01.03.2012, 11:56 Клуни: Не ми пречи што се зборува дека сум геј
Холивудскиот заводник Џорџ Клуни до сега бил со многу жени, но и понатаму не стивнуваат спекулациите за неговата наводна хомосексуална ориентација
Сепак, ваквите гласишта, воопшто не му пречат на актерот. „Мојот приватен живот е моја работа и многу сум среќен поради тоа. Нема никаква врска ако некој мисли дека сум геј, зашто тоа не може никому да наштети. Луѓето веројатно зборуваат ќе дека сум бил геј и откако ќе умрам, но кому му е грижа за тоа“- изјавил актерот за магазинот „Адвокат“.
Тој истакнал дека никогаш не бил остар по прашањето на споменатите гласишта, зашто ги почитува припадниците на ЛБГТ-заедницата. „Не сакам да скокам и да изјавувам дека тоа се лаги, зашто тоа не би било фер кон моите добри пријатели од геј- заедницата. Не сакам никој да помисли дека хомосексуализмот е лоша работа“- рекол Клуни.
Ѕвездата, кој е во врска со бившата борачка Стејси Киблер, активно го поддржува бракот меѓу личности од ист пол. Тој, на 3. март ќе учествува во читањето на драмскиот текст „8“, на авторот Ленс Блек, во кој сценаристот изразува незадоволство по повод Пропозицијата 8, со која се забрануваат истополни бракови.
„Сметам дека е важно повторно да се стави таа пропозиција во центарот на вниманието, за во блиска иднина да можеме да се осврнеме на неа и да се насмееме поради фактот дека некогаш воопшто претставувала проблем“- рекол Клуни.
На прашањето дали би сакал да толкува хомосексуалец на големото платно, тој одговорил: „Секако дека не избегнувам, само до сега се' уште не сум наишол на сценариот што ми се допаѓа.“
|