Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Спорт
29.02.2012, 14:05

ВБЦ го суспендираше Чисора на неодредено време



Откако доби парична казна од 100 илјади долари од Германската боксерска федерација, Британецот е суспендиран од Светскиот боксерски совет за своето недолично однесување.

Британскиот боксер Дерек Чисора заработи суспензија на неопределено време за идиотското однесување во Минхен пред и по борбата за шампионската титула против Украинецот Витали Кличко.

Откако парично беше казнет со 100 илјади долари од Германската боксерска федерација, Чисора е суспендиран од Светскиот боксерски совет (ВБЦ) за своето недолично однесување. Оценето како „најлошото однесување воопшто на еден професионален боксер“, тој му удри шлаканица на својот противник Кличко на официјалното мерење пред борбата, со вода го плукна неговиот брат Владимир непосредно пред мечот кој го загуби, а на пресот по мечот влезе во физички дуел со неговиот сонародник и поранешен шампион Дејвид Хеј.

„Ние како институција сме тука да реагираме кога некој боксер со своето однесување во или надвор од рингот ќе му наштети на имиџот на нашиот спорт. Нема да дозволиме Дерек Чисора да остава дамки на овој спорт што функционира беспрекорно долги години наназад, неговото однесување е срамно и недостоинствено. Затоа, решивме да го избришеме името на Дерек Чисора од ВБЦ-рангкингот, да го суспендираме овој боксер на неодредено време“, се вели во соопштението на Светскиот Боксерски Совет.

28-годишниот Чисора има закажано сослушување на 14 март пред Британскиот боксерски борд, каде се очекува да добие дополнителна долгогодишна казна, која многу веројатно би значела и крај на неговата кариера.





Статијата е прочитана 498 пати.

Испрати коментар



Де Геа мора повеќе да јаде за да брани во Премиер-лигата
Мајами и Оклахома продолжуваат да „газат“
Барикело ќе се обиде во Индикар
Антиќ против Мекејлеб во Фајнал ејт на Евролигата
ПСЖ нуди неверојатни 80 милиони евра за Чави!
Кире Лазаров до 2014 во Атлетико Мадрид
Наноси од снег целосно го блокираа патот Тетово - Попова шапка
Чикаго го напаѓа првото место на Мајами
Пандев - Време е и ние играчите да се погледнеме во очи
МЗТ Скопје убедлив против вечниот ривал Работнички
Миркуловски донесе победа со гол во последниот напад
Срамен пораз од аматерите на Луксембург
Половина репрезентација во четвртфиналето на Еврокупот
Мурињо бара куќа во Лондон, се враќа во Премиер лигата?
Шампионот Далас без решение за Брук Лопез
Македонија фаворит во мечот со Луксембург

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

  


Site Meter


Време
Скопје, 0°C

Ведро

Петок
Ведро
Макс: 8°C, Мин: 0°C

Сабота
Сончево
Макс: 11°C, Мин: -2°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |