба, за мене е поголемо и од најголемиот кит. Тоа не може да се проголта. |
| од позади Карпатите, 28.02.2012 07:56:02 | Ние ја голтнавме жабата уште во 1995 година кога ја потпишавме Привремената спогодба со Грција и кога таа се обврза да не ги спречува нашите интеграции во меѓународните организации под привремената референца. Зошто Европа не го почитува ова? |
| Marioec od Azija, 28.02.2012 08:02:09 | Erole kolku zabi treba da progolta Makedonija?Edna Zaba i to onie sto gi vikaat Krekaci ja goltna so prifacanjeto na vremenata spogodba,taka sto stalno se zadavuva od istata i nemozit nikako da ja svarit.Jas mislam sega e na red Grcija da goltne isto edna takva pa posle moze da govorime za ponataka.Zaba ne postojat Patrioti i dr nego,nekoi ja cuvstvuvaat Makedonija kako Drzava,i se svesni za postoenjeto na istata i drugite sto nemaat cuvstvo za istata i ne se svesni sto pretstavuva Drzava,za niv nepostoi nisto sveto samo tie se nad se pa i nad Drzavata. |
| perica, 28.02.2012 08:35:39 | Goltni zapce ,fati krapce. |
| seirdzija, 28.02.2012 09:18:28 | Hranejki ja zabata,pogotovo vo poslednite 5 godini nie sami ja pretvorivme vo zmej,koj preti ne samo da gi goltne javacite,ama i site nas zaedno.Stanavme drzava koja se zadolzuva i koja gi reketira sopstvenite ludje koi se zanimavaat so nekoj biznis.Gledajki fingirana borba protiv kriminal ,narodot mislejki deka vlasta pravi dobro ja glasa i sam si ja sece grankata na koja sedi.Uspeh nemoze da bide izgradba na spomenici i drugi objekti koi nemozat vo idnina da sozdavaat zgolemena vrednost tuku naprotiv!Parite se trosat,stopanstvoto osiromasuva,a dolgovite ostanuvaat i ke rastat!!!Se nadevam deka nie nema da ja platime istata cena na gluposta kako Srbija,oti ednostavno taa bi bila previsoka za ionaka osiromaseniot narod i stopanstvo.P.S. Nazdravje nova cena na gorivata... |
| Верда Куртул, 28.02.2012 09:33:41 | Ероле, зошто велиш дека нема јунак да се најде, од змејот да не куртули? Па се знае кој може змеј да победи. Св. Ѓорѓија, и никој друг. Само што нашиов Ѓоре нигде го нема. Ако знаеш каде е , кажи, да го побараме, оти само тој може од аждерот да не куртули!
Еве ти цитат од една стара Македонска народна песна:
„Каде си Ѓорѓи сега да дојдиш
од душманите да не куртулиш“
И да не ја раскажувам целата песна, која вака завршува:
„Бог да ги бие шпијуните, Параловци,
Ѓорѓија што ми го предадоа“
Песната се вика „Заплакало е Мариово“,
а во современата верзија ќе ја прекрстиме во „Заплакала е Македонија“ |
| Gavgamela, 28.02.2012 09:58:01 | Erole ! nie ne sme drzava po navedenite tvoi klisea. Nie sme neoanticki Makedonci i nasite sonista se odavde pa se do Vavilon i Gavgamela.Nie sme cvrsta falanga.Ako ne veruvas prosetaj okolu plostadot makedonija i pomini pod Triumfalnata kapidjik porta.Ako i toa ne te uveri procitaj vo londonski Ekonomist koj sme nie , a moze i vo Vasington post i se ce ti stane jasno. |
| До Македонец патриот, 28.02.2012 10:31:34 | Госп. анонимен јунак и патриот. Не е жаба, жаба беше кога беше мала, сега е троглав змеј. Така пишува авторот. Не можеме да го голтнеме, тој ке не голтне нас.
