02.03.2012, 13:50 Градоначалникот против руска црква во Париз
За Бернер Делано, тое е „папазјанија од архитектура“ која не заслужува да биде крената во близина на Ајфеловата кула
Градоначалникот на Париз, Бернер Делано ја опиша руската православна црква што треба да се изгради покрај брегот на реката Сена како пример за „папазјанија од архитектура“ која не заслужува да биде крената во близина на Ајфеловата кула. Делано изјави дека проектот – блескава бела црква со пет традиционални златни кубиња покриени со брановиден стаклен покрив што се поврзува со соседниот руски духовен и културен центар – е „просечна архитектура смислена во брзање“.
Проектот, чијшто дизајн беше избран на меѓународен архитектонски натпревар, во 2010 година беше одобрен од претседателот Никола Саркози и неговиот руски колега Дмитриј Медведев.
На почетокот од годинава Русија поднесе документи за иградба на црква и кулутрен центар на локацијата на поранешното седиште на Француската метеоролошка служба. Целиот комплекс ќе се протега на околу 4.000 км2 и ќе вклучува библиотека, теолошко училиште и собиралиште за припадниците на руската заедница.
Проектот е замисла на руски и француски архитекти предводени од шпанскиот уметник Мануел Нуцез Јановски. Меѓутоа, идејата за негово создавање му припаѓа на покојниот руски партијарх, Алексеј Втори кој во 2007 година му ја предложи идејата на францускиот претседател Никола Саркози.
Со своите 165 милиони членови, Руската православна црква е втора најголема црква во христијанството веднаш зад Римокатоличката црква која брои 1,3 милијарди членови. Таа игра неверојатно активна улога дома и во странство од крајот на советскиот комунизам во 1991 година.
|