Јас разбрав, ама ти галиба не си разбрал оти зборуваш за китови. Китовите имаат тесно ждрело не можат да голтнат ни мало рипче. А, ако мислиш ние да голтнеме кит, тогаш сио во право не можеме , кога беше мало рипче можеби и можеше сега кога нарасна како брод тоа не може да го голтне никој. Затоа биди спокпоен уште долго ке си останеме каде што сме. Китот уште ке расте. Ако змејот не не изеде сите. Блазе си ни на идните генерации. |
| За стандардното прашање: Како вие би го решиле спорот?, 28.02.2012 10:34:17 | Спорот се решава со преговори. Не постои готово решение. Овде не се работи за математичка задача за која се бара еднозначно решение. Да постои такво, не би биле потребни преговори. Единствено што е потребно е сериозна желба за изнаоѓање на решение (кај сегашната влада не се гледа таква желба), компетентни преговарачи (сегашната влада има некомпететни партиски послушници) и храброст да се донесат непопуларни политички одлуки (за сегашната влада најважно е да има добар рејтинг). |
| Mudrec, 28.02.2012 11:00:26 | Dosta so vakvi svitkaj rbet tekstovi ! Nevkusno e Erol da ne tera da prifatime smenet identitet koga toj samiot ne e Makedonec. Nitu zhabi nitu zmejovi se del od Makedonskata kujna i nema zosto da goltame nesto sto ne ni odgovara. Veke goltnavme eden otrov vo 1995 i seuste ne boli. A otrov ne se lechi so nov otrov. |
| Rezzilov, 28.02.2012 11:12:11 | Повторно јавно го прашувам авторот (Е.Р.) зошто инсистира на промена на името Република Македонија.Зошто јужниве бараат промена на нашето име? |
| Mira, 28.02.2012 12:06:01 | BRAVO!! |
| Јаже, 28.02.2012 12:33:36 | Орта,Ерол не е власт да понуди предлог.Побарај го предлогот во владата. |
| ohrid.mk, 28.02.2012 12:38:40 | Obicno ne gi komentiram tekstovite na Erol i Mirka,tie si se profesionalci i posteno si go zarabotuvaat lebot.Nepristojno bi bilo koga bi gi falel ili napagal.Rabotata e...kolku od niv crpi vlasta....toa e taa javnost....a vladetelot????? |
| pero negotino, 28.02.2012 13:26:22 | Најдобро решение е да направиме конфедерација со Швајцарија.Па тие не се будали да се качуваат на бродот што тоне тој не може нив да ги издржи па уште ние сме таму кусо.ПС.ШТО ЌЕ БАРАМЕ НА ТИТАНИК. |
| BitolaHamiltonCanada, 28.02.2012 14:00:49 | VMRO-ANTICKA-BAROKNA i nivniot omilen MEGALO NIKOS-ANTICKI-BAROKNI nema da reshat nishto.Nitu mozat,nitu sakaat.Stvorija zhaba i ja pompaat so anticki steroidi.Malce im beshe antikata,sega se nafrlija na barokot.Pompaat ili pompaat so barokni steroidi.Neka pompaat,eden den ke ja prepompaat i nivnata balon zhaba ke pukni. |
| sime, 28.02.2012 14:58:24 | Nazalost ziveeme vo svet kade treba da se goltat zabi ne samo od tugjite tuku i od svoite. |
| nacional-patriot, 28.02.2012 17:12:57 | Ne evoluiralo naselenieto vo Makedonija,tuku vo takanarecenata Bugarija vo pcetokot na 19 vek so pomos na Rusija.Vo takanarecenata Bugarija pred 19 vek slovenskoto naselenie tamu nemalo takanarecen bugarski identitet.Na pocetokot na 19 vek Rusite im dadoa na niv jazik i identitet takanareceni bugarski.Toa ime Bugari za nivniot identitet e uvezeno od Azija i go donesle turko mongolskiot narod Bugar koga se doseluval na teritorijata na denesna takanarecena Bugarija.Toa ime Bugar e od azisko poteklo,potocno od sredna Azija i prirodno im pripagjase na toj srednovekoven narod so poteklo od Azija.Zatoa toa ime Bugar ne pripagja ni na Tatarite,ni na Slavjanite koi ziveat vo takanarecenata Bugarija.Makedoncite so vekovi si go nosat imeto Makedonija i imeto Makedonci i nikoj ne im go uvezol i nikoj ne im go dal i ne bile nisto drugo porano.Ti Erol nabroja nekolku drzavi sto napravile nekoi otstapki.No nikoja drzava i nikoj narod ne smenil ime i identitet za da vleze vo NATO i EU. |
| До Паметен, 29.02.2012 00:44:30 | Mnozinskoto naselenie bilo makedonsko, ne bugarsko. Tvojot komentar e klasicno tovenje na nasata zaba a ti prva nejzina zrtva kje i bides. I ic nema gajle za tebe da mi bide... Ama mnogu normalni lugje zaradi vakvi zabji dreseri kje go krkaat... |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 5°C
Претежно облачно
|
Среда
Обилни врнежи
Макс: 7°C, Мин: -3°C
|
Четврток
Делумно облачно
Макс: 7°C, Мин: -3°C
|
|
|
|
|
